мини|Харисон Форд (Индијана Џонс) Доктор Хенри Волтон Индијана Џонс , Помладиот — измислен американски авантурист, таен агент ,професор по археологија и главен лик во серијата играни филмови Индијана Џонс . Овој лик е создаден од страна на Џорџ Лукас и Стивен Спилберг со цел да им се оддаде почит на хероите од акционите филмови од 1930 година . Ликот на Индијана Џонс за првпат се појавува во 1981 година во филмот Индијана Џонс : Крадците на изгубениот ковчег , потоа во 1984 година ликот се појавува во филмот Индијана Џонс и храмот на пропаста , во филмот Индијана Џонс: Последниот поход од 1989 година , во филмот Хрониките на младиот Индијана Џонс од 1992 и 1996 година и во филмот Индијана Џонс и Кралството на кристалниот череп од 2008 година. Заедно со претходноспоментаите филмови ликот на Индијана Џонс се среќава во добро познатите ширум светот емисии , романи , стрипови , видео игри и други медиуми. Голем број на паркови се изградени според мотивите кои се среќаваат во авантурите на Индијана Џонс како што се : Паркот на Авантурите на Индијана Џонс , а исто така слични форми на овој парк се среќаваат во Дизниленд и Дизниси во Токио.
Ликот на Џонс најчесто игран од глумецот Харисон Форд е опишан и во филмот Реката Феникс (Џонс во млади години во Последниот поход)и во телевизиската серија Хрониките на Младиот Индијана Џонс од Кори Кариер , Шон Патрик Фленари и Џорџ Хал. Даг Ли го позајмува својот глас на Џонс во две видео игри на Лукасарт , Индијана Џонс и судбината на Атлантида и Индијана Џонс и пеколната машина , додека Дејвид Еш го позајмува својот глас во играта Индијана Џонс и гробницата на императорот .
Особено значајни составни делови на овој лик се : исконскиот изглед ( камшик, каубојска капа и кожнена јакна ), смислата за хумор, одлично познавање на многу древни цивилизации, јазици и страв од змии.
Индијана Џонс е еден од најпознатите кино филмски ликови. Во 2003 година од страна на Американскиот филмски институт тој беше рангиран како втор најголем филмски херој на сите времиња. Тој исто така е прогласен за шести по ред најголем филмски лик од страна на списанието Емпајар Ентертејмант викли го пласираше Инди на второто место на нивната листа за Најкул херои на сите времиња во поп културата .Исто така списанието Премиер го смести Инди на седмото место на нивниот список на 100 најдобри филмски ликови на сите времиња . Уште од неговото прво појавување во филмот Индијана Џонс: Крадците на изгубениот ковчег ликот на Инди стана најголема филмска ѕвезда ширум светот. На списокот на Фандоманија.ком (Fandomania.com) за 100 најдобри измислени ликови Инди Беше рангиран на 10 место . На списокот на Магазинот Тајм за најголемите измислени ликови на сите времиња во 2010 година ликот на Индијана Џонс го зазеде второто место додека пак првото место му припадна на добро познатиот измислен лик Шерлок Холмс .
