Сегашната ситуација за човековите права во Европа во целина многумина веруваат дека е добра. Сепак, постојат неколку човекови права кои наводно претставуваат проблем и се однесуваат на проблемите од третманот кон оние што бараат азил преку полициската бруталност па сè до различни прекршувања на судските права и слободи на деловните луѓе според бирократските регулаторни подрежими. Одредени европски држави се спомнати во претходните извештаи на Амнести Интернешнал (Amnesty International) за различни човекови права кои се прекршени. Еден од главните обвинети е Белорусија, која што претставува единствената држава во Европа која се смета за „авторитарна“ од страна на Економист. Сите други држави се сметаат дека имаат „одредени форми на демократски влади“, кои или претставуваат „целосни демократии“ или „демократии со недоследности“ или пак претставуваат „хибридни режими“.
__TOC__
Историја на човековите права во Европа
Историјата на човековите права во Европа е одбележана со контрадикторна комбинација на законодавството и интелектуалниот напредок од една страна, и прекршувањата на основните човекови права во колониите на европските држави и во самите европски држави од друга страна.
Развој на човековите права пред 1945 година
1215: Големата повелба 1367: Законите од Килкени 15 до19 век: Трговија со Африкански робови. 1529: Законите од Литванија. 1550-1551: Бартоломеј де ла Касас дебатира со Хуан Гинес де Сапулвед за човековите права (дебатите од Ваљадолид) 1650-1660: Језуитскиот свештеник Антонио Виеира се бори за човековите права на домородното население на Бразил и добива кралски декрети дека Бразилското домородно население нема да се пороби 1689: Декларација за правата(Bill of Rights). Англија (документ за слободите и правата на субјектите) 1689: Декларација за права(Claim of Right). Шкотска. 1690: Вториот трактат од граѓанскаа влада од Џон Лок Меѓу 1750 година и 1860 година: поголем дел од актите за заградување на територијата на Велика Британија, акти на Парламентот на Обединетото Кралство за заградување на заедничката земја во државата им ги призна правата за приватно сопстевеност. Луѓето често дереа животни на овие полиња кога не биле посадени со житни култури и нивните сопственици продолжија да го прават ова и подоцна. Н.Б. Вообичаеното именување е затворање (анг.Enclosure) но ова не претставуваат истите акти. 1772: Британскиот суд заседаван од Вилијам Мареј, 1 гроф од Менсфилд постави преседан дека ропството нема правна основа. 1781: Укинување на кметството во државите на Хабсбург од императорот Леополд II (во Бохемија (Чешка), Моравија и Австриска Шлеска) 1783: Укинување на кметството во првата германска држава, Баден, 1810 Прусија. 1789: Декларација за правата на мажите и на граѓаните, Франција. 1790: Правата на мажите од Томас Пејн. 1794: Франција го укинува ропството. 1802: Франција повторно го воведува ропството. 1804: Кодексот на Наполеон. Франција и француските освојувања под режимот на Наполеон. 1807: Укинување на трговијата со робови од Британија (но не и на ропството). 1832: Британскиот Акт за реформи ги прошири правата на гласање и ги прогласи за законски синдикатите. 1833: Укинување на ропството од Британија. 1845: Уште еден акт на Обединетото Кралство за оградување на имотот кој овозможи за вработување на Комесари за оградување кој ќе можат да го заградат земјиштето без да се поднеси службено барање до Парламентот. Во однос на правата за приватна сопственост за претходно не заграденото земјиште се проширија. 1848: Укинување на ропството од Франција. 1859: На слобода од Џон Стјуарт Мил. 1861: Укинување на кметството во Русија. 1863: Укинување на ропството во Холандија. 1867: Вториот Акт за реформи на Британија ги зголеми правата на гласање до сите мажи кои поседуваат домаќинство во урбаните средини. 1884: Британскиот акт за претставување на луѓето го прошири правото на глас од мажите во градовите до мажите во селските средини. 1906: Финска воведи универзално право на глас на националните избори како прва Европска држава. Во 1917 година ова беше применето и за локалните избори. 1918: Уште еден Акт за претставување на луѓето на Британија беше донесен што ги отстрани сите пречки за гласање на машката популација, овозможувајќи им речиси на сите мажи да гласаат и исто така им овозможи право на глас на жените постари од 30 години доколку тие поседуваат имот. 1932-1945: Холокаустот. Универзалното право на глас се воведе во следниве Европски години во соодветните години: Финска – 1906 година (забелешка: Финска како прва држава во светот им даде парламентарно право на жените во 1906 година. Нов Зеланд им овозможи право на глас на жените пред Финска но не им даде право да бидат кандидатки на избори). Норвешка—1913 Данска—1915 Исланд—1915 Русија—1917 Литванија—1917 Летонија—1917 Естонија—1917 По поразот на Централните сили во Првата светска војна Австрија—1918 Германија—1918 Унгарија—1918 Полска—1918 Чехословачка—1918 Луксембург - 1918 Холандија - 1919 Шведска—1919 Ирска—1922 (стекна независнот) Романија—1923 Обединетото Кралство—1928 Турција—1930 Португалија—1931 (жените го изгубија правото на глас под режимот на Салазар и повторно беше воведено во 1975 година) Шпанија—1931 (но жените го изгубија правото на глас под режимот на Франко и не гласаа сè до 1976 година кога беше повторно воведено) Франција—1944 Италија- 1946
1945-1984
1954–62: Измачување на Французите врз Алжирците за време на Алжирската војна за независнот. 1954-1956: Измачување и убивање на најмалку 50.000 Кенијци, можеби и повеќе, од страна на Британците за време на востанието на Мау Мау. Владата ги санкционира злоупотребата на Човековите права што доведе до масакар во Европа : Парискиот масакар од 1961 година Крвава Недела (1972 година) 1978: Пресуда на Европскиот суд за човекови права дека измачувањето на Британската влада на осомничен член на ИРА претставува „сурово и нечовечко однесување.“ Универзалното право на глас беше воведено во следниве држави во следниве години: Италија—1945 Југославија—1946 Малта—1946 Белгија—1948 Грција—1952 Кипар—1960 Сан Марино—1960 Монако—1960 Швајцарија—1971 Португалија—1975 Шпанија—1976 Лихтенштајн—1984 Со основањето на Европскиот комитет за социјални права, човековите права се заштитија од националните закони (Устави...)
