Новак Ѓоковиќ (; во ) — српски професионален тенисер.

Ѓоковиќ бил првиот српски тенисер кој победил на „гренд-слем“ турнир во поединечна категорија и најмладиот играч кој стигнал до полуфиналето на еден „гренд-слем“ тунир. Тој е еден од четирите играчи (заедно со Давид Налбандијан, Давид Ферер и Рафаел Надал) кој го победил Роџер Федерер трипати во една календарска година; еден од трите играчи (заедно со Налбандијан и Николај Давиденко) кој ги победил и Федерер и Надал во еден ист турнир; најмладиот играч од поновата ера кој ги победил трите најдобри тенисери еден по друг, кога во Роџерс-купот во 2007 година ги победил третиот, вториот и првиот тенисер во светот (Енди Родик, Рафаел Надал и Роџер Федерер, соодветно) итн.

Ѓоковиќ освоил бронзен медал претставувајќи ја Србија на Олимписките игри во 2008 година, а во 2010 година ја предводел Србија до победата во Дејвис купот. Ѓоковиќ завршувал на третото место на табелата на АТП во четири последователни години, од 2007 до 2010 година. Од финалето во Дејвис купот во 2010 година до „мастерсот“ во Рим во 2011 година, Ѓоковиќ направил низа од 36 последователни победи, вклучувајќи ги титулите на Австралијан Опен, Дубаи, „мастерсот“ во Индијан Велс, Србија Опен и „мастерсот“ во Мадрид. Подоцна, тој победил на 41 последователни натпревари од почетокот на 2011 година, што е втора најдолга низа од 1980 година (зад Џон Мекинро кој имал 42 последователни победи во 1984 година). Ѓоковиќ е двоен добитник на наградата најдобар спортист во Србија и најдобар спортист според Олимпискиот Комитет на Србија и се смета за најдобриот машки тенисер кој произлегол од Србија и од поранешната Југославија. Исто така, Ѓоковиќ е носител на Орденот на Св. Сава, најголемиот орден на СПЦ.

Животопис Новак Ѓоковиќ е роден во Белград, СФР Југославија на 22 мај 1987 година, од родителите Срѓан Ѓоковиќ и Дијана Жагар. Неговиот татко е Србин со косовско и црногорско потекло, а мајка му е Хрватка. Неговите двајца помлади браќа Ѓорѓе и Марко, исто така, се тенисери со професионални аспирации. Новак е оженет со Јелена Ристиќ.

Тој започнал да игра тенис на четиригодишна ворзаст, а на осумгодишна возраст бил забележан од југословенската тениска легенда Јелена Генчиќ, која за него изјавила: „Ова е најголемиот талент кој сум го видела од Моника Селеш“. На возраст од 12 години, Новак поминал три месеци во тениската академија на Никола Пилиќ во Минхен, Германија, а на возраст од 14 години, започнала неговата меѓународна тениска кариера, победувајќи на европското првенство во поединечна, дубл и тимска конкуренција. Тој живее во Монте Карло, Монако.

Ѓоковиќ е, исто така, познат по неговите хумористични имитации на неговите пријатели помеѓу играчите надвор од теренот. Така, по неговата победа во 2007 година на УС Оупен во четвртфиналето над Карлос Моја, тој ја забавувал публиката, имитирајќи ги Рафаел Надал и Марија Шарапова. Подоцна, тој направил и имитација на тенискиот великан Џон Мекинро, на УС Опен во 2009 година, кога одиграл краток натпревар со Мекинро, на големо задоволството на публиката. Поради неговиот добродушен карактер, тој го заработил прекарот „Џокер“, врз основа на неговото презиме и зборот „шегаџија“ (Joker).

Тениска кариера

Рана кариера Во 2001 година, како член на репрезентацијата на СР Југославија, Ѓоковиќ стигнал до финалето на Јуниорскиот Дејвис Куп за возраст до 14 години, каде што го загубил мечот во поединечна категорија. На почетокот на неговата професионална кариера, Ѓоковиќ главно играл во групната фаза на турнирите, освојувајќи по три од секој од нив од 2003 до 2005 година. Неговиот прв турнир за пласман бил во Умаг во 2004 година, каде што се соочил со Фелипо Воландри, при што загубил со 6-7 и 1-6. За првпат, тој заиграл на некој Гренд слем турнир во 2006 година, кога се квалификувал на Отвореното првенство на Австралија. Таму, во првото коло тој се сретнал со Марат Сафин (кој таа година гоосвоил турнирот) и загубил убедливо во три сета (0-6, 2-6 и 1-6).

