Холандски гулден или холандски флорин (хол. Nederlandse gulden) (ISO 4217: NLG бројчен код: 528) е поранешна национална валута на Холандија.

На 1 јануари 1999 год. тој бил заменет од еврото као сметководствена валута. Замената на парите во оптек била извршена на 1 јануари 2002 година. Како законско срдство за плаќање гулденот важел до 28 јануари 2002 година.

Ознаката на валутата ƒ потекнувала од една постара валута - флорин (хол. florijn).

Историја Грофот Вилхелм V од Холандија и Зеланд прв ги исковал гулдените во Холандија во 1378 година. Поедини кнезови исто така ковале гулдени. Холандската држава настанала во 1581 г. со основањето на Републиката на седумте обединети провинции. Гулдените во Холандија биле ковани од 1601 година. Во 1814 година бил преуреден монетарниот систем во Обединетото Кралство Холандија.

Холандската национална банка прва во Холандија почнала да печати хартиени пари. Овие банкноти станале законско средство за плаќање во 1904 година.

Монети и банкноти од 1945 до 2000 г. До воведувањето на еврото во оптек биле: монети: 5 центи (Stuiver), 10 центи (Dubbeltje), 25 центи (Kwartje), 1, 2½ (Rijksdaalder), 5 гулдениМонетите од ½ цент биле повлечени од оптек во 1948 г.; оние од 1 цент биле укинати на 1 март 1983 г.Монетите од 5 гулдени во употреба биле воведени на 1 мај 1988 год. банкноти: 10, 25, 50, 100, 250, 1000 гулдениБанкнотите од 20 гулдени важеле до 1970 год.; банкнотите од 5 гулдени биле повлечени од оптек во 1990 г.Банкнотите од 50 гулдени се појавиле во 1981 год., а оние од 250 гулдени во 1986 година.

Воведување на еврото Курсот за размена изнесувал 1 Euro = 2,20371 NLG . ISO 4217 ознаката на валутата била NLG. Монетите се разменувале до 1 јануари 2007, додека рокот за банкнотите е до 1 јануари 2032 г.

Гулденот, како валута, сè уште постои на Аруба (Арубиски гулден) и на другите холандски острови во Карибите (Холандскоантилски гулден).

Наводи

Гулден Категорија:Холандија Категорија:Валути заменети со еврото Категорија:Поранешни валути