мини|десно|200п|Печат на Битолскиот револуционерен округ на Македонската револуционерна организација Битолскиот револуционерен округ бил дел од структурата на Македонската револуционерна организација. Округот го опфаќал Битолскиот Вилает во Отоманското Царство. Тој бил најдобро организиран, опремен и вооружен, масовно востанал во екот на Илинденското востание, поради што и најмногу сериозно настрадува. По востанието округот е заплиснат од четите на Елиномакедонски комитет и Српското четничко движење, борбите траеле до Младотурската револуција. Округот Егзистирал од 1894 до 1908 година.
Во текот на Првата балканска војна, револуционерите од битолскиот округ ги помагале српските и грчките војски против Отоманското Царство. Во текот на Втората балканска војна и Првата светска војна дел од поранешните револуционери на округот ја помагаат бугарската војска. Во 1919 година Тодор Александров ја формирал ВМРО (Автономистичка) и во духот на старата организациска поделба го возобновил Битолскиот револуционерен округ иако неговата територијата била поделена помеѓу Кралството Југославија и Кралството Грција.
Основање мини|десно|150п|Даме Груев По формирањето на Македонската револуционерна организација во Солун на 23 октомври 1893 година, во летото 1894 година Даме Груев презел една обиколка низ Битолскиот Вилает, при која ги основал првите револуционерни комитети на организацијата и ги поставил основите на Битолскиот револуционерен округ. Во текот на обиколката биле формирани комитети во Прилеп, Битола, Ресен, Охрид и СтругаДимитар Димески, Македонското национално движење во Битолскиот Вилает (1893-1903), II издание, Скопје, 1982.
Набргу во Организацијата се вклучиле Пере Тошев и Ѓорче Петров кои придонеле за разгранување и заврстување на овој Округ. По Солунскиот конгрес, Прилепската револуционерна околија на чело со Петар Поп Арсов, добила специјален статус, можност директно да кореспондира со централниот комитет на Организацијата.
Во 1898 година Павел Христов создал револуционерен комитет во Костур, а во учебната 1899-1900 година Георги Поп Христов организирал револуционерен комитет во Лерин на чело со Филип Георгиев. Во 1899 година Даме Груев бил интерниран од османлиската власт во Битола, каде што активно се зазема со дејност за зацврстување на округот, поддржан од Тома Николов, Георги Пешков и Ацо Дорев. Го засилиле месниот комитет и агитација во околните села. Во 1900 година во Битола пристигнале Васил Пасков, Михаил Герџиков и Славејко Арсов. Во периодт меѓу 1895 - 1902 година излегувал и хектографираниот весник „На оружје“. Битолскиот револуционерен округ се состоел од:
Прилепска револуционерна околија Битолска револуционерна околија Ресенска револуционерна околија Охридска револуционерна околија Леринска револуционерна околија Костурска револуционерна околија Кичевска револуционерна околија Крушевска револуционерна околија Демирхисарска револуционерна околија
Четнички институт
thumb|250px|десно|Војводата Јордан Пиперката (седнат долу на сликата). Се започнало со купување на материјали, а во Костурско започнала да дејствува чета на Коте Христов и во Леринско била формирана првата агитаторска чета во на Марко Лерински. Фактички раководител на округот бил Даме Груев, и покрај фактот што тој бил затворен во битолскиот затвор во август 1900 година.
Во 1900 година, Лазар Киселинчев и Васил Чекаларов организираале таен канал за купување и пренесување на оружје од Грција во југозападна Македонија. Во 1901 година избувнала Иванчовата афера во Костурско, во која многу локални дејци биле уапсени, а големо количество на оружје е запленето. Во 1902 година Гоце Делчев извршил инспекција низ Костурско. Подоцна истата година раководителите на Орагнизацијата се спротивставиле на полковникот Атанас Јанков.
