Свети Климент Александриски — еден од Апостолските отци и еден од најголемите ранохристијански учители.

Климент е роден околу 150 година, а неговото потекло се наоѓа во богатите и угледни слоеви на атинската аристократија. Имал исклучително добро и сестрано образование. Христијанството го примил во зрели години како и повеќето грчко-римски интелектуалци од тоа време. Се смета дека бил презвитер, теолог, знаменит учител, егзегет, полемичар, апологет и етичар на Александриската Црква. Заедно со Пантеном, неговиот учител, се јавува како основач на познатата богословска школа во Александрија.

За време на гонењето на христијаните од страна на Септимиј Север, свети Климент ја напуштил Александрија и избегал во Кесарија, а оттаму отишол во Антиохија. Се упокоил помеѓу 212 и 216 година надвор од Александрија во доброволно прогонство.

Негово најзначајно дело е “Голема трилогија” составено од “Протрептик” (Поттик) од коешто дело и објавуваме текст во оваа манастирска периодика, потоа “Педагог” и “Стромати”.

Наводи

Категорија:Египетски теолози Категорија:Антигностицизам Категорија:Родени во 2 век Категорија:Починати во 210-тите Категорија:Египетски свештеници Категорија:Црковни отци Категорија:Христијански светци од 3 век Категорија:Христијанството во грчко-римскиот свет Категорија:Англикански светци Категорија:Починати во Ерусалим Категорија:Грчки теолози Категорија:Римјани од 2 век Категорија:Римјани од 3 век Категорија:Родени во 150 година Категорија:Починати во 215 година