Од 1984 година до денес
По колапсот и распаѓањето на Советскиот Сојуз, историјата за големи прекшувања на правата на човекот кои се случија на негова територија беа обелоденети. Ситуацијата оттогаш се подобри во поголем дел од поранешните комунистички држави во Европа, главно во оние од Средна Европа. Овие средноевропски држави се усогласија со ЕУ (повеќето од нив станаа и членки на Унијата во 2004 година) и претрпија ригорозни реформи во законите за човекови права, осовено во поглед на слободата на говорот и религијата и заштитата на малцинствата, особено на Ромите. Сепак, поранешните држави од Советскиот Сојуз имаа значително побавен напредок. И покрај тоа што Белорусија стана членка на Советот на Европа, постојани конфликти меѓу сепаратистите од малцинските групи во Кавказот, значеше да речиси сите влади во овие држави донесоа ригорозни закони со цел да се ограничат можностите за појавување на отпор. Во Летонија, државјанството, користењето на мајчиниот јазик и дискриминацијата врз основа на етничка припадност се главните и големи проблеми за руското малцинство во Летонија. Во моментот, една половина од заедницата која зборува руски во Летонија се граѓани на Летонија, додека пак оние кои припаѓаат на другата половина немаат државјанство на која било држава во светот. Тие се дел од посебната правна категорија на „нежители на Летонија“. Во одредени сфери нивниот статус е сличен на оние граѓани на Летонија (на пример – конзуларна поддршка во странство) во некои сфери нежителите имаат помали права отколку странците (неодамнешните имигранти од земјите на ЕУ можат да гласаат на општински избори и избори за ЕП но нежителиет на Летонија не можат да гласаат). Од 2004 година повеќето предмети во средното образование за руските малцинства мораа да се учат на летонски. Оваа практика се вика „двојазично образование“. Со текот на годините по воведувањето на двојазичното образование процесот на образование во руските училишта се влоши. Државата не воведе задолжително билангвално образование во училиштата кај летонското мнозинство со цел да спречи исти проблеми за летноските деца. Државата прекина со обуката за наставници кои можат да предаваат на рукси (исклучувајќи ги наставниците по руски јазик и книжевност). Владејачките летонски партии никогаш не ги земаат предвид мислењата на локалното руско малцинство во процесто на донесување на одлуки во врска со државјанството, јазикот и иднината на училиштат на малцинствата. Демократијата во Летонија е ограничена и по карактер е етничка. Државјаните на Летонија од руско потекло имаат многу малку претставници во повисоките нивоа на државната администрација. Веќе подолг период летонската влада нема избрано министер од руско потекло, ретки исклучоци се руските судии, шефови на владини сектори или професори на државни универзитети. Оваа ситуација е резултат на непишаните правила за етничка наклонетост. Руското малцинство во Летонија е во опаѓање поради емиграцијата и негативниот наталитет. Морталитетот меѓу Русите во Летонија е поголем отколку меѓу Летонците во Летонија или Русите во Русија. Ова може да се објасне со делумно неповолните општествени услови што се појавија во летонските градови, по спроведеното уништување на индустриската економија на почетокот на деведесеттите. Самата Белорусија, често се опишува како „последната диктатура во Европа“, и понатаму има шокирачки рекорди во поглед на човековите права, барем во споредба со европските соседи. Печатот е строго цензуриран и контролиран од владата и слободата на говорот и протест се забранети. Иако постнезависните избори во Белорусија ги исполнуваат пошироките форми на демократија, изборните набљудивачи ги опишаа како недоволно убедливи. Русија, самата имаше одредени дискутабилни политики (како што е менување на избраните гувернери со назначени, и цензура на печатот) тврдејќи дека многу од овие мерка се потреби за да се одржи контрола врз нестабилната кавкаска граница, каде се сместени неколку бунтовнички групи. Сепак, таа се смета за демократија и според Економист се смета за „хибриден режим“. По колапсот на комунизмот во Југославија, државата која опстојуваше под моќното владеење на Јосип Броз Тито, неколку држави од која беше составена прогласија независнот. Она што следеше се неколку години на крвави конфликти бидејќи доминантната нација, Србија, се обиде да ги задржи државите сплотени и потоа наместо да се држи до српско населените места од соседните нации со цел да направи „Голема Србија“. Во рамките на самата Србија постоеше конфликт во регионот на Косово, каде што Србите се малцинство. Сегашните шест држави од поранешна Југославија (Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Србија и Словенија) се во различни фази на развојот на човековите права. Словенија, која најмалку страдаше во југословенските војни, пристапи кон Европската Унија и се смета дека има добра политика во однос на човековите права. Хрватска, Република Македонија и Црна Гора, коишто создадоа стабилни влади, имаат соодветно ниво за почитување на човековите права со само одредени критики за однесувањето кон српските и албанските малцинства. Хрватска е, исто така, кандидат за ЕУ.