Bibcode — назнака во употреба кај разни астрономски податочни системи за укажување на наводи од стручна литература. Предвиден е за употреба во SIMBAD и NED, но сега се користи пошироко, како во Системот на астрофизички податоци на НАСА (ADS)Обичајни правила за кодирање на библиографските наводи во NED и SIMBAD објавено во Information & On-Line Data in Astronomy, Kluwer Academic Publishers, 1995. ISBN 0-7923-3659-3.Податоците на ADS - NASA ADS. пристапено на 5 ноември 2007.. Кодот има утврдена должина од 19 знаци, од обликот YYYYJJJJJVVVVMPPPPA , каде YYYY е четвороцифрена година на наводот, JJJJJ е код на делото што го содржи наводот. Кога станува збор за стручно списание, VVVV е бројот, M е делот на списанието кајшто се наоѓа наводот (на пр. L за делот со писма), PPPP е почетната страница, а A е првата буква од презимето на првиот автор. Точките (.) служат за пополнување на неискористени полиња за да се добие потребната должина, и тоа десно за кодот на делото, а лево за бројот и страницата. Еве некои примери: Bibcode Навод 1974AJ.....79..819H 1924MNRAS..84..308E 1970ApJ...161L..77K
Поврзано Назнака за дигитални објекти
Наводи
Категорија:Индексирање Категорија:Назнаки Категорија:Електронски документи