КК Куманово 2009 ― поранешен кошаркарски клуб од Куманово. Клубот бил трикратен вицепрвак во Првата македонска кошаркарска лига и бил еднаш вицепрвак во Купот на Македонија. Негов духовен наследник е МКК Куманово.

Историја Клубот бил формиран во 1946 година. Таа година, Куманово требал да се натпреварува во првата сезона на Првенството на Македонија чиј првак требал да го даде патникот во втората сезона на елитната Југословенската лига. Но во последен момент, со непознати причини, учеството го откажало екипата на Куманово.

Клубот своите најголеми успеси ги доживеал во сезоната 1979/80, кога ја освоил титулата шампион на СР Македонија и така добил право на настап во Првата југословенска лига. Но, поради немање соодветна сала, клубот го изгубил правото на учество во лигата. Поради тоа, во 1980 година се изградила новата Спортска сала со капацитет од 4,150 гледачи, која била изградена како подарок на градот од фирмата „ИСКРА“-КУМАНОВО. Претходно, до 1980 година, клубот играл во салата „Соколана“, изградена во 1931 година. Настапи во македонската кошаркарска лига Во Првата македонска кошаркарска лига, КК Куманово го постигнал најголемиот успех во сезоната во сезоната 2001-2002, кога бил вице-шампион. Сепак, веќе во 2003 година, поради финансиски причини, клубот се распаднал, но во 2009 година повторно бил обновен. Исто така, голем успех на КК Куманово било учеството во финалето на Купот на Македонија 2013.

Во февруари 2015 година, „Куманово“ учествувал на завршниот турнир на Купот на Македонија, каде загубил од Работнички.Сашко Ѓ. Димовски, „Отпишаните „старци“ го возвратија ударот“, Утрински весник, година XVI, број 4718, вторник, 24 февруари 2015, стр. 19. Исто така, клубот играл во финалето на првенството на Македонија, каде во финалето претрпил три порази од МЗТ Аеродром и така станал вицепрвак во Првенството.МЗТ е старо-нов шампион: Аеродром слави четврта титула! ekipa.mk 2 јуни 2015„Јане Сандански“ дочека да слави: МЗТ со „метла“ удри печат на четвртата титула по ред! sportmedia.mk 2 јуни 2015Македонска кошаркарска федерација - официјално мрежно место (пристапено на 6.6.2015)

Меѓународни настапи БИБЛ лига Во сезоната 2014/2015, КК Куманово се натпреварувал во групата „Б“ од регионалната лига „БИБЛ“. Во првото коло, Куманово бил поразен во Пеќ од истоимениот тим со 88-89.„Куманово поразено во Пеќ, под сенката на Голема Албанија“, Дневник, година XVIII, број 5594, петок, 17 октомври 2014, стр. 25. Во третото коло, КК Куманово ја остварил првата победа, кога на домашен терен го совладал црногорскиот клуб Сутјеска со 97-87. Најдобри стрелци за домашниот тим биле Вукашин Мандиќ, со 29 бода и Александар Костоски, со 16 бода.„Михајловски добро диригира со Куманово“, Дневник, година XVIII, број 5605, понеделник, 31 октомври 2014, стр. 22. Потоа, на домашен терен, Куманово го совладал тимот на „Рилски спортист“ со 89-82 (24-20, 22-14, 23-31, 20-17), а најефикаен во тимот биле Александар Костоски, со 29 бода и Саша Аврамовиќ, со 24 бода.„Куманово предводен од Костоски му го нанесе првиот пораз на Рилски“, Дневник, број 5629, година XVIII, петок, 28 ноември 2014, стр. 26. На гостувањето во Тиват, КК Куманово ја победил екипата на Теодо со 74-70, а најдобар кошаркар бил Александар Костоски, со 24 бода, 8 скока и 5 асистенции.„Кожув и Куманово сигурни во БИБЛ“, Дневник, година XVIII, број 5617, петок, 14 ноември 2014, стр. 25. Во следното коло, на домашен терен, тимот на КК „Куманово“ претрпел неочекуван пораз од Пеќ со 83-93. Најефикасни во тимот на Куманово биле Вукашин Мандиќ, со 23 бода и Урош Луковиќ, со 20 бода и 10 скока.„Кожув славеше во Бар, Пеќ се радуваше во Куманово“, Дневник, година XVIII, број 5640, петок, 12 декември 2014, стр. 26. Во седмото коло, на домашен терен, КК Куманово загубил од Теодо од Тиват со 76-93, по што тренерот Игор Михајловски си дал неотповиклива оставка.„Тежок пораз за Куманово, Михајловки си даде оставка“, Дневник, година XIX, број 5673, петок, 23 јануари 2015, стр. 24. Во последното коло од првата фаза на лигата, на гостински терен, КК Куманово ја победил екипата на Рилски Спортист со 95-90, со што се пласирал во втората фаза од лигата.„Кожув и Куманово во втората фаза од БИБЛ-лигата“, Дневник, година XIX, број 5679, петок, 30 јануари 2015, стр. 22.

