Тузла (босански, српски, хрватски: Tuzla/Тузла) — град во Босна и Херцеговина и главен град на Тузланскиот кантон во Федерацијата Босна и Херцеговина. Според пописот на населението од 1991 година, градот имал 131.000 жители, но како последица од војната денес се проценува дека има 174,558 жители.Tuzlarije После Сараево и Бања Лука, Тузла е трет град по големина во државата. Името на градот потекнува од турски збор што значи солана, бидејќи градот има големи наоѓалишта на сол. Тузла е дом на единственото солено езеро, кое се наоѓа во паркот.

Население Населението на општината Тузла по пописи изгледало вака:

1971 Вкупно: 107,293 53,271 (49.65%) - Бошњаци 27,735 (25.84%) - Хрвати 21,089 (19.65%) - Срби 2,540 (2.36%) - Југословени 2,658 (2.47%) - други

1981 Вкупно: 121,717 52,400 (43.05%) - Бошњаци 24,811 (20.38%) - Хрвати 20,261 (16.64%) - Срби 19,059 (15.65%) - Југословени 5,186 (4.26%) - други

1991 Вкупно: 131,618 62,669 (47.61%) - Бошњаци 21,995 (16.71%) - Југословени 20,398 (15.49%) - Хрвати 20,271 (15.40%) - Срби 6,285 (4,77%) - други

Градот Тузла: Вкупно: 83,770 44,091 (52.63%) - Бошњаци 16,302 (19.46%) - Југословени 13,137 (15.68%) - Срби 6,328 (7.55%) - Хрвати 3,912 (4.66%) - други

Познати личности од Тузла Меша Селимовиќ (26 април 1910 - 11 јули 1982), писател Исмет Муезиновиќ (2 декември 1907 - 7 јануари 1984), артист Мирза Делибашиќ (9 јануари 1954 – 8 декември 2001) кошаркар Светлана Китиќ (7 јуни 1960) ракометарка Андреа Петковиќ (9 септември 1987), тенисер

Збратимени градови Сомбор, Србија Болоња, Италија Осиек, Хрватска Печ, Унгарија Сен-Дени, Франција Далас, Тексас Делфт, Холандија Ал Хокеима, Мароко

Наводи

Interactive Интернет презентација за Тузла

Поврзано Тузлански кантон Босна и Херцеговина Градови во Босна и Херцеговина Тузла (Егејска Македонија) Тузла (Инстанбул)

Надворешни врски

Официјално мрежно место Карта на Тузла Пивара Тузла

Категорија:Градови во Босна и Херцеговина Категорија:Тузлански кантон