2006 година Во 2006 година вниманието на јавноста го привлекле гласовите дека неговото семејство може да се пресели од Србија во Британија, но тие гласини не влијаеле врз играта на Ѓоковиќ. Така, тој набргу стигнал до 40-тото место на светската ранг-листа поради пласманот во четврфиналето на Ролан Гарос и пласманот во четвртото коло на Вимблдон. Три недели по Вимблдон, Ѓоковиќ ја освоил својата прва титула на Холандското отворено првенство во Амстердам, и тоа без да загуби ниту еден сет, победувајќи го Николас Масу во финалето. Својата втора титула во кариерата Ѓоковиќ ја освоил на турнирот во Мец, со што за првпат во кариерата успеал да се пласира меѓу најдобрите 20 тенисери во светот.

2007 година Ѓоковиќ ја започнал годината победувајќи на турнирот во Аделаид, победувајќи го Австралиецот Крис Гучионе во финалето, за потоа да изгуби во четвртата рунда на Австралијаn Опен од подоцнежниот шампион Роџер Федерер во два сета. Неговите успеси на турнирите во Индијан Велс и Ки Бискејн, каде бил вицешампион и шампион последователно, му овозможиле да влезе меѓу десетте најдобри тенисери во светот. Ѓоковиќ го загубил финалето во Индијан Велс од Рафаел Надал, но потоа го победил Надал во четвртфиналето во Ки Бискејн, пред да го победи Гиљермо Кањас во финалето.

Веднаш по неговата прва титула во „Мастерс“-серијата тој се вратил дома за да ѝ помогне на својата земја да стигне до светската група во Дејвис Купот. Србија се соочила со Грузија и Ѓоковиќ донел бод со победата над Џорџ Чантуриа. Потоа, Ѓоковиќ играл и на „мастерсот“ во Монте Карло, каде што бил поразен од Давид Ферер во третото коло, а на Есторил Опен го победил Ричард Гаске во финалето. Потоа, тој стигнал до четвртфиналињата на двете Интернационал д Италија во Рим и на „мастерсот“ во Хамбург, каде претрпел порази од Надал и од Карлос Моја, последователно. На Ролан Гарос, Ѓоковиќ стигнал до своето прво Гренд Слем полуфинале каде што загубил од подоцнежниот шампион Надал. На турнирот во Вимблдон, Ѓоковиќ победил во петчасовен меч со Маркос Багдатис со 7-6, 7-6, 6-7, 4-6, 7-5. Во неговиот прв полуфинален меч со Надал тој морал да се откаже поради проблеми со стапалото и со грбот.

Сепак, Ѓоковиќ продолжил со успесите, освојувајќи го Роџерс Купот во Монтреал. Таму, тој го победил третиот тенисер во светот Енди Родик во четврфиналето, вториот тенисер во светот Надал во полуфиналето, и првопласираниот тенисер во светот Федерер во финалето. Од 1994 година, кога Борис Бекер направил таков успех, тоа било првпат некој играч да ги победи прворангираните три тенисери во светот на еден турнир. Исто така, Ѓоковиќ бил вториот играч, пос Томаш Бердих, кој ги победил Федерер и Надал откога тие станале двајцата најдобри тенисери во светот. По овој турнир, Бјорн Борг изјавил дека Ѓоковиќ е „дефинитивно кандидат за освојување на „гренд слем“ турнир. Меѓутоа, на турнирот во Синсинати, Ѓоковиќ изгубил уште во второто коло од Моја, во два сета. Сепак, тој стигнал до финалето на „УС Опен“ каде, иако имал пет сет-топки во првиот и две сет-топки во вториот сет, сепак го загубил финалето од прворангираниот Федерер, во два сета. thumb|right|Djokovic at 2007 US Open (tennis)|2007 УС Опен За време на турнирите во 2007 година Ѓоковиќ се појавил како фаворит на публиката, благодарение на неговите имитации на другите играчи на теренот, вклучувајќи ги Рафаел Надал, Енди Родик и Марија Шарапова. Ѓоковиќ ја освоил петтата титула во таа година на тенискиот трофеј во Виена, победувајќи го Станислас Вавринка во финалето. Неговиот следен настап бил на „Мутуа Мадрилеина Мастерс“ во Мадрид, каде што загубил од Давид Налбандијан во полуфиналето со 6-4, 7-6. Така, Ѓоковиќ ја завршил годината како третопласиран во светот, со што се квалификувал за завршницата на тенискиот Мастерс-куп, но не ги поминал мечевите во групната фаза. Таа година, Ѓоковиќ добил „златен беџ“, награда за најдобар спортист на Србија, а исто така и Олимпискиот Комитет на Србија го прогласил за најдобар спортист.