Настапи
Ликот на Индијана Џонс, одглумен од страна на глумецот Харисон Форд за првпат се појавува во филмската индустија во 1981 година во филмот Индијана Џонс : Крадците на изгубениот ковчег чиешто дејствие се случува во 1936 година . Тој е опишан како авантурист , следбеник на ловците на богатство и акционите херои од сериските филмови од 1930 година ,со шестопати променливото его на Доктор Џоунс , почитуван професор по археологија на измислениот колеџ Маршал во Конектикат (именуван според името на Френк Маршал ). Во оваа прва авантура тој им се спротивставува на Нацистите , патувајќи околу светот со цел да го спречи враќањето на Ковчегот на заветот (види ,библиска археологија). Во целата таа авантура на тој е потпомогнат од старана на љубовта на неговиот живот Мерион Рејвенвуд и и блискиот негов пријател Салах. Нацистите се предводени од страна на големиот непријател на Инди ,нацистичкиот симпатизер ,францускиот археолог Рене Белог и злобниот гестапо агент Арнолд Тот . Филмот од 1984 година , Индијана Џонс и храмот на пропаста, чие дејствие целосно се одвива во Индија во 1934 година претставуваше хорор ориентална приказна во која главниот лик ,Инди ја прескокнува својата законска работа како професор и тргнува да ги бара камењата на богињата Шанкара. Овој пат , Џонс се обидува да ги спаси децата кои се затворени во рудниците кои ги бараат светите камења на Шанкара како и да спречи тие да паднат во рацете на крволочните владетели. Во оваа негова авантура му помагаат Шорт раунд и преубавата пејачка Вили Скот (Кејт Кепсшау). Третиот филм Индијана Џонс :Последниот поход од 1989 година со дејствие во 1938 година за разлика од претходно споменатиот филм овој повеќе наликувана оригиналот , повторно се воведуваат ликовите како Салах и Маркус Броди , повторно е претставена сцена од училница каде што предава Џонс (сега на колеџот Барнет), повеќе локации низ светот како и враќањето на озлогласените нацисти .Во овој филм е опишана авантурата на Индијана Џонс во која тој се обидува да го пронајде Светиот грал . Дејствието на почетокот на филмот се случува во 1912 година , и во него се опишани некои одлики за самиот лик како на пример : потеклото на неговиот страв од змии , неговата употреба на камшикот , лузната на неговата брада и неговата шапка ; во овој филм исто така ни открива дека Индијана не е правилното име на Џонс тука само прекар кој тој го презел од своето куче. Филмот претставува пријателски филм во кој Џонс се обидува да се здружи со својот татко најчесто со комични ефекти . Иако Лукас имаше намера да ги заврши сите 5 филма во тоа време сепак потребно му беше повеќе од 18 години бидејќи Лукас не можеше да смисли добар заплет за да ги заврши своите дела. Во 2008 година излезе најновиот дел од серијата Индијана Џонс :Индијана Џонс и кралството на кристалниот череп . Дејството се одвива во 1957 година, 19 години подоцна по снимањето на третиот филм , во него е опишан постариот и помудар Индијана Џонс кој се бори против советски агенти кои се обидуваат да ја искористат моќта на кристалниот череп , пронајден во Јужна Америка од страна на неговиот поранешен колега Харолд Оксли (Џон Хрт). Во неговата авантура му помагаат неговата стара љубовница Марион Рејвенвуд (Карен Ален) и нејзиниот син Мат Вилијамс (Шиа Лабеф) ,за кој подоцна открива дека тој е неговиот син Хенри Џонс третиот. Постоеја гласини дека Хенри Џонс Третиот ќе биде главниот лик во продолжението на серијалот Индијана Џонс. Во овој филм исто така се открива дека Џонс бил регрутиран од страна на Канцеларијата за стратешки служби( а претходник на одделот на ЦИА) за време на Втората светска војна со што се здобива со титулата полковник при извршувањето тајните операции во Советскиот Сојуз истовремено соработувајќи со тајниот агент на МИ6 Џорџ Мек-Хејл . Според ИМДБ петтиот филм од серијалот Индијана Џонс е во подготовка и се очекува да биде завршен во 2012 година.
