Разоткривачи на митови () — научно-забавна емисија која ја направи австралиската компанија Бијонд Телевижн Продакшнс (Beyond Television Productions), на почетокот наменета за американскиот Discovery Channel. Серијалот го емитуваат бројни меѓународни телевизии: СБС Еден (SBS One), Discovery Channel Australia (Австралија), Discovery Channel Latin America (Латинска Америка), Discovery Channel Canada (Канада), Квест (Quest) и Discovery Channel во Обединетото Кралство. Водители на емисијата се стручњаците за специјални ефекти Адам Севиџ (Adam Savage) и Џејми Хајнеман (Jamie Hyneman). Тие користат научен пристап за да ја проверат вистинитоста на одредени гласини, митови, филмски сцени, поговорки, видео снимки од Интернет и приказни.

Снимањето се одвива во Сан Франциско, Калифорнија, а понекогаш и во Артармон, Австралија. Подготовките и некои опити се вршат во работилниците на Хајнеман, опитите за кои е потребен поголем простор или посебни услови се снимаат на соодветни локации најчесто во Заливската област на Сан Франциско и други места во Северна Калифорнија. Во текот на втората сезона некои од членовите на тимот на Севиџ и Хајнеман направија втор тим т.н. „Градежен тим” ("The Build Team") и сега најчесто испробуваат митови одделно од главната двојка.

Историја Првичната идеја беше за емисија на Discovery Channel наречена Бабини деветини или Вистина (Tall Tales or True) замислена во 2002 г. од австралискиот писател и продуцент од компанијата Бијонд Продакшнс (Beyond Productions) Питер Рис (Peter Rees). Дискавери (Discovery) првично го одби предлогот затоа што веќе одобрија снимање серијал со иста тематика. Рис направи некои измени со кои емисијата би се насочила кон проверување на клучните елементи во приказните, а не само на нивно прераскажување. Дискавери (Discovery) се согласи да направи и копродуцира три епизоди т.н. пилот-епизоди. Хајнеман беше само еден од неколкуте мајстори за специјални ефекти од кои беше побарано да снимат видео снимка како дел од аудицијата и да ја пратат во телевизијата на разгледување. Рис порано го имаше интервјуирано како дел од популарниот научен серијал Бијонд 2000 (Beyond 2000) (После 2000-та год.) за британската/американската серија за борба со роботи Робот Ворс (Robot Wars). Хајнеман го побара Севиџ, со кого претходно соработувал при правење реклами, како и во емисијата за борба со роботи БетлБотс (BattleBots), да му помогне во водењето на емисијата, затоа што како што вели Севиџ, Хајнеман се сметал себеси за недоволно интересен па самиот да може да води една ваква емисија.

Во јули 2006-тата год. во Обединетото Кралство започна со емитување 30-минутна преработена верзија на Разоткривачи на митови. Во епизодите кои се прикажуваат на европскиот Discovery Channel понекогаш се вклучени дополнителни сцени кои ги нема во американската верзија (некои од овие сцени потоа ги вклучуваат во специјални емисии).

Членови на водителската екипа Севиџ и Хајнеман се оригиналните Разоткривачи на митови и првично ги истражуваа сите митови користејќи го нивното искуство со специјални ефекти. Двајцата работат во работилницата на Хајнеман М5 Индустрис (M5 Industries). Голем дел од работата ја вршат неговите вработени надвор од рамките на екраните, а во рамките на екраните се прикажуваат двајцата водители како работат во работилницата. Текстот го чита Роберт Ли, а во некои региони неговиот глас се синхронизира со глас на локален читач на текст.

Со текот на времето некои членови на екипата им беа претставени на гледачите и почнаа редовно да се појавуваат во епизодите. Тројца од нив, уметничката Кери Бајрон (Kari Byron), градителот Тори Белечи (Tory Belleci) и металската работничка Скоти Чепмен (Scottie Chapman) во втората сезона беа органзирани во втор тим на Разоткривачи на митови т.н. „Градежен тим” ("Build Team"). Откако Чепмен (Chapman) ја напушти емисијата во третата сезона, Грант Имахара (Grant Imahara), колега на Хајнеман, беше вработен за да му придонесе на тимот со своето искуство во областите на елетрониката и роботиката. Во средината на 2009 г. Бајрон зеде породилно боледување, а нејзиното место привремено го зазеде Џеси Комбс (Jessi Combs). Бајрон се врати во втората епизода од осмата сезона. Градежниот тим сега работи во засебна работилница наречена М7, и истражува различни митови од главната двојка. Вообичаено двата тима се прикажуваат како истражуваат различни митови наизменично, иако повремено работат и заедно.

Во серијалот имаше двајца стажанти: победничката на натпреварување организирано од Discovery Channel Кристин Чембрлен (Christine Chamberlain) и победникот во натпреварот за градење направи Џес Нелсон (Jess Nelson). За време на првата сезона како дел од емисијата се појавуваше фолклористката Хедер Џосеф-Витам (Heather Joseph-Witham) и го објаснуваше потеклото на некои од митовите кои ги проверуваа и кажуваше за луѓето кои нив ги искусиле од прва рака, но тие делови набрзо беа исфрлени од емисијата. Разоткривачите на митови сè уште често се советуваат со стручњаци за митови и области во кои имаат потреба од помош како: огнени оружја, за кои најчесто бараат совети од подофицерот Ал Норманди (Al Normandy) од полициската единица за јужен Сан Франциско, и експлозиви, за кои се консултираат со пензионираниот стручњак за експлозиви на ФБИ Френк Дојл (Frank Doyle) и наредникот Џеј Ди Нелсон (J.D. Nelson) член на Бирото на Шерифот во округот Аламида (Alameda County Sheriff's Office). Исто така, Разоткривачите ги прашуваат и оние кои ги снабдуваат со опрема дали знаат нешто за митот кој го истражуваат.

