мини|десно|245п|Карта на Општина Студеничани со селските атари. мини|десно|245п|Демографска карта на Општина Студеничани со селските атари.

Општина Студеничани — општина во Македонија. Седиште на општината е истоименото село.

Историја 1945-1952 Месниот народен одбор Студеничани бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Драчевската Околија, Скопски Округ, и негово составно населено место било Студеничани. Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Студеничани бил проширен на сметка на соседниот и укинат Месен народен одбор Морани со неговите села Вртекица, Морани и Рамни Габер. Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Студеничани бил проширен на сметка на укинатиот Месен народен одбор Палиград со неговото село Палиград. Согласно административната поделба од 1952 година, МНО Студеничани бил укинат на сметка на Општина Драчево која ги добила селата Вртекица, Морани, Рамни Габер, Студеничани, и Општина Зелениково која го добила селото Палиград.

1996-до денес Според законот за административна поделба од 1996 година, Општина Студеничани била обновена, на сметка на намалената Општина Кисела Вода. Во општината припаднале селата: Алдинци, Батинци, Вртекица, Горно Количани, Долно Количани, Драчевица, Елово, Калдирец, Малчиште, Маркова Сушица, Морани, Осинчани, Пагаруша, Рамни Габер, Студеничани, Умово, Цветово, Црвена Вода и Црн Врв. Според Законот за административна поделба од 2004 година, Општина Студеничани продолжила да постои со истите 19 населени места.

Географија

Стопанство

Демографија Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Студеничани имал 3,199 жители, односно вкупното население на Вртекица, Морани, Рамни Габер и Студеничани.

Следува табела според народностите во пописот од 1948 година:

Народност Вкупно Македонци 63Албанци 2,979Роми 113Турци 9Срби 34Неопределени муслимани 1

Според една проценка од 2016 година, Општина Студеничани имала 21.721 жител.

Вероисповед Вкупно православни 285 муслимани 16.828 католици 25 протестанти 0 останати 108

Јазик Вкупномакедонски 347албански 11.813турски 3.226ромски 73влашки 0српски 12босански 141 останати 1.634

Општествени установи

Самоуправа и политика

Градоначалник на Општина Студеничани е Ејуп Абази од редовите на ДУИ. Тој бил избран на локалните избори од 2025 година за мандат од четири години.

Согласно одлука на Владата на Македонија од 27 септември 2024 година, Советот на општината брои 19 члена.

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Забелешки

Наводи

Надворешни врски Портал на Општина Студеничани Општина Студеничани во „АБВ - деловен именик“