Гама Микроскоп (Gamma Microscopii, Gamma Mic, γ Microscopii, γ Mic) е најсјајната ѕвезда во соѕвездието Микроскоп. Ова е џиновска ѕвезда од тип G со привидна величина од приближно 4,677 и е оддалечена околу 220 светлосни години од Сонцето. Со екстраполација на минатите движења на Гама Микроскоп е утврдено дека пред околу 3,8 милиони години, ѕвездата била само 6 светлосни години од Сонцето. Тогаш имала привидна величина од −3 и била посјајна од Сириус денес.

Визуелен придружник

Гама Микроскопи има свој визуелен придружник, CCDM J21013-3215B, оддалечен околу 26 лачни секунди, со привидна величина од околу 13,7. Се смета дека оваа ѕвезда не е физички сврзана со Гама Микроскоп, туку деке е само нејзин оптички придружник.

Наводи

Категорија:Жолти џинови Категорија:Микроскоп (соѕвездие) Категорија:Двојни ѕвезди Категорија:Двоѕвезди Категорија:HD-објекти Категорија:HR-објекти Категорија:HIP-објекти Категорија:Бајерови објекти Категорија:Тела од Бонскиот преглед Категорија:Ѕвезди на хоризонталната гранка