Минатото неопределено свршено време (МНСВ) или перфект од свршени глаголи е сложена глаголска форма во македонскиот јазик со која се искажува прекажано дејство и дејство кое се кажува директно. Во лингвистиката ова време се нарекува перфект, поконкретно во македонистиката перфект од свршени глаголи. Минатото неопределено свршено време функционира слично како англискиот сегашен перфект т.е. present perfect simple. Карактеристично за ова време е образувањето со глаголска л-форма од глаголот кој се менува.
Карактеристично за македонскиот јазик е тоа што перфектот од свршени и несвршени глаголи развил две паралелни форми Едната форма, која е застапена во сите македонски говори, се прави со помошниот глагол „сум“ и глаголската л-форма и често овој перфект се нарекува „сум-перфект“ Втората форма се образува со помошниот глагол „има“ и глаголска придавка, и овој перфект често се нарекува „има-перфект“ Има-перфектот е почесто застапен во западните македонски говори и двете форми имаат скоро иста функција во реченицата и времето
Образување
Минатото неопределени свршено време се образува со сегашното време на помошниот глагол сум и глаголската л-форма на менуваниот глагол. Глаголот кој се менува во ова време е секогаш од свршен вид, по кој е и добиено името перфект. Важно е да се напомене дека за трето лице еднина и множина нема форма на помошниот глагол сум. Помошниот глагол сум во ова време се користи поради тоа што глаголската л-форма е нелична т.е. нема лице. Како и кај останатите определени времиња, така и кај ова време несвршените л-форми од свршените глаголи немаат самостојна употреба, како на пример глаголите паднал, станал, туку тие се комбинираат со честичките ако, да, ќе и слично.
Деклинацијата на глаголите од трите основни раздели за сум-перфект изгледа вака:
а - разделпрочита и - разделизноси е - разделиспееЈассум прочиталсум износил сум испеалТиси прочитал си износил си испеалТојТааТоапрочиталпрочиталапрочиталоизносилизносилаизносилоиспеалиспеалаиспеалоНиесме прочиталесме износиле сме испеалеВиесте прочитале сте износиле сте испеалеТиепрочитале износилеиспеале
Деклинацијата на глаголите од трите основни раздели за има-перфект изгледа вака:
а - разделпрочита и - разделизноси е - разделиспееЈасимам прочитаноимам износено имам испеаноТиимаш прочитано имаш износено имаш испеаноТојТааТоаима прочитаноима износено има испееноНиеимаме прочитаноимаме износено имаме испеаноВиеимате прочитаноимате износено имате испеаноТиеимаат прочитаноимаат износено имаат испеано
Употреба
Минатото неопределено свршено време се користи за изразување минато дејство без да се укаже или да се определи конкретниот момент на одвивање на дејството. Поради тоа времето се нарекува „неопределено“. Формите на ова време се употребуваат за прекажување или за директно кажување на дејството. Под директно кажување се мисли на наши мисли или искуства, додека под прекажување се мисли на прераскажување туѓи мисли или настани.
Примери за основното значење на времето се следните реченици: Никогаш не сум бил во Лондон. - директно кажување Тој ми рече дека никогаш не сте јаделе пица. - прераскажување
Покрај оваа основна употреба, времето се користи за искажување и на:
констатација - пр. Многу си пораснала. заповед - пр. Немој да си излегол надвор ако не ја средиш собата! идност - пр. Сакаш да се прошетаме додека не се расипало времето? севременост - пр. Се стркалало поклопчето, си го нашло грнчето. претпоставка - Сигурно веќе го испил млекото.
Користена литература
Поврзано
Минато неопределено несвршено време во македонскиот јазик Граматика на македонскиот јазик Глаголи во македонскиот јазик Македонски јазик
Надворешни врски Македонска граматика од Виктор Фридман. Граматика на македонскиот литературен јазик од Хорас Лант. Македонска граматика од Круме Кепески.
Категорија:Глаголски времиња во македонскиот јазик