Мехмет Шимшек (роден на во Батман) е турски политичар и актуелен министер за финансии на земјата.
Шимшек потекнува од семејство на неписмени родители, со девет деца кои живееле во една куќа без вода и струја. Електричната енергија во селото дошла во времето на Тургут Озал. Бидејќи потекнува од курдска област, тој турскиот јазик го научил да го зборува по шестгодишната возраст. Тој дипломирал на Анкарскиот универзитет во 1988 година.
Тој бил избран за пратеник во 2007 година. Од август 2007 до 2009 година бил министер за економски прашања, а по реконструкцијата на кабинетот на Реџеп Таип Ердоган, тој бил назначен за министер за финансии од Партијата на правдата и развојот.
Шимшек е оженет и зборува англиски. Тој има турско и британско државјанствоEuropean Stability Initiative bio (English).
Наводи
Категорија:Живи луѓе Категорија:Турски министри Категорија:Турски политичари Категорија:Министри за финансии на Турција Категорија:Курди