Во втората фаза, КК Куманово настапувал во групата Ц, заедно со екипите на Пеќ, ЦСМ У Крајова и Морнар. Во првото коло, на домашен терен, тимот на Куманово остварил победа против Крајова со 81-79, со кошот на Синиша Аврамовски, постигнат на седум секунди пред крајот. Најефикасен стрелец во тимот на домаќините бил Александар Костовски со 19 бода.„И Куманово тргна победнички во БИБЛ“, Дневник, година XIX, број 5685, петок, 6 февруари 2015, стр. 23. Во третото коло, на свој терен, тимот на Куманово го победил Морнар од Бар со 92-84, со што го обезбедил пласманот во следната фаза од лигата. Најефикасин играчи на средбата биле Урош Луковиќ, со постигнати 26 бода, 11 скока, четири асистенции, две украдени топки и три блокади, како и Саша Аврамовиќ, со 20 бода, четири скока и пет асистенции.„Кумановци го потопија Морнар“, Утрински весник, година XVI, број 4715, петок, 20 февруари 2015, стр. 22.„Кумановци му зедоа мерка на Морнар во БИБЛ-лигата“, Дневник, година XIX, број 5697, петок, 20 февруари 2015, стр. 20. Куманово ја забележал и четвртата победа во втората фаза, овојпат на гостувањето во Крајова, каде славел со 75-74 (43-34). Најдобри на средбата биле Костовски со 23 бода и Вукашин Мандиќ со 17 бода и осума скока.„Кумановци поприсебни во драмата во Крајова“, Утрински весник, година XVI, број 4720, четврток, 26 февруари 2015, стр. 19. По втората фаза, тимот на Куманово се пласирал во четврт-финалето, каде загубил од Рилски Спортист.„Кожув во полуфиналето од БИБЛ-лигата ќе игра со Сигал“, Дневник, година XIX, број 5727, петок, 27 март 2015, стр. 27.

Моментален состав број име висина см позиција години државјанство пристигналво (година) претходен клуб10Горјан Марковски196 Бек /Крилен центар 282019 Фени Индустри Ненад Стојановски197Крилен центар242021 Марио Стефановски 172020 23Ѓорѓи Георгиевски190Бек222020 Куманово 20098Дамјан Робев 193Бек /Крилен центар24 2020 Вардар18Иван Волкановски209Центар21 2020 МЗТ Уни Банка (II)14Милош Јовановиќ192Бек172020 Mладински состав28Стеван Глигоријевиќ205Крилен центар24 2020 Работнички Никола Јосимовски 172020 Ненад Стефановски 182020 Урош Миљановски 182020 Лука Димитриевски 162020 13Јован Црниќ195Бек26 2020 Андрезие 17Кори Рос191Бек29 2020 Црн Дрим12Александар Андрејевиќ (к.)207Центар302020 Леотар 9Отис Ливингстон180Разигрувач242021 Хорсенс 16Бранислав Ѓекиќ208Крилен центар/ Центар29 2021 Спарс Извор:Кошаркарска федерација на Македонија eurobasket.com

Поврзано Прва македонска кошаркарска лига Втора македонска кошаркарска лига Куп на Македонија Суперкуп на Македонија Македонска кошаркарска федерација Спорт во Куманово Кошарка во Македонија

Наводи

Категорија:Македонски кошаркарски клубови Категорија:Прва македонска кошаркарска лига Категорија:Спортот во Куманово