2008 година thumb|left|upright|Ѓоковиќ на Род Лавер Арена за време на Австралија Оупен во 2008 година Ѓоковиќ ја започнал годината играјќи во Хопман купот, заедно со неговата пријателка Србинката Јелена Јанковиќ која била третопласирана во светот. Тој ги добил сите натпревари во мечевите за својот тим, стигнувајќи во финалето, каде загубиле од американскиот тим кој се состоел од Серена Вилијамс и Марди Фиш. На отвореното првенство на Австралија, Ѓоковиќ стигнал до финалето без ниту еден изгубен сет, вклучувајќи ја и победата на двојниот бранител на овој турнир Роџер Федерер во полуфиналето. Така тој се пласирал во своето второ гренд слем финале по ред, а со пласманот во полуфиналето, Ѓоковиќ станал најмладиот играч кој стигнал до полуфиналињата на сите четири гренд слем турнири. Во финалето, Ѓоковиќ го победил Французинот Џо-Вилфред Цонга во четири сета (4-6, 6-4, 6-3, 7-6) и ја освоил првата титула на еден „гренд слем“ турнир во поединечна конкуренција. Следниот настап на Ѓоковиќ му билна Тениското првенство во Дубаи, каде што загубил во полуфиналето од Енди Родик. thumb|right|Ѓоковиќ на Пацифик Лајф Опен во 2008 година На „мастерсот“ во Индијан Велс, Ѓоковиќ ја освоил својата деветта титула во кариерата во поединечна конкуренција, победувајќи го во финалето Американецот Марди Фиш, во три сета. Ѓоковиќ ја освоил десеттата титула во кариерата во поединечна конкуренција и четвртата „мастерс“ титула на турнирот во Рим. Следната недела, на „мастерсот“ во Хамбург, Ѓоковиќ загубил од Надал во полуфиналето. На Ролан Гарос во Париз, Ѓоковиќ бил трет носител, зад Федерер и Надал. На овој турнир, Ѓоковиќ повторно загубил од Надал во полуфиналето, во два сета. Ѓоковиќ уште еднаш се соочил со Надал, но овој пат во финалето во Квинс клубот, во Лондон, каде пак загубил во два сета (6-7, 5-7). thumb|left|upright|Кога го освои Мастерс купот На Вимблдон, Ѓоковиќ бил трет носител, меѓутоа загубил во второто коло од Марат Сафин и со тоа била прекината серијата од пет последователни „гренд слем“ турнири каде стигнувал барем до полуфиналето. Потоа, Ѓоковиќ не успеал да ја одбрани неговата титула од 2007 година во поединечна конкуренција на Роџерс купот во Торонто, каде бил елиминиран во четвртфиналето од Енди Мареј со 3-6, 6-7. Следната недела, на „мастерсот“ во Синсинати, Ѓоковиќ се пласирал во финалето, победувајќи го Надал, а во финалето повторно загубил од Мареј, во два сета.

Неговиот следен турнир била Олимпијадата во Пекинг, неговата прва летна Олимпијада. Тој и Ненад Жимониќ биле втори носители во двојките за мажи, но биле елиминирани во првото коло од чешкиот пар Мартин Даманд и Павел Вишнер. Како трет носител во поединечна конкуренција, Ѓоковиќ загубил во полуфиналето од Надал со 4-6, 6-1, 4-6, а потоа, во борбата за бронзениот медал, го победил Џејмс Блејк, во два сета (6-3, 7-6). По Олимпијадата, Ѓоковиќ настапил на УС Опен како трет носител. Тој заработил неколку повреди за време на натпреварите на турнирот, поттикнувајќи досетка од Енди Родик дека Србинот има „16 повреди“, вклучувајќи САРС, птичји грип и вообичаена настинка. Ѓоковиќ го победил Родик во четвртфиналето, а во интервју по мечот изразил неодобрување на коментарите на Родик, зголемувајќи ја поддршката од публиката во Њујорк. Неговиот настап на УС Опен завршил со поразот во полуфиналето од Роџер Федерер.

По УС Опен, Ѓоковиќ настапил на уште четири турнири: тој загубил во финалето на Тајланд Опен од Џо-Вилфред Цонга, во два сета; во ноември бил втор носител на последниот тениски „мастерс“ во Шангај, бидејќи Надал не можел да учествува. Во првиот меч од групата на турнирот, тој го победил Хуан Мартин Дел Потро во два сета. Потоа го победил Николај Давиденко во три сета, но го загубил последниот меч во групата против Цонга со 6-1, 5-6, 1-6. Сепак, и покрај овој пораз, Ѓоковиќ се пласирал во полуфиналето, победувајќи го Жиле Симон (4-6, 6-3, 7-5), а во финалето го победил Давиденко, со што ја освоил првата титула на тенискиот „Мастерс-куп“.

2009 година