Епизоди Нема постојан систем за организирање на епизодите на Разоткривачи на митови по сезони. Програмата не оди според вообичаениот календар со периоди кога се и не се емитува емисијата. На официјалното мрежно место епизодите се подредени по година на емитување. Од друга страна, Дискавери (Discovery) продава ДВД колекции по „сезони” кои некогаш се според календарската година, а некогаш и не се. Покрај тоа, Дискавери (Discovery) и продавниците на мало продаваат и „комплети” во кои епизодите се поделени на различен начин со тоа што секој комплет содржи од 10 до 12 епизоди од различни сезони.

Содржина на епизодите Секоја епизода вообичаено разработува две или три урбани легенди, гласини на Интернет или друг вид на митови. Списокот на митови кои ги проверуваат во емисијата се прави од многубројни извори, вклучително со личните искуства на екипата и предлози од љубителите на емисијата, како што се оние објавени на интернет форумите на Дискавери Ченл (Discovery Channel) посветени на Разоткривачите на митови. Од време на време, епизодите се режирани на тој начин што сите митови во дадената епизода се на иста тема, како на пример пирати или ајкули, и ги нарекуваат „Специјални тематски” епизоди. Заклучно со мај 2009 г. за четири митови беа потребни толку обемни подготовки и испробувања што на нив беа посветени цели епизоди. и четири специјални епизоди траеја двојно подолго. Имаше неколку епизоди (вклучително со Специјалната празнична емисија во 2006-тата год.) во кои се градеше Руд Голдберговата машина (машина која има за цел да врши едноставни задачи на што покомплициран начин). Пред водителите да го претстават митот се прави шематски план со цртеж поврзан со митот. Откако ќе го претстават вообичаено следува комичен приказ на митот.

Пристап кон опитите Разоткривачите на митови проверката на митовите вообичаено ја прават со постапка составена од два чекори. На почетокот тие беа, како што вели Севиџ, создавање на истите околности од митот и добивање на истите резултати/последици како оние од митот. Ова значи дека тимот најпрво се обидува да ги создаде истите услови кои се наведени во митот, да видат дали ќе го добијат истиот резултат или последица, а доколку не им успее, се обидуваат да ги изменат околностите сè додека не го добијат посакуваниот резултат/последица. Повремено, и тоа најчесто Хајнеман и Севиџ, се натпреваруваат меѓу себе кој ќе го пронајде најдоброто решение за реплицирање на резултатите. Ова најчесто е случај со митови во кои треба да се изгради некој предмет или конструкција кој/а треба да постигне одредена цел (на пример брзо ладење на пиво или пронаоѓање на игла во сено).

Нема некој посебен метод кој тимот задолжително го употребува во поглед на физичка постапка, но повеќето митови наложуваат изградба на разни предмети или конструкции кои помагаат при проверувањето на митот. Ги користат нивните работилници да го направат она што им треба, а тука неретко спаѓаат механички направи и сценографија која ќе ги имитира условите од митот. Кога митот вклучува интеракција меѓу луѓе, доста често таа се изведува механички (со вештачки кукли) за поголема безбедност, како и за постигнување на доследност при повторени обиди. Методите за проверување на митовите се планираат и изведуваат на начин на кој се добиваат визуелно повозбудливи резултати,This is self-acknowledged in Season 2's Bathtub Electrocution myth: [Announcer:] "...but it wouldn't be MythBusters without pyrotechnics; so Adam's rigged up a flashpot to ignite when [a lethal electrocution occurs]." Tory also dubs this "the Mythbuster way." а тоа се постигнува со: експлозии, пукање, и/или судири на возила. Токму поради ова доста чести се митови и тестови кои вклучуваат експлозиви, огнени оружја и судири на возила.

Некои од тестовите се изведуваат само во работилницата, но често има потреба од испробување надвор. Поголемиот дел од испробувањата во првите сезони кои требаше да се изведуваат надвор се изведуваа на паркиралиштето на М5 (работилницата). Исто така користат контејнер за пренесување на товар кој служи како изолирана соба при опасни митови, а опитот се активира однадвор. Меѓутоа, зголемувањето на буџетот овозможи патување на други локации во Сан Франциско и околината. Такви се одредени затворени воени објекти и полигонот за вежби на бомбашката единица и единицата за огнено оружје на Шерифот. Од време на време, главно за специјални епизоди, се снима надвор од државата, па дури и надвор од САД

Резултатите се мерат на начин кој научно соодветствува на дадениот опит. Некои резултати може да се измерат со едноставни стандардни бројчени средства за мерење како мултиметар, разни видови топломери итн. За мерење резултати кои немаат бројни вредности тимовите употребуваат неколку различни видови на опрема која овозможува друг вид на надгледување. Кога испробуваат физички последици по човечкото тело кои би биле премногу опасни да се испробуваат на жив човек, Разоткривачите на митови користат човечки имитации. Во почетокот претежно користеа кукли за испробување на судири (особено една, која ја именуваа Бастер (Buster)) при набљудување на директни последици од некој вид на удар (пример модринки) и балистички желатин за испробување на влезни рани (пример убод со нож). Со текот на времето започнаа да употребуваат свински трупови во опити во кои е потребна подобра имитација на човечко месо, коски и органи. Исто така понекогаш прават калапи од вистински или вештачки коски и балистички желатин за да имитираат одредени делови од телото.

Со цел визуелно да можат да ги набљудуваат и определуваат резултатите или последиците од митовите, но и како уникатни визуелни ефекти во емисијата употребуваат камери за мерење големи брзини кои станаа заштитен знак на серијалот.