Општина Штип — општина во Источна Македонија со седиште во градот Штип.

Местоположба Општината Штип се наоѓа во средното сливно подрачје на реката Брегалница, во центарот на Источна Македонија. Има површина од на која, според пописот од 2002 година, живеат 47 796 жители. Подрачјето претежно е со планинска и ридска местоположба, со исклучок на Кочанската, Овчеполската и Лакавичката Котлина со долините на реките Брегалница и Крива Лакавица. Просечната висинска разлика, помеѓу планинските сртови и рамнинските предели по теченијата на реките, изнесува 1 300, а средната надморска висина е 250 метри. Општина Штип лежи во средното сливно подрачје на реката Брегалница. Се граничи со седум општини и тоа: Радовиш, Конче, Неготино, Градско, Лозово, Свети Николе и Карбинци, со добра местоположба и патна поврзаност.

Општината се одликува со претежно планински и ридски релјеф, како и умерено-континентална клима, со одредено влијание на изменета средоземна клима. Просечната годишна температура изнесува 12,9 целзиусови степени, а највисоки температури се измерени во август, додека најниски во јануари. Штипската општина претставува исклучително ветровите подрачје, а ветровите дуваат преку целата година, при што општината има дури 270 денови воздушно струење. Сето тоа резултира со претежно чист воздух.ШТИП - ТУРИСТИЧКИ ИНФОРМАТОР, Со мапа на градот. Штип: Општина Штип, 2011, стр. 9.

Историја Археолошките наоди ја потврдуваат исклучително долгата историја на Штип и околината. Така, во околината на Штип се најдени населби од времето на праисторијата, на наоѓалиштата: "Баби", "Фортуна", "Криви Дол" и "Караорман".ШТИП - ТУРИСТИЧКИ ИНФОРМАТОР, Со мапа на градот. Штип: Општина Штип, 2011, стр. 36-37.

Стопанство

Демографија Во општина Штип, која вклучува 71 населено место и претставува 3,1% од површината на Македонија, живеат вкупно 47 796 жители. Националната структура на општината ја сочинуваат:

Народ ВкупноУдел (%) Македонци 41.670 87,19 Албанци 12 0,03 Турци 1.272 2,66 Роми 2.195 4,59 Власи 2.074 4,34 Срби 294 0,62 Бошњаци 11 0,02останати 265 0,55

Вероисповед Вкупно православни 42.755 муслимани 3.555 католици 75 протестанти 5 останати 1.406

Населени места Населени места во Општина Штип:

Штип, Балталија, Брест, Врсаково, Горачино, Доброшани, Долани, Драгоево, Едеклерци, Јамуларци, Калапетровци, Кошево, Криви Дол, Лакавица, Лесковица, Липов Дол, Љуботен, Никоман, Ново Село (населба), Ново Село (село), Пенуш, Пиперово, Почивало, Пухче, Сарчиево, Селце, Скандалци, Софилари, Стар Караорман, Степанци, Суво Грло, Судик, Сушево, Танатарци, Тестемелци, Топлик, Хаџи-Реџепли, Хаџи-Сејдели, Хаџи-Хамзали, Црешка, Чардаклија, Чифлик, Шашаварлија и Шопур.

Општествени установи

Самоуправа и политика

Градоначалник на општина Штип е Иван Јорданов од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој бил повторно избран на локалните избори од 2025 година за мандат од четири години.

Согласно одлука на Владата на Македонија од 27 септември 2024 година, Советот на општината брои 23 члена.

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт Спорт ФК Брегалница (Штип), клубот е оформен во 1921 година. Неколку сезони игра во Првата македонска фудбалска лига, а за време на СФР Југославија има настапувано и во тогашната Втора југословенска лига - исток. ФК Астибо, оформен во 1957 година. Има настапувано во Втората македонска Фудбалска лига. ФК Бело Брдо, има играно во Втората македонска фудбалска лига. РК Теткстилец ОК Младост БК Балканец ППК Шампион ФА — пингпонгарски клуб кој успешно се натпреварува во супер лига на Р Македонија. Клубот е формиран 2012 г.

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски Портал на Општина Штип Општина Штип во „АБВ - деловен именик“