thumb|300px|Припадници на племето Зулу во Натал Јужна Африка е позната по својата етничка и културна разновидност. Оттаму, не постои една единствена култура на Јужна Африка. Во Јужна Африка сè уште има значителен број црно население кое живее во руралните средини и кое живее сиромашно. Сепак, кај овие луѓе најмногу се почитува традицијата, бидејќи многу црнци се урбанизирале и го прифатиле западниот начин на живот, а ја занемариле традиционалната култура. Урбанизираните црнци зборуваат англиски, но го зборуваат и својот мајчин јазик, африканс. Тие се мала но значајна група која ги зборува Којсанските јазици, кои не припаѓаат во групата на единаесетте службени јазици, но се едни од други девет признати службени јазици. Постои мала група која ги зборува јазиците на праг на изумирање, тоа се најчесто којсански семејства, кои немаат никаков статус. Сепак, некои групи во Јужна Африка се обидуваат да ја промовираат употребата на јазиците и нивното оживување.

Припадниците на средната класа, кое вклучува и црно и бело население, индиско население, имаат сличен начин на живот како луѓето од Западна Европа, Северна Америка, Австралија и Азија. Припадниците на средната класа најчесто учат и работат во странство за подобар пристап до светските пазари.

Индијците од Јужна Африка го зачувале своето културно богатство, јазик и религиозни верувања без разлика на тоа дали се христијани, хиндуисти или сунити или луѓе кои го зборуваат англискиот јазик. Индиските јазици како што се хинди, телушкиот, тамилскиот и гуџаратскиот се зборуваат многу поретко како втор јазик. Првите Индијци пристигнале со бродот Труро за да работат како чираци на полињата со шеќерна репка во Натал, додека пак други дошле како трговци. Бранот имиграција по апартхејдот на Јужна Азија ( вклучувајќи го и Пакистан ) исто така влијаел врз културата на Индијците од Јужна Африка. Постои помала заедница на Кинези од Јужна Африка, составена од првите имигранти, имигранти од Тајван од времето на апартхејдот и имигранти од Кина од времето после апартхејдот.

Државата на Апартхејдот законски ги класифицирала Јужноафриканците во една од четирите расни групи, одредувала каде би можеле да живеат и наметнала сегрегација во образованието, можностите за работа, јавните удобности и социјалните односи. Иако овие закони биле укинати во раните 1990-ти, расните категории на апартхејдот остануваат вкоренети во јужноафриканската култура, со тоа што Јужноафриканците продолжиле да се класифицираат себеси и едни со други, како што припаѓаат на една од четирите дефинирани расни групи (црни, бели, обоени и Индијанци), што го отежнува дефинирањето на една јужноафриканска култура која не се повикува на овие расни категории.

Историја

Уметност

Најстарите уметнички предмети се откриени во пештера во Јужна Африка. Тоа се мали школки во форма на полжав кои се нижеле на конец и служеле како ѓердан, а датираат од пред 75000 години. Јужна Африка е лулка на човековиот род.

Распрснатите племиња на етничката група Којсанци , која се населила во Јужна Африка 10.000 години п.н.е, имаат свој сопствен уметнички стил претставен на мноштвото цртежи во пештерите. Овие цртежи биле заменети со јазични уметнички форми на етничката група Банту. Во 12 век, традиционалните племенски уметнички форми биле заменети и повторно соединети со политиките на апартхејдот. Една форма на уметност се развила во периодот на апартхејдот. Оваа нова карактеризација била наречена „Граѓанска уметност“ и станала вообичаена во 1960-тите и 1970-тите. Овој уметнички стил имал тенденција да прикажува сцени од секојдневниот живот на сиромашните црни поединци во Јужна Африка.

Нови уметнички форми се создале во рудниците и областите, динамична уметност претставена од пластични ленти до велосипедски жици. Уште од 1850-тите години, холандската народна уметност, која влијаела врз африканските Трекбури и урбаните бели уметници сериозно ја следеле промената на европските традиции, воедно и придонеле за оваа еклектична мешавина која се развива и денес.

