"He Wasn't" е четвртиот сингл од вториот студиски албум на Аврил Лавињ, Under My Skin. Песната не е издадена во САД и наместо неа е издадена песната "Fall to Pieces", но само како радио сингл. Песната е издадена во Обединетото Кралство. Пред тоа, издадена е како трет сингл во Јапонија во јуни 2004. Напишана е од Аврил Лавињ и Чантал Кревиазук.
Значење на песната "He Wasn't" е за неуспешна врска меѓу Лавињ и маж кој се однесувал лошо со неа, така што дури не ѝ ја отворал вратата. Песната е брза и во неа се работи за тоа дека нејзиното момче "не е доволно добро кон неа" за разлика од другите песни на албумот Under My Skin. На документарен филм на правењето на музичкото видео за "My Happy Ending", "He Wasn't" е пуштена во позадина и Лавињ се шегува, "'Тој не беше тоа што јас го сакав'...дали е тоа темата на мојата песна?".
Музичко видео Видеото ја прикажува Лавињ како пее, а нејзиниот бенд свири на инструменти во позадината. Во видеото исто така има сцени каде таа танцува наоколу носејќи бели ракавици, розово здолниште и држи магично стапче (глуми самовила), а исто така има и други сцени каде таа носи ѓаволски рогови на нејзината глава (глуми ѓавол). Подоцна ќе испадне дека Аврил и нејзиниот бенд снимаат видео и потоа ќе почнат да се тепаат со храната. Аврил потоа ќе ја удри и ќе ја искрши камерата со својата гитара, а потоа ќе удри во ѕидот од хартија кој ќе пукне и во собата ќе тече розова боја. Видеото завршува со Аврил која прави шпага.
Лавињ исто така кажала дека неколку дена по снимањето на видеото кога розовата боја излегувала од ѕидовите, не можела сѐ уште да ја среди својата коса и да ја извади бојата од неа.
Список на песни Австралија (82876690742; Издаден 8 април 2005) "He Wasn't" (Албум верзија) "He Wasn't" (Верзија во живо со бенд) "He Wasn't" (Живо и акустично) "He Wasn't" (Музичко видео)
Обединетото Кралство "He Wasn't" (Албум верзија) "He Wasn't" (Верзија во живо) "He Wasn't" (Музичко видео) Плус ексклузивнен видео дневник и други работи.
Француски Сингл "He Wasn't" (Албум верзија) "He Wasn't" (Верзија во живо)
Британско промо / Австралиско промо He Wasn't (Албум верзија)
Табели "He Wasn't" не е издадена во САД, но има добиено голем успех во Обединетото Кралство искачувајќи се на #23, #25 во Австралија и #35 во Ирска. Во некои други земји синглот се искачил на многу ниски места, како во Канада каде се искачил на #92."He Wasn't" бил успешен сингл на Лавињ, искачувајќи се во топ 5 Хитови во Белгија, и топ 10 Хитови во Јапонија.
Табела (2005)НајвисокапозицијаАвстралијаУспех на синглот на топ листите (1) 25Австрија35Белгија2Канада92ИрскаУспех на синглот на топ листите (2) 35Јапонија10Нов Зеланд38Германија29Швајцарија43Обединетото Кралство23
Историја на издавање ДржаваДатумФорматКуќаОбединетото Кралство28 март 2005ЦД синглArista RecordsАвстралија8 април 2005Германија18 април 2005
Награди ГодинаЦеремонијаНаградаРезултат2005MTV Video Music BrasilНајдобро интернационално видео
Наводи
Надворешни врски "He Wasn't" - музичко видео Официјална страница на Аврил Лавињ
Категорија:Песни на Аврил Лавињ Категорија:Синглови од 2005