Born This Way — песна на американската пејачка Лејди Гага, од нејзиниот втор истоимен студиски албум, Born This Way. Напишана и продуцирана од Гага, Фернандо Гарибеј, Џеп Лорсен и Диџеј Вајт Шадоу, „Born This Way“ била развиена додека Гага била на турнејата Monster Ball. Инспирирана од музиката за женско подобрување од 1990-тите и од геј-заедницата, Гага објаснила дека „Born This Way“ била нејзината песна за слобода. Претходно, таа испеала дел од рефренот на музичките награди на МТВ во 2010. Песната била објавена како водечки сингл од албумот и била издадена на 11 февруари 2011 (два дена пред закажаниот датум) заедно со издавањето на целосниот текст и омотот на синглот.
Музички, „Born This Way“ е електропоп песна, со звуци од синтисајзер и потпевнувачки бас, како и удирачки инструменти додадени во рефренот. Исто така кон крајот Гага пее а капела придружена од оргули. Текстот на песната зборува за самоподобрување и ги користи имињата на LGBT-заедниците како геј, лезбијка и транссексуалец покрај другите зборови. Користењето на поимите „чола“ и „ориент“ во песната предизвикале критички реакции кај некои азиски и хиспански заедници, кои тврделе дека тие поими се употребени со намера да навредат и понижат. За песната биле снимени многу ремиксови, вклучувајќи ја и кантри роуд верзијата снимена од самата Гага и друг ремикс со индиска музика, продуциран од дуото Салим и Сулајмант Мерчант.
„Born This Way“ добила помешани критики од музичките критичари; била пофалена поради тоа што е „клуб-химна“, а добила и многу критики поради сличностите со синглот „Express Yourself“ (1989) на Мадона. Некои критичари се сомневале дека сличностите ќе го оштетат апелот на песната,додека другите критичари рекле дека „Born This Way“ била сосема поразлично парче музика. Песната се искачила на првото место во 19 држави, вклучувајќи ги Австралија, Австрија, Канада, Германија, Ирска, Јапонија, Нов Зеланд, Швајцарија и Шведска. Во САД, песната станала нејзиниот трет сингл кој се нашол на врвот на табелата Билборд Хот 100. Дополнително, „Born This Way“ станала илјадитата број-еден песна на Хот 100-табелата, поминувајќи шест недели на првото место. Станал најбрзо продаваната песна во историјата на iTunes, продавајќи еден милион копии за пет дена.
Музичкото видео за песната било режирано од Ник Најти Лејди Гага. Било инспирирано од уметници како Салвадор Дали и Френсис Бејкон и нивните надреални слики. Главната идеја зад видеото е Гага која дава живот на нова раса, што е прикажано со предговор. По започнувањето на песната и неколкуте танцувачки рутини, видеото продолжува со град кој е пополнет со таа раса. Критичарите забележале дека во видеото има неколку културни наводи и забележале дека работата на Гага е слична со онаа на Мајкл Џексон, Мадона дизајнерот Александер Меккуин, а забележале и елементи од старогрчката митологија и надреализмот. „Born This Way“ за првпат била изведена во живо на 53-тите Греми награди, каде Гага пеела откако излегла од инскубаторски предмет. Песната била исто така изведена на посследната етапа од The Monster Ball Турнејата и на телевизиските емисии како Сабота навечер во живо и Добро утро Америка. Пејачите Кети Пери и Марија Арагон ја преработиле песната.