Во 1900 година, Никола Русински бил испратен од Гоце Делчев на чело со една организационо-агитациона чета. Тој требало да врши обука и агитира сред населението. Во периодот помеѓу 1900 - август 1901 година, доаѓа до развој на четничкиот институт, се формираат чети во Демирхисарско, Крушовско, Кичевско, Прилепско од август до ноември 1901 година, Охридско и Струшко од ноември 1901 до декември 1902 година, битолско и Мариово до 1903 година.
Во четата на Русински се обучувале Јордан Пиперката, Веле Марков и Ѓурчин Наумов - Пљакот - крушовски војводи, Ванчо Србаков - поречки војвода, Тасе Христов - малешевски војвода, Ѓорѓи Сугарев и други.
Ново раководство Поради заточеништвото на Даме Груев во Подрум Кале и компромитирање на некои од дејците во Округот, бил избран нов окружен комитет на чело со Георги Поп Христов, секретар Георги Сугарев, секретар Ацо Дорев, советници: Анастас Лозанчев, Георги Пешков и Неделко Дамчев. Во битолскиот градски околиски комитет влегле Александар Ефтимов, Кирил Лозанчев, Лука Ѓеров и други Спомени на Георги Попхристов. Во периодот меѓу 31 декември - 1 јануари 1902 година се одржало советување свикана од Гоце Делчев во Загоричани, на него присуствувале Михаил Николов за Костур, Андреј Кожухаров за Лерин, Георги Поп Христов за Битола и Михаил Чеков, а од војводите присуствувале Марко Лерински, Васил Чакаларов, Лазар Младенов, Пандо Кљашев, Славејко Арсов и Кузо Стефов.
Крушевска афера
Аферата со оружјето започнала во месец февруари 1902 година, кога фатениот од отоманската полиција пренесувач на оружје, Јосиф Петков од с. Жабјани, познат како Јосиф Жабјанец, подложен на страотни мачења го открил својот соработник, крушевчанецот Никола Михајлов, познат како Миха Х'ча Кола. Како резултат на оваа провала, наскоро во битолскиот централен затвор биле затворени луѓе со најразлични занимања: учители, свештеници, кираџии, занаетчии, трговци итн, меѓу кои се наоѓале и имињата на Петар Ацев, браќата Ашлакови, Јанаки Забле, Таќу и Фанија Љакови итн.
Полицијата пристапила кон темелно претресување на сите куќи по списокот. Благодарение на тоа што целокупното оружје и материјали биле навреме пренесени во нови скривници, а старите канали и врски биле заменети со нови, полицијата не успеала да пронајде ништо. Двајцата затворени крушевски учители, Христо Чивчиев и Христо Павлов, ги издржале страотните мачења и не ги предале тајните на Организацијата. Крајно измачени и претепани, овие биле одведени на натамошни тортури и во Битолскиот централен затвор, но и таму продолжил нивниот молк. На крајот властите ги ослободиле. X. Чивчиев и X. Павлов останале верни на својата заклетва. На тој начин оваа опасна провала не и нанесла поголеми штети на Крушевската револуционерна организација ПРЕДАВСТВАТА И АТЕНТАТИТЕ ВО МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА Автори Виолета Аковска и Никола Жежов,Скопје,2004 год.
