Ова е статија за археолошко наоѓалиште. За железничката станица видете тука
Железничка Станица — археолошко наоѓалиште во кичевското село Зајас. Претставува некропола од доцноантичкото време. Во 1969 година, при градењето на пругата Скопје-Кичево, во близината на денешната железничка станица случајно бил откопан гроб ѕидан од тули, од средината на IV век. Меѓу гробните прилози се најдени и две големи амфори од стакло. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Охрид.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано
Зајас; Список на археолошки наоѓалишта во Кичевско;
Наводи
Категорија:Зајас