Архитектура

Архитектурата на Јужна Африка ја отсликува богатата етничка и културна разновидност на земјата и нејзиниот историски колонијален период. Понатаму, влијанијата од други подалечни земји придонеле во разновиодноста на архитектонската сцена на Јужна Африка.

Херберт Бејкер, еден од највлијателните архитекти, ги дизајнирал Јунион Билдингс во Преторија. Други позначајни објекти се Родсовиот Меморијал, катедралата „Свети Ѓорѓи“ во Кејптаун и колеџот „Свети Јован“ во Јоханесбург.

Во почетокот на 17 век значајна е архитектурата на Холанѓаните од Западен Кејп, а самото име го дава потеклото односно дека првите населувачи на Кејп биле Холанѓаните. Овој стил ја отсликува средновековна Холандија, Германија, Франција и Индонезија. Куќите градени по овој стил имаат различен и препознатлив дизајн, тие се големи, богати со кружни калкани кои потсетуваат на куќите од Амстердам градени во холандски стил.

Руралните пејзажи на Јужна Африка изобилуваат со традиционална африканска архитектура.

Литература

Од единствената социјална и политичка историја на Јужна Африка се родила група на писатели од месната средина кои твореле за деновите на апартхејдот и за животите на луѓето во „новата Јужна Африка“.

Првите црни писатели на Јужна Африка се мисионерски образовани, а пишувале на англиски или африкански. Муди е првиот добро познат роман напишан од Соломон Текисо Платје во 1930 година на африкански јазик.

Надин Гордимер ја сметаат за една од „герилците на имагинацијата“, а е првата Јужноафриканка и една од осумте жени која добила Нобелова награда за литература во 1991 година. Нејзиниот најпознат роман е Луѓето на јули издадена во 1981 година, во кој е насликан колапсот на правото на белото малцинство.

Драмите на Атол Фугард се играле во дополнителни театри во Јужна Африка, Лондон и Њујорк. Приказната на една африканска фарма од Олива Шрејнер (1883 година) е откровение за викторијанската литература, а претставува предвесник во воведувањето на феминизмот во романот.

Алан Патон во 1948 година го издал романот Плачи, сакана земјо. Тој раскажува за еден црн свештеник кој доаѓа во Јоханесбург да го пронајде својот син, а романот станува меѓународно најбарана книга. Во текот на 1950-тите години, списанието Drum станува легло на политичката сатира, фикција и есеи, давајќи и глас на урбаната култура на црнците.

Писателите кои пишувале на африкански јазик започнале да пишуваат и контроверзно. Брејтен Брејтенбах бил затворен поради неговото вовлекување во герилското движење против апартхејдот. Андре Бринк е првиот африкански писател на кого владата му забранила да издава веднаш по издавањето на неговиот роман Бела сува сезона, во која се работи за бел Јужноафриканец кој ја открива вистината за црн пријател кој умира во полициски притвор.

Џон Роналд Руел Толкин роден во Блумфонтејн во 1892 година, го напишал Хобитот, Господарот на прстените и Силмарилион.

Поезија

Монган Воли Серот станал истакнат поет во 1970-тите години, чие најпознато дело е Ниедно бебе не мора да плаче, го отсликал секојдневниот живот на црните Јужноафриканци под апартхејдот. Закес Мда е уште еден познат романописец, кој во ист временски период станал и поет и драматург и романописец. За неговиот роман, Срцето на Црвенилото добил Награда за писателите на Федерацијата. Џон Максвел Куци за првпат издал во 1970-тите години, а во 1983 година за неговиот роман Животот и времето на Мајкл К. ја добил Букеровата награда. За романот Бесчестие од 1999 година ја доби втората Букерова награда како и Награда за писателите од Федерацијата во 2000 година. А во 2003 година ја добил Нобеловата награда за литература.

