Томас ( - ) бил тринаесетто дете на англискиот крал Едвард III и кралицата Филипа.
Томас е роден во Вудстокската палата во Оксфордшир. Во 1376 година се оженил за Елеонора, стекнувајќи се со титулата Ерл од Есекс, како и со титулата Седми Ерл од Херфорд. Нејзината помлада сестра се омажила за идниот Хенри IV. Во следните години тој се стекнал и со титули како Ерл од Бакингем, во 1385 година со Војвода од Омал како и со титулата Војвода од Глостер.
Како ерл од Бакингем, тој командувал со една од најголемите кампањи во тоа време, насочени против Бретања и противниците на Јован IV.
Тој станал водач во бунтот кој бил организиран од страна на лордовите и моќните аристократи во соборувањето од престолот на кралот Ричард II. Сепак, Ричард по ова бил затворен во Кале каде бил убиен. Ова според некои предизвикало дополнително незадоволство кај англиските благородници.
Категорија:Династија Плантагенет Категорија:Војводи од Глостер Категорија:Витези на Подвеската Категорија:Ерлови од Есекс Категорија:Ерлови од Бакингем Категорија:Погребани во Вестминстерската опатија