Предраг „Пеџа“ Мијатовиќ (роден на во Титоград -денешна , СР Црна Гора, Југославија) — поранешен црногорски фудбалер и поранешен спортски директор на Реал Мадрид. Во текот на неговата кариера неговата позиција на игралиштето била напаѓач, но тој честопати бил разместуван на други позиции, особено на крајот на неговата кариера, како играч за врска.
На клупско ниво, Мијатовиќ играл за шест различни клубови: Будуќност Подгорица, ФК Партизан, Валенсија, Реал Мадрид, Фјорентина и Леванте. Меѓународно, Мијатовиќ има настапено 73 пати, постигнато 28 гола (настапите се поделени помеѓу СФР Југославија и државните репрезентации на СР Југославија). Во 1998 година, играше за светско првенство во фудбал 1998 и во 2000-тата година за европско првенство.
Многу талентиран техничар, познат по своите извонредни вештини и видик како и неговата способност за постигнување на многу голови, Мијатовиќ е добро запомнат по постигнувањето гол за Реал Мадрид во 1998 година во финалето на лигата на шампиони за враќање на европската титулата во Мадрид по 32 години. Исто така тој имал многу незаборавни моменти на големите натпреварувања, во двата клуба и на меѓународните нивоа. Во сезоната 1995/1996 година во шпанското фудбалско првенство (Примера) тој постигнал 28 гола за Валенсија што доведе до контроверзен трансфер во Реал Мадрид.
Клупска кариера
Будучност
Откако поминал неколку години во младинскиот тим, 18 годишниот Мијатовиќ дебитирал во првиот состав во 1987 година во завршетокот на сезоната 1986/87 година во југословенската лига, а негов тренер бил Милан Живадиновиќ.
Во наредната сезона 1987/88 година тој станал стандарден играч во тимот кој бил под закрила на новопристигнатиот тренер Шапцо Поклеповиќ. Во октомври 1987 година како дел од југословенската младинска репрезентација кој се натпреварувала на светското првенство за младински репрезентации во Чиле, го социел златниот медал, а Мијатовиќ блескал на тоа првенство. Играњето во Чиле значело дека тој бил надвор од клубот цел октомври. Враќајќи се во клубот како херој, местото на младиот Мијатовиќ било сигурно заедно со Дејан Савичевиќ, Драгољуб Брновиќ и Бранко Брновиќ. Младото момче настапило на 31 лигашки натпревари и придонел со 4 гола со тоа што Будуќност ја завршила сезоната на 9-тото место.
За време на зимскиот преоден рок 1989/90 година, талентираниот 20- годишник бил блиску до потпишување договор со Хајдук Сплит по преговарањето со спортскиот директор Јурица Јарковиќ во вредност од 50 илјади гермаски марки дадени на играчот, но пред тој да се оствари претседателот на Партизан Мирко Марјановиќ настапи на сцена и го убедил да премине во Белград. Партизан му исплатил еден милион германски марки на Будуќност за купувањето на Мијатовиќ во декември 1989 година. Во подоцнешните интервјуа Мијатовиќ изјавил дека застрашувачката политичка и безбедносна ситуација во Југославија била клучен фактор во неговата одлука, да не премине во хрватски клуб.
ФК Партизан
Иако тој постигнал гол на неговото деби во Партизан против неговиот поранешен клуб Будуќност, дебитанската полусезона на Мијатовиќ во новиот клуб кој го предводел Иван Голац била најмногу насочена на проба на нови позиции што придонело за тоа тој да не постигне гол наредните 14 натпревари до крајот на лигашката сезона 1989/90 година. Партизан бил исклучен од трката за лигашката титула, и ја завршил сезоната на 4-тото место што дошло до замена на Голац со поранешниот тренер Ненад Бејковиќ.
Наредната лигашка сезона (прва за Мијатовиќ како првотимец во Партизан) му обезбедила мал пробив и тој станал значаен играч во тимот со постигнати 14 голови на 33 лигашки натпревари под водство на новиот тренер Милош Милутиновиќ. Сепак, неуспехот да освојат каква било шампионска титула покрај јуришот на Црвана ѕвезда во југословенската лига и во Европа значело дека целиот тим на Партизан бил постојано во сенка од нивниот градски соперник. На негова сметка, Мијатовиќ продолжил да напредува, и станал непобедлив водач на тимот во сезоната 1991/92 година под водство на тренерот Ивица Осим, и го предводел Партизан до победа на југославенскиот куп во 1992-рата година со победа на тогашните европски шампиони Црвена ѕвезда. Тој исто така и ја понел титулата за фудбалер на годината во Југославија.