Телевизија
Од 1992 до 1996 година , Џорџ Лукас успешно ја продуцираше ТВ серијата , Хрониките на младиот Индијана Џонс , која беше создадена како образовна програма за деца, која го насочуваше своето вниманието на историските личности и поважни историски настани истовремено употребувајќи ја истата идеја од претходните филмови внесувајќи авантуристички дух во серијата. Во шоуто е прикажан 93 годишниот Џонс (Џорџ Хал)со пиратска маска преку едното око кој имаше задача да не воведе во приказната, додека пака во авантурата е прикажан 17-годишниот Џонс (Шон Патрик Фланери) или пак 10 –годишниот Џонс (кори Кериер), па дури и Инди како бебе (Нил Булејн). Историски личности вклучени во ова шоу се : Мустафа Кемал Ататурк , Лав Толстој , Панчо Виља ,Шар де Гол ,Елиот Нес , Ернест Хемингвеј , Патрик Пиарс , Владимир Илич Ленин , Т.С. Лоренс , Винстон Черчил , Херман Геринг , Теодор Рузвелт , Манфред фон Ричтофен и Џон Форд , ова шоу е снимено на различни локации како Египет , Австроунгарија , Индија , Кина како и Европа . Во една епизода од серијата , Младиот Индијана Џонси Тајната на блузот повторно на сцената стапува Харисон Форд одигрувајќи ја улогата на Инди . Индијана го губие едното око некаде во 1957 година. Оваа серија доста се навраќа на претходните филмови но сепак преку неа се дознаваат и некои нови информации во врска со самиот лик . Тој е роден на 1 јули 1899 годинна ,а неговото средно име е Лукас ( средното име на Лукас ) .Во серијта е споменато дека тој имал сестра по име Сузи која починала како новороденче од треска и дека тој конечно има ќерка и внуци кои се појавуваат во некоја од епизодите. Односот со неговиот татко за првпат е воведен во филмот Индијана Џонс: Последниот поход и со текот на времето бе воведени и приказните за неговите патувања со својот татко како младо момче .Голем дел од серијалот е заснован врз неговите активности за време на Првата светска војна. Во 1999 година ,Лукас ги отстрани воведите и епилозите во епизодите од Џорџ Хал за ВХС И ДВД изданијата и ги подреди епизодите по хронолошки ред. Во филмот Индијана Џонс и кралството на кристалниот черп од 2008 година , Џонс ги изоставува деловите каде што тој се запознава со Панчо Виља; ова е намерно направено со цел да се покаже дека оваа ТВ серија навистина е дел од истата приказна која се раскажува и во филмовите.
Видео игри
Ликот на Индијана Џонс се појавува во неколку официјално лиценцирани видео игри ,појавувајќи се во видеоигрите во кои се обработени теми од филмовите Индијана Џонс :Крадците на изгубениот ковчег и Храмот на Пропаста , потоа во двете видео игри направени врз основа на филмот Последниот поход (едната игра е чиста механичка акција додека другата игра претставува авантура во која играчот ги открива скриените загатки) како и видео играта Индијана Џонс и неговата најголема авантура во која се вклучени фрагменти од сите три оригинални филма. Набргу по создавањето на овие игри ликот на Индијана Џонс се искористува и во голем број на други многу познати игри кои се засновани врз оригиналната приказна за Индијана Џонс : Индијана Џонс и изгубеното кралство , Индијана Џонс и судбината на Атлантида , Индијана Џонс и пеколната машина , Индијана Џонс и гронбицата на императорот , Индијана Џонс и Стаф оф кингс .Во играта Гробницата на императорот Индијана е придржуван од страна на Џонс Ву Хан кои имаат за задача да ја пронајдад пепелта на Нурџахи кој е виден на почетокот од филмот Храмот на пропаста . Првите две игри се развиени од страна на Хал Барвуд и ѕвездата Даг Ли го позајмува својот глас глумејќи го ликот на Индијана; во гробницата на императорот глумецот Дејвид Еш го позајмува својот глас додека во Стаф оф кингс гласот го позајмува Џон Амстронг. Исто така покрај претходон спомеативе постои и една мала игра создадена од страна на Лукасарт, Индијана Џонс и неговите авантури на работниот простор . Оваа видео игра е направена според серијата Хрониките на маладиот Индијана Џонс . Две Индијана Џонс игри на Лего групацијата беа пуштени во употреба .Во 2008 година создадена е играта Индијана Џонс :Оригиналната Авантура која во себе содржи делови од првите три филма .Потоа кон крајот на 2009 година создадена е новата игра: Авантурата продолжува .Продолжението во себе содржи скратена реприза на првите три филмови но најмногу се фокусира на содржината на филмот Индијана Џонс и Кралството на кристалниот череп. Индијана Џонс исто така се појавува како клучен лик и во игрите Платеници: Игралиште на уништувањето и Војна на ѕвездите:Целосната сага .
Паркови изградени според мотивите на авантурите на Индијана Џонс