Заднина
Во 2010, Лејди Гага ја одржувала својата втора светска турнеја, The Monster Ball. Во тоа време таа почнала да создава идеи за нејзиниот втор студиски албум, Born This Way. Првата песна напишана за албумот била „Born This Way“, која Гага ја опишала како песна со „магична порака“. Ја напишала песната за десет минути и го споредила процесот со Безгрешното зачетие. Еден од првите кој ја слушал песната бил пријателот на Гага, Перес Хилтон, кој сметал дека тоа е песна класифицирана за геј заедницата и имал претчуство дека ќе биде успешна. Вајт Шадоу, еден од продуцентите на песната, ја кредитирал Гага за нејзината идеја зад песната. „Ја снимавме насекаде низ светот, на пат или на кое било друго место кога ќе имвме време. Звучи како читање, но не како што мислите додека не го слушнете,“ додал тој. Гага сакала песната да биде нејзина лична песна за слобода и ја објаснила инспирацијата зад песната за време на интервју со Билборд: „Враќајќи се во раните '90-ти, кога Мадона, Ен Воуг, Витни Хјустон и TLC правеа подобрувачка музика за жени и за геј заедниците и сите беа некако обесправени заедници, текстот и мелодиите беа потресни и госпел и многу спиритуални, па си реков себеси, 'Таква песна морам јас да снимам. Не се работи за снимката. Не се работи за продукцијата. Се работи за песната, Секој може да ја пее 'Born This Way'. Секој може да се пронајде во неа.“ На четириесет и третата епизода на нејзината веб серија, Пренос на Гагавизијата, Гага му кажала на интервјуерот дека најголемиот предизвик со кој се соочила бил пишувањето на „Born This Way“, бидејќи морала да ги остави несигурностите зад себе и да стане самоуверена. „'Born This Way' е тоа што јас навистина сум. Артистот е константна држава на полуфантазија/полуреалност на сите времиња,“ додала таа.
Омот и издавање left|thumb|Лејди Гага ја изведува „Born This Way“ на MuchMusic Видео Наградите од 2011 година. На 8 февруари 2011, Гага ги испратила на Твитер зборовите „Trois Jours“ („Три Дена“), заедно со слика од официјалниот омот на албумот. Гага е прикажана гола во црно-бела техника и со тетоважи на нејзиниот грб. Нејзината коса се вее и носи тешка шминка, додека големи заоблени делови се прикажани на нејзиното тело и глава. Омотот бил опишан од Чарли Амтер од The Hollywood Reporter како враќање на класичните омоти од 1980-тите. Тој го споредил со омотите на бендовите како Missing Persons, Roxy Music и Duran Duran. Гордон Смарт од The Sun почувствувал дека „почетната црно-бела слика“ кружела околу светлите осумдесетти. Танер Странски од Entertainment Weekly дала позитивно мислење за омотот, чувствувајќи дека Гага изгледала како „животно“ на сликата и нејзината коса ја направила да изгледа како животно од африканската џунгла. Таа исто така дополнила дека омотот бил „целосен и тотално жесток“. Арчана Рем од истата публикација пронашла сличности меѓу омотот за „Born This Way“ и „2 Hearts“ (2007) од Кајли Миног. Никол Егенбергер од OK! го опишач омотот како рамнотежа меѓу „дивиот“ и гламурозниот изглед на пејачката. Леа Колинс од Dose помислила дека екстремната шминка и рероважите биле иронична игра на насловот на песната.
Гага испеала неколку стихови од песната додека ја земала својата награда за Видео на Годината на 2010 МТВ Видео Музички Награди, за „Bad Romance“. Како подарок за Божиќ, Гага преку својот официјален профил на Твитер ги открила датумите на издавање на албумот и на неговиот водечки сингл на отчукувањето за Новата Година, 2011. Синглот требало да биде издадена на 13 февруари 2011, додека албумот требало да биде издаден на 23 мај 2011. Надополнувајќи ја оваа изјава дошла црно-бела фотографија на која Гага, според Џоклин Вена од MTV, е „гола од половината надолу, со нејзината коса која се вее и со спортска јакна заедно со напишаните зборови 'Born This Way' кои се украсени со накит.“ Кон крајот на јануари 2011, Гага го издала текстот на песната, пред да изјави дека планира да го издаде синглот два дена пред закажаниот датум. Оттогаш, песната била премиерно прикажана на светските радио станици во шест часот според Источната Временска Зона на 11 февруари 2011 и била овозможежа за дигитално спуптање на онлајн маркетите во девет часот според Источната Временска Зона истиот ден.
