Свети Спас или Вознесение Христово — македонски православен храм во населбата Маџари, во крајниот североисточен дел на градот Скопје. Храмот се наоѓа од десната страна на главната улица во населбата - „Благоја Стефковски“. Тој е соборен храм за верниците од населбите Маџари, Хиподром, Триангла и Ченто. Фрескописот на храмот е дело на зографите: Кирил Златанов и Лазар Лечиќ. Наводи
Галерија
Категорија:Маџари Категорија:Цркви во Скопје Маџари