Топлец — археолошко наоѓалиште во кичевското село Миокази. Претставува населба од доцноантичко време. Се наоѓа на околу 300 м северно од селото, во приватни ниви, каде при обработувањето на земјата мештаните наидувале на темели од објекти. Денес по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, покривни ќерамиди, како и згура од топена железна руда.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Градиште — населба од неолитското, железното, хеленистичкото, римско, доцноантичкото време и средниот век; Дирек — населба од римско време; Зад Чука — населба од римско време; Кале — населба од римско време; Крст — римска некропола; Миокази; Список на археолошки наоѓалишта во Кичевско;
Наводи
Категорија:Миокази