Филм

Додека многу странски филмови се продуцирани за Јужна Африка (најчесто во нив станува збор за расни односи), неколку месни продукции се познати надвор од границте на Јужна Африка. Исклучок е филмот од 1980 година, „Боговите паднаа на теме“, поставен во Калахари. Станува збор за тоа како животот на една традиционална заедница на Бушманите се менува кога шише од кока-кола било фрлено од авион. Џејми Јуис, кој го напишал и режирал филмот „Боговите паднаа на теме“, а во 1970-тите години се здобил со успех во прекуокеанските земји со неговите филмови Смешни луѓе 1 и 2 , слични на телевизискиот серијал Скриена камера во САД. Во истиот жанр спаѓа и филмот на Леон Шустер, Мора да се шегувате! кој е доста познат меѓу Јужноафриканците.

Филмот Дистрикт 9, кој го режирал Нил Бломкамп и продуцирал Питер Џексон, несомнено најдобро ја отсликува Јужна Африка во последните години. Акцијата/ научна фантастика ја прикажува подкласата на бегалци вонземјани кои се присилени да живеат во сиромашните квартови на Јоханесбург, она што многумина го сметаат за креативна алегорија за апартхејдот. Имало критики за филмот но имал комерцијален успех низ светот, а бил номиниран за најдобар филм на Осумдесет и второто доделување на наградите Оскар.

Музика

Музиката на Јужна Африка претставува вистинско богатство. Многу музичари кои за време на апартхејдот пееле на африкански или англиски, нивната кариера ја започнале на традиционалните африкански јазици и го развиле единствениот стил наречен Кваито. Најпозната е Бренда Фаси и нејзината песна испееана на англиски „Weekend special“. Меѓу познатите традиционални музичари спаѓа и Лејдисмит Блек Мамбацо, додека пак квартетот Совето Стринг изведува класична музика со африкански стил. Историски гледано, на пејачите од Јужна Африка влијаеле европските музички стилови.

Од Јужна Африка потекнуваат и светски познатите џез музичари како што се Хју Масакела, Јонас Гвангва, Абдула Ибраим, Миријам Макеба; Џонатан Батлер, Крис Мекгрегор. Африканската музика опфаќа повеќе жанрови, како што е современиот Стив Хофмејор и панк рок бендот Фокофполисикар. Верити , Џони Клег и неговите бендови Јулука и Савука доживеале повеќе успеси како тајни музичари така и јавно и во странство.

Новиот музички жанр Кваито се развил во средина осумдесеттите години и оттогаш станал најпознатата социјално-економска форма на претставување меѓу населението. Несомнено е дека по апартхејдот, политичките аспекти на Кваито се намалиле, а во секојдневниот живот интересот кон политиката се намалил. Некои сметаат дека Кваитото всушност претставува политичка сила која покажува активизам на неговите аполитички дејствувања.

Денес, големите корпорации како што се Сони, БГМ и ЕМИ се присутни на јужноафриканската сцена за да ја произведуваат и распространат музиката. Што се однесува до популарноста, Кваито музиката се пренесува преку радио, телевизија и списанија.

Јужноафриканската рок музика е многу популарна субкултура, особено во регионот на Јоханесбург. Алтернативниот рок и метал бенд Seether стекнал меѓународна популарност во раните 2000-ти, со пет од нивните албуми кои добиле златна или платина сертификација во Соединетите Американски Држави. Четири други рок бендови, KONGOS, Civil Twilight, Prime Circle, The Parlotones и исто така постигнале успех во странство кон крајот на 2000-тите. Додека метал бендовите како Vulvodynia постигнале умерен успех во 2020-тите.

Храна и пијалаци

Јужноафриканската кујна која е всушност збир од повеќе кујни, уште се нарекува и „виножитна кујна“ и содржи мноштво од мултикултурни извори и стадиуми.

Готвењето е практикувано од страна на етнички групи од Јужна Африка како што се: Којсаните, Коса, Зулу и Басото.

За време на колонијалниот период, како последица на големиот бран на доселувања Бурите (Африканери), Индијците, Британците и нивните робови и слуги ја пренеле нивната кујна. Туку спаѓа и кујната на етничката група ’Ртски Малајци која е доста слична со онаа на Малезија и Јава, како и рецепти од Мозамбик (Португалија).

Винарство