Закоп на митрополитот Емилијанос од Гревена е македонски филм на браќата Милтон и Јанаки Манаки од 1911 година во времетраење од шест минути. Филмот е снимен во стандард техника, без звук, во црно-бела техника и на 35 мм филм. Ова е единствен пронајден и сочуван филмски материјал што браќата Манаки самите го развиле и го монтирале во документарна целина подготвена за јавно прикажување.Профил на Закопот на митрополитот Емилијанос од Гревена на страницата на МИФЦ.
Кратка содржина
Во филмот е забележана погребната церемонија од закопот на митрополитот Емилијан од Гребен (Гревена), Егејска Македонија, кој бил убиен на 1 октомври 1911 година. Филмот започнува со панорама на градот Гребен и со фотографија на двајца умрени (едниот од нив е Емилијанос). Потоа се префрла на закопот, кој започнува во црквата во Гребен (фотографија на ентериерот на црквата со умрениот митрополит, бидејќи со филмската камера браќата не можеле да снимаат внатре).
Церемонијата продолжува со изнесувањето на митрополитот од црквата и движењето на поворката на патот кон гробиштата низ Гребен. На крајот е прикажано самото закопување на Емилијанос. За цело време митрополитот го носат во седната положба.
Поврзано Браќа Манаки
Наводи и белешки
Надворешни врски
Извадок од филмот на YouTube.
Категорија:Гребен (град) Категорија:Филмови на браќата Манаки