Манифестации по повод Хуриетот е филм на браќата Милтон и Јанаки Манаки од 1908 година во времетраење од две минути. Филмот е снимен во стандард техника, без звук, црно-бел и на 35мм филм. Еден е од неколкуте посветени на Младотурската револуција и прославите одржани во Битола по повод нејзината победаПрофил на Турци држат говор на Хуриет на МИФЦ: Значителен дел од одбележувањето на победата на Младотурската револуција, хуриетот, како и голем број манифестации одржани во Битола по тој повод, браќата Манаки забележале и на филмска лента. Врз основа на различните описи, би можеле да кажеме дека документарната целина за овој настан е поделена во шест наслови..

Кратка содржина

Овој филмски материјал, на кој е снимен дел од прославата по повод победата на Младотурската револуција, е снимен од горен ракурс, при што учесниците на парадата се следат во континуитет. Притоа, пред сѐ имајќи ги предвид учесниците на парадата и нивните смени, филмот може да се подели на три секвенци со шест кадри Профил на Манифестации по повод Хуриетот на МИФЦ.:

Во првата секвенца, чие траење опфаќа само еден кадар, е прикажана колона мажи во бели народни носии со темни елеци и фесови. Втората секвенца (исто така, еден кадар) ги доловува членовите на друштвото „Пелистерски јунак“ - деца во бели униформи. Во третата секвенца (четири кадри) е регистрирана парада на мажи во темни костуми со бели фесови.

Поврзано Браќа Манаки Дефиле на воен оркестар, кочии и коњаници Манифестации (со грчки натписи) Манифестации по повод Младотурската револуција Парада по повод Хуриетот Турци држат говор на Хуриет

Белешки

Надворешни врски

Категорија:Филмови на браќата Манаки