Илинденско востание
Подготовки мини|десно|350п|мини|десно|Баба Велика од Смилево Смилевскиот конгрес, како конгрес на Битолскиот округ, според решенијата донесени во Солун, требало дефинитивно да ја потврди одлуката за кревање востание. Во таа насока се развила остра дискусија, во која се јавила струја која сметала дека условите за сенароден бунт сè уште не се созреани. На првиот ден од конгресот од излагањето на делегатите било утврдено дека Прилепскиот, Битолскиот, Кичевскиот и некои делови на други реони не се достатно подготвени. Најдобро подготвени биле Ресенскиот реон, Костурскиот, Демирхисарскиот, неколку села од Битолскиот реон, како што се Смилево, Ѓавато и Цапари, додека Охридско располагало само со 1.400 пушки. Меѓу делегатите се јавиле лица кои биле против востание во текот на таа година како што биле: Ѓорѓи Сугарев, Петар Ацев, Тале Христов, Никола Карев, Никола Петров Русински и други. Во една крајно напната атмосфера по повод острите расправии околу решението за востание. Несогласувањата ги прекинал Даме Груев, кој како еден од основачите на ТМОРО и претставник на неговиот Централен комитет, уживал огромен авторитет. Според сеќавањата на Пандо Кљашев, тој рекол:
Конгресот уште од првото заседание започнал со донесување на одлуки за кревање на востание. Бил избран Главен штаб за II Битолски револуционерен округ, а тој требало да раководи со подготовките за востанието и со самото востание. За членови на Главниот штаб биле избрани: Даме Груев, Борис Сарафов и Атанас Лозанчев, а како нивни заменици биле избрани Георги Поп Христов, Петар Ацев и Лазар Поп Трајков. Членовите на ГШ биле избрани со јавно гласање, додека пак нивните заменици со тајно гласање Васил Чакаларов „Дневник 1901-1903 г.“. Конгресот донел и непротоколарно решение, доколку пристигнат нови сили , како Ѓорче Петров, Пере Тошев и Христо Матов, тие по автоматизам да влезат во Штабот.
Во јуни по барање на Централниот комитет бил изработен Општ план за востанието Георгиев Величко и Стайко Трифонов, История на българите 1878-1944 в документи, т.I, 1878-1912, част втора, София, 1996. Во овој план било истакнато дека во согласност со одлуките на Солунскиот конгрес и советувањата во Софија, треба да се води герилска борба. Четите требало да дејствуваат насекаде и во исто време, без да се крене народот. Целта не била да се победи Турција, туку таа да не може да ги победи востаниците. Востанието требало да биде послабо но долготрајно и борабата требала да се води до зимата, а повторно да се прогласи идната пролет. Востанието требало да почне кога ќе созреело житото и ќе се зголемела ноќта во јули. Според Општиот план, Битолскиот револуционерен округ го сочинувал: I востанички округ - Битолски, а во него влегувале: Битолско, Охридско, Дебарско, Кичевско, Крушевско, Прилепско, Велешко, Мариовско, Костурско и Леринско
I востанички округ - Битолски
На празникот св. Илија во Смилево со 200 востаници влегол Главниот штаб. Според турските документи при првиот напад на Смилево загинале 8 турски војници, а 14 биле ранети. На 3 август Генерал штабот наредил евакуација на целото население кое не е способно да се бори во месноста Голем Гар, а до пладне Смилево било празно. Откако сите обиди на османлиската војска да го заземе Смилево биле пресечени, Борис Сарафов заминал за Охридско, а Атанас Лозанчев за Демирхисарско и Кичевско. По нивното заминување во следните 20 дена во околината Смилево не се појавила османска војска и башибозлук. Во тој период под раководство на Стојан Донски биле преземени мерки за утврдување на Смилево, биле ископани одбранбени ровови со што се зацврстиле одбранбените востанички позиции. Населението кое не било способно да се бори и понатаму се наоѓало во збегот Голем Гар каде биле орагнизирана заедничка исхрана, а биле преземени мерки за негова заштита.
Во изработка на планот за заземање на Крушево непосредно учествувал и револуционерот - бившиот офицер Тодор Христов кој претходно влегол во градот и ги скицирал објектите за напади: касарната, конакот, беледијата (општината), поштата и другите владини и државни установи, како и поважните пунктови во градот. Во осум воени групи биле распоредени 750 вооружени востаници под команда на добро подготвени началници - војводи. На 4 август во градот влегува Штабот на Крушевските востаници свечено дочекан од народот. При овој дочек, началникот на Штабот, Никола Карев одржал пред ослободените граѓани револуционерен говор, прогласувајќи ја првата Македонска Република и повикувајќи го народот да избере привремена републиканска влада.