Пред почетокот на сезоната СФРЈ се подели што значело дека новата југословенска лига ќе се состои само од тимови од Србија и Црна Гора. Мијатовиќ имал уште една импресивна сезона, и му помогнал на Партизан да го надмине нивниот баксуз, Црвена ѕвезада и да ја освои титулата на југословенската лига.
Откако тој си обезбедил место во Партизан, Мијатовиќ бил поврзуван со разни европски клубови – Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Јувентус и други. Сепак, никој од нив не покажа доволен интерес и тој на крајот заврши во Валенсија во летото 1993 година. Тогаш претседателот на Реал Мадрид, Рамон Мендоса призна дека неуспехот на трансферот на Роберт Просинечки го направија клубот да има потреба од задоволителни млади југословени.
Валенсија
Мијатовиќ го имал неговото деби во Ла Лига на 5 септември 1993 година против Реал Овиедо и веднаш стана важен дел од тимот на тренерот Гус Хидинг. Тој во дебитанската сезона одиграл 35 лигачки натпревари и постигнал 16 голови.
По големиот напредок тој ја добил титулата за најдобар фудбалер во Шпанија за сезоната 1995/96 година и тој ја предводел Валенсија до второт место во Ла Лига со 28 погодоци на 40 лигашки натпревари, навистина импресивен резултат, ако се земе предвид дека најчесто му било дадно обврска да игра како среден играч за врска.
Брилијантните успеси не останале незабележани од шпанскиот гигант Реал Мадрид кој тогаш под раководство на новиот претседател на клубот, Лоренцо Санс, побуди предрасуди за Мијатовиќ по неуспешниот трансфер пред три години.
Реал Мадрид
Конечно Мијатовиќ пристигна во главниот град на Шпанија со големи реклами како 27-годишник во летниот преоден рок во 1996 година. Во Реал, играјќи како повлечен напаѓач/творец на играта, Мијатовиќ бил поврзан со Давор Шукер (исто така нов играч купен од Севиља) и Раул Гонсалес и така тие создадоа напаѓачко трио. И покрај тоа што бил познат по неговите екстремно одбранбени тактитки во Милан, менаџерот Фабио Капело играл со три напаѓачи, Шукер и Мијатовиќ заедно учествувале во постигнување на 38 лигашки натпревари во сезоната 1996/97 година каде ја освоиле титулата, со 24 голови на Шуќер и 14 голови на Мијатовиќ исто така учествувајќи во многу од другите погодоци. Раул кој имаше 19 години ги изигра сите 42 лигашки натпревари и постигна 21 гол.
За време на наредната 1997/98 сезона лично за Мијатовиќ присуството во Реал не била многу успешна, но сепак имаше многу моменти за памтење. Покрај повредите и неконстантната форма, тој сепак успеа да постигне 10 погодоци на 24 лигашки натпревари, добро поврзувајќи се со надежниот 21-годишен напаѓач Фернандо Мориентес кој пристигна од Реал Сарагоса на почетокот на сезоната и успеа да го надмине Шукер и да придонесе за негова продажба на крајот на сезоната. Иако ФК Барселона предводена од Сони Андерсон, Луис Фиго и Луис Енрике помеѓу другите ги победи во трката за шпанската титула, сезоната сè уште беше сметана за успешна бидејќи недофатливиот европски трофеј беше повторно вратен на Бернабе по 32 години. Реал го победи Јувентус во мај 1998 година на Амстердам арената каде Мијатовиќ го постигна единствениот гол, кој исто така беше прв гол во таа сезона во лигата на шампионите. Откако, беше на врвот на светот во мај, Мијатовиќ се врати во Реал Мадрид во август со рамнодушни чувства по неговите лоши настапи на светското првенство во 1998 година. Наредната сезона 1998/99 беше последна за него во кралскиот клуб. И покрај победата во лигата на шампионите договорот на менаџерот Јуп Хенкес не беше продолжен. Како нов менаџерски тим беа вработени на прво место Хосе Антонио Камачо, а на второ Гус Хидинк кој често го користеа Мијатовиќ на крилната позиција, додека Раул и Мориентез најчесто беа на напаѓачките позиции. И покрај тоа што тој на моменти покажуваше брилијантност, настапите на Мијатовиќ во најголем дел беа незадоволувачки за тим од браншата на Реал. Кога Хидинк доби отказ на полусезоната, сепак не беа на повидок подобри денови на Мијатовиќ, и тој јавно кажуваше за недоразбирањата со новиот тренер Џон Тошак.
Откако испаднаа во четврт финалето на лигата на шампионите од Динамо Киев предводен од Шевченко (за жал два натпревари каде Мијатовиќ одигра одличен фудбал) и неуспехот да ја освојат титулