мини|Лого на Joy Division Џој Дивижн (англиски: Joy Division) бил англискa рок-група, еден од најпознатите претставници на пост-панк музиката. групата е формирана во 1976 година во Солфорд, Манчестер. Првично именувана како Варшава (Warsaw), групата се состоела од Ијан Куртис (Ian Curtis) - вокал и повремено гитара, Бернард Самнер (Bernard Sumner) - гитара клавијатура, Питер Хук (Peter Hook) - бас гитара и придружен вокал и Стефан Морис (Stephen Morris) - тапани.
Формирање
На 20 јули 1976 година, Самнер и Хук (кои биле пријатели уште од единаесетгодишна возраст) одделно присуствувале на вториот концерт на Секс Пистолс (Sex pistols) во Манчестер, во салата "Lesser free trade". Следниот ден, Хук позајмил од мајка му 35 фунти и ја купил својата прва бас-гитара. Самер подоцна изјавил дека Секс Пистолс го уништиле митот на поп-звездата, т.е. митот за музичар кој е некаков бог кој мора да се обожува. Инспирирани од нивната изведба, Самер и Хук формирале група со нивниот пријател Тери Мејсон (Terry Mason), кој исто така присуствувал на концертот. Самнер купил гитара, а Мејсон купил комплет тапани. Тие го поканиле другарот од училиштето Мартин Грести (Martin Gresty) да им се придружи како вокал, но тој ги одбил по добивањето работа во локалната фабрика. Оттука, тие поставиле оглас за пејач во продавницата "Вирџин Рекордс "(Virgin Records). Ијан Куртис, кој веќе ја запознал тројката среќавајки ги на претходните свирки, се јавил на огласот и бил примен без аудиција. Подоцна, Самнер рекол: „Знаев дека е во ред да започне и врз тоа ја основавме целата група. Ако ни се допаднеше некој, го земавме“. Менаџерот на Базкокс (Buzzcocks) Ричард Бун и одачот на групата Пит Шели (Pete Shalley) предложиле групата да се вика "Стиф Китенс" (The Stiff Kittens) и како такви биле запишани за нивниот прв јавен настап, но сепак, кратко пред свирката, групата го избрала името „Варшава“ според истоимената песна од Дејвид Боуви (David Bowie).
„Варшава“ ја отсвириле својата прва свирка на 29 мај 1977 година како предгрупа на „Базкокс“, „Пенетрејшн“ (Penetration) и Џон Купер Кларк (John Cooper Clarke) во салата "Electric Circus". Групата го свртела вниманието на пошироката публика благодарение на критиките за свирката, напишани од музичките новинари Паул Морли (Paul Morley) од "Њу Мјузикал Експрес" (NME) и Ијан Вуд (Ian Wood) од Саундс (Sounds). Таа вечер, на тапани свирел Тони Табак (Tony Tabac) кој се приклучил кон групата два дена претходно. Мејсон станал менаџер на групата и во јуни 1977 го заменил Табак со Стив Бродердејл (Steve Brotherdale), кој исто така свирел во панк-групата „Паник“ (Panic). За време на неговото свирење во „Варшава“, Бродердејл се обидел да го натера Куртис да ја напушти групата и да им се придружи на „Паник“, па дури го натерал и да се јави на аудиција за групата. Во јули 1977, „Варшава“ снимила пет демо-снимки во студиото „Pennine Sound“, во Олдам. Поради агресивниот карактер на Бродердејл, тој бил отпуштен по демо-сесиите.
Во август 1977 година, групата објавила оглас во музичката продавница кој гласел: "Бараме тапанар". Стефан Морис, кој учел во училиштето кое го посетувал и Куртис, бил единствениот кој се јавил на огласот. Дебора Куртис (Deborah Curtis), жената на Ијан, изјавила дека Морис „одговара совршено“ со останатите момци и со неговото влегување „Варшава“ станале „комплетно семејство“. За да ја избегнат забуната со лондонската панк-група „Варшавски Пакт“ (Warsaw Pact), на почетокот од 1978 година, групата се преименувала во „Џој Дивижн“, позајмувајќи го името од едно проститутско крило на Нацистичкиот концентрационен логор, спомнато во новелата „Куќата на куклите“ од 1955 година. Во декември 1978 година, групата ја снимила нивната прва деби-плоча, „An Ideal for Living“ во студиото „Pennine Sound“ и на Нова година, во Ливерпул ја отсвириле нивната последна свирка под името „Варшава“. На 25 јануари 1978 година, во диското "Пип" во Манчестер, на картите повторно го пишувало името „Варшава“ колку да обезбедат публика, но тогаш, групата ја отсвирила својата прва свирка под името „Џој Дивижн“.
Први издавања
RCA Records им понудиле на Joy Division да направат песната за N.F. Porter „Keep on Keepin’ On, а како за возврат им било дозволено одреден период да снимаат во професионалното студио Манчестер. Joy Division го поминаа крајот на март и април 1978 година пишувајќи и снимајќи пробен материјал. За време на концертот Стиф/Чизик во клубот Рафтерс во Манчестер, на 14 април, групата го привлекла вниманието на Тони Вилсон и Роб Гретон. Куртис го прекорил Вилсон поради тоа што не ги вметнал во неговото шоу So It Goes, на веќе сега неговиот непостојечки телевизиски канал Гранада. Вилсон како одговор на тоа кажал дека тие ќе бидат следниот бенд кој ќе се појави на телевизија. Гретон, резидент диџеј, бил толку многу имресиониран од бендот со што ги убедил Joy Division да им стане менаџер. За Гретон, со неговата истрајна решителност, се сметало дека е главен виновник за големиот успех на бендот. Тој придонел со неговите деловни вештини, кои и баш Joy Division не ги поседувале многу, за подобра креативна основа. Joy Division ја поминале првата недела од мај 1978 година снимајќи во студиото Arrow во Манчестер. Бендот бил незадоволен од продуцентот на Grapevine Records, Џон Андерсон, и од неговото инсистирање за додавање на синтисајзер за да ја омекнат музиката, така што го замолиле да го отпишат од договорот, кој бил неодамна потпишан со RCA.
Joy Division првото деби го имале во јуни 1978 година. Самиот бенд ја издал плочата „An Ideal for living“, а две недели подоцна една нивна песна, „At a Later Date“, била вметната во компилацискиот албум Short Circuit: Live at the Electric Circus (кој бил снимен во живо во октомври 1977 година). На прегледот од музичкиот весник Melody Maker, Крис Брејзер рекол дека „ја имаат онаа познато грубо-врежана природа на домашно продуцирани снимки, но тие не се свирачи на плех музика-за седум месеци имаат голем број на добри идеи и до сега можеби станале прилично забавен бенд“. На омотот од An Ideal for Living, на корицата имало цртеж од член на Хитлеровата младина и заедно со името на бендот, предизвикало шпекулации за нивните политички ориентации. Додека Хук и Самнер подоцна признале дека некое време биле заинтригирани од фашизмот, Морис инсистирал на тоа дека опсесијата со нацистичката фантазија е резултат на желбата за задржување на спомените од Втората светска војна и жртвите на нивните родители, баби и дедовци. Кажал дека обвиненијата на нео-нацистичките симпатизери едвај и ги испровоцирале кажувајќи „продолжете со тоа што го правите, бидејќи ние сме таков вид на луѓе“.
Во септември 1978 година, Joy Division го имале својот прв телевизиски настап на локалните вести на шоуто Granada Reports, чиј водител бил Тони Вилсон. Истиот месец подоцна, Joy Division придонел со двете песни снимени со продуцентот Мартин Ханет, за дуплата компилација-7“ на плочата A Factory Sample, првото издавање на дискографската куќа на Тони Вилсон, Factory Records. Наскоро Joy Division се приклучиле кон распоредот на Factory Records, откупувајќи дел од својот договор со „RCA“. Роб Гретон станал партнер на куќата за да ги застапува интересите на бендот. На 27 декември, Ијан Куртис за првпат ја имал неговата препознатлива епилептичарска епизода. За време на возењето накај дома, Куртис имал напад и бил однесен во болница. И покрај неговата болест , Joy Division продолжиле со нивната кариера и напредок. На 13 јануари 1979 година во изданието од списанието NME, Куртис се појавил на насловната страница само заради настојувањето на музичкиот новинар Пол Морли. Истиот месец, бендот ја снимил нивната прва радио сесија за BBC Radio 1, со диџејот Џон Пил. Според Дебора Куртис „Болеста на Ијан беше нешто за кое што моравме да се приспособиме, иако беше ставен помеѓу тие две значајни белези“.
Непознати задоволства
Во април 1979 година, бендот го започна нивниот прв деби-албум Unknown Pleasures во студиото Strawberry , во Стокпорт. Продуцентот Мартин Ханет имаше значаен придонес за конечниот звук. На почеток, бендот не го сакаше „просторниот и атмосферски звук“ на албумот, кој не го рефлектирал нивниот жив поагресивен звук. Хук, во 2006 година изјавил „Тоа дефинитивно не излезе како што сакав....Но, сега гледам дека Мартин завршил добра работа.....Нема дилема околу тоа дека Мартин Ханет го создаде звукот на „Joy Division“. Омотот на албумот беше дизајниран од Питер Савил, човекот којшто продолжил да работи на понатамошните издавања на „Joy Division“.Unknown Pleasures беше издаден во јуни и по првичниот тираж, се распродадоа 10,000 копии. Тони Вилсон изјавил дека релативниот успех на албумот го претворил „инди“ правецот во прав, вистински бизнис и „револуционерна сила“ која што оперирала надвор од дискографскиот систем. Писателот Џон Севиџ, разгледувајќи го албумот за Melody Maker, Unknown Pleasures го нарече „непроѕирна манифестација“ и изјави дека „напуштањето“ на XX век е многу тешко; повеќето луѓе сакаат да се вратат во минатото и да жалат за него. Оф леле. Joy Division барем поставија правец во сегашноста со кондензациски траги за иднината – најверојатно не може да се побара повеќе. Навистина, Unknown Pleasures може да е еден од најдобрите, бели, англиски, деби-плочи на годината“.
Joy Division настапија повторно на ТВ Гранада во јули 1979 година, а нивниот прв настап на национално ниво го имаа во септември на ТВ-програмот BBC2, во шоуто Something Else. Во ноември беше издаден нивниот сингл "Transmission". Како резултат на растечкиот успех на Joy Division произлезе прекарот, кој беше посветен на нив, „Култ без име“ и беше стереотипизиран како „напнати млади луѓе облечени во сиви капути“.
Албумот Closer и самоубиството на Куртис
Во јануари 1980 година, Joy Division тргнаа на турнеја низ Европа. Иако турнејата беше напорна, Куртис преживеа само два гранд мал напади (вид епилепсија, кај која кратко пред нападот се појавуваат аура и необични сензации) во рок од два месеца пред завршниот датум. Во март во лондонското студио Britannia Row заедно со Мартин Ханет, повторно како продуцент, бендот го снимија нивниот втор албум, Closer. Исто така во март, беа издадени синглот Licht und Blindheit ( вклучувајќи ги и песните Dead Souls и Atmosphere ) во малата француска дискографска куќа Sordid Sentimental.
Заради недостаток на сон и долготрајна нестабилна епилепсија, нападите на Куртис веќе не можеле да се контролираат. Куртис често имал напади за време на настапите, нешто што го правело да се чувствува засрамено и депримирано. Додека бендот бил загрижен за неговиот пејач, публиката мислела дека неговото однесување било дел од нивниот настап. На 7 април, Куртис имал обид за самоубиство со фенобарбитантско предозирање. Следната вечер, Joy Division требале да свират во Дерби халата, во Бјури. Со закрепнувањето на Куртис, било решено бендот да отсвири комбиниран сет заедно со Алан Хемпстал од Crispy Ambulance и Симон Топинг од A Certain Ratio, како вокали за првите неколку песни. Куртис се појавил на сцена само за дел од настапот. Кога се вратил Топинг да го заврши сетот на Куртис, некои во публиката почнале да фрлаат со шишиња накај бината. Гретон скокнал во толпата и насанал хаос. Неколку свирки во април биле откажани заради болеста на Куртис, но и покрај тоа тој месец бендот снимил спот за промоција на синглот Love Will Tear Us Apart. На 2 мај, бендот ја имал последната свирка во Универзитетот од Бирмингем во халата High.