мини|десно|Градот Горица и црквата „Воскресение Христово“

Горица или Корча () — еден од 36-те поранешни окрузи во Албанија. Според пресметувањатоа, од 1 јануари 2010 г. на неговата територија живееле околу 138.898 луѓе. Во текот на Втората светска војна Французите ја направиле Република Горица. Во округот живее значително македонско малцинство.

Географија Округот Горица зафаќа површина од 1.752 км2, што го прави овој округ втор по големина во Албанија. Округот лежи во југоисточниот дел од земјата. Главен град е Горица. Округот на север се граничи со Македонија и округот Подгарец, со Грција се граничи на исток, на југозапад се граничи со округот Девол, на северозапад се граничи со окрузите Колоња и Премет, а на запад се граничи со окрузите Грамш и Скрапар

Населени места Дреново Гора Горица (Корча) Лејка Либовник Пустец Малик Моглица Дворани (Молај) Пирк Полјани Булгарец Високуќи Воскоп Москополе Врешта 

Наводи

Категорија:Окрузи во Албанија