Наградата „Франц Кафка“ е меѓународна книжевна награда во чест на славниот писател Франц Кафка. Почнала да се доделува во 2001 г. на иницијатива на нејзините организатори - Друштвото „Франц Кафка“ и градот Прага (Чешка). Доделувањето се одржува во октомври секоја година, во стариот градски дом во Прага. Лауреатот добива 10 000 американски долари, признаница и бронзена статуетка.
Критериумот за доделување на наградата гласи: „за хуманистичкиот карактер на делото и неговиот придонес кон културната, националната, јазичната и верската толеранција, како и неговиот егзистенцијален и вечен карактер, општочовечка непобитност и способноста да остави сведоштво за времето во кое живееме.“Наградата „Франц Кафка“ - Друштво „Франц Кафка“. проверено на 23 февруари 2008
Добитници ГодинаИмеЗемја2013Амос Оз 2012Даниела Ходорова2011 Џон Бенвил2010 Вацлав Хавел2009Петер Хандке2008 Арношт Лустиг2007 Ив Бонфоа2006 Харуки Мураками2005Харолд Пинтер2004Елфриде Јелинек2003 Петер Надаш2002 Иван Клима2001Филип Рот
Добитници по држава 4 2 1 1 1 1 1 1 1 Вкупно 13
Поврзано Франц Кафка Список на награди за книжевност
Наводи
Франц Кафка Категорија:Франц Кафка