Цутина — археолошко наоѓалиште во дебарското село Мал Папрадник. Претставува населба и некропола од средниот век. Се наоѓа на растојание од околу 2 км југозападно од селото, на десниот брег на Вапавска Река, каде се среќаваат грамади од градежен материјал: кршен камен, покривни ќерамиди, тули и др. Околу грамадите има покривни плочи од гробни конструкции со насоченост исток-запад.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Баја Дол — гроб од римско време; Бутина — средновековна црква и некропола; Калуѓерица — средновековна црква и некропола; Купчеи Дрва — средновековна црква и некропола; Јамбол — црква од доцниот среден век; Рамниште — средновековна некропола; Мал Папрадник; Список на археолошки наоѓалишта во Дебарско;
Наводи
Категорија:Мал Папрадник