Композиција „Born This Way“ е напишана и продуцирана од Гага, Џеп Лорсен, Пол Блер (познат како диџеј Вајт Шадоу) и Фернандо Гарибеј, додека миксот е направен во Аби Роуд Студиос во Лондон и Германо Студиос во Њујорк. Песната на која влијание има клупскиот ритам започнува со гласот на Гага кој ги изговара почетните стихови „Не е битно дали го сакаш него или главниот Н-Е-Г-О“ со музички циклус, пратен со татнешки синтисајзерски звук и потпевнувачки бас. Кога синтисајзерот преминува во удари, Гагаг го пее првиот стих, кој е проследен со бас и удиралки рефрен, „Убава сум на свој начин, бидејќи Бог не прави грешки; на вистинската песна сум, душо, родена сум ваква“, а Џоклин Вена од MTV рекол дека „тоа треба да се слуша на голем простор. Брзо е и силно удира.“ После рефренот, таа го започнува текстот „Немој да бидеш повлечена, Само биди кралица“ неколкупати, попратено со удари на раце, пред да се префрли на следните стихови. После вториот рефрен следува допирање на музиката, каде Гага ги кажува имињата на различните заедници. Сал Кинкемани од Slant Magazine почувствувал дека интервалот е помешан со музика од американското телевизиско шоу, Гли и песната „There But For the Grace of God Go I“ од Machine. Музиката во одреден момент прекинува додека Гага пее а капела, пред додавањето на орган, а потоа следи крајот на песната. Според листот со музика објавен на Musicnotes.com од Sony/ATV Music Publishing, „Born This Way“ е напишана во такт од вообичаено време, со умерени денс отчукувања и темпо од 120 удари во минута. Компонирана е во скалата Ха дур, а гласот на Гага се протега од нотата F♯3 до нотата C♯5. „Born This Way“ ја следи акордната прогресија од C♯5–F♯5–E5–B5 во стуховите и F♯5–F♯–E–B–Bm7–C♯ во рефренот.
Текстот во стиховите зборува за подобрување, додека рефренот зборува дека луѓето треба да се прифатат такви какви што се. Ги содржи имињата на геј заедницата и други помали заедници, кои се споменати за да се прикажа нивното прифаќање од страна на Гага. Таа исто така објаснила дека од The Fame и The Fame Monster не ги прикажувала заедниците директно, и „Born This Way“ била прилика која не само што ги поддржила политичките и социјалните верувања, туку и ги подобрила уметнички со кажувањето, „'Не пробувам да се скријам зад песната.' Не пробувам да добијам нови обожаватели. Ги сакам обожавателите кои веќе ги имам и ова е за нив.“
По раните издавања на тектстот, тој добил критики од неколку Азијци и Хиспански заедници, вклучувајќи ги и Латино групите MECha и Chicanos Unidos Arizona, тврдејќи дека користењето на зборовите „чола“ и „ориент“ било навредливо и понижувачко. Како одговор на тектстот, Роберт Пол Рејес од Newsblaze.com изјавил дека се согласил за про-геј ставот, но се запрашал во користењето на терминот „чола“, прашувајќи, „Дали Латинците треба да бидат задоволни што една суперѕвезда родена од привилегија, вклучила расизам во нашето здружение? Не се сите латински дами 'чола', некои од нив се учителки, автори, инженери, медицински сестри и доктори.“ Радио станиците во Малезија избрале да го тргнат делот од текстот кој се однесува на прифаќањето на геј заедниците, поради цензура во државата и поради навредливата содржина. Како одговор, Гага ги повикала обожавателите во Малеција кои сакаат нецензурираната верзија да виде пуштана, изјавувајќи: „Ваша работа и ваша задача е младите луѓе да ги слушнат вашите гласови. Мора да направите сè што сакате за да го ослободите вашето општество. Мора да се јавувате, да не прекинувате, мора да имате мирен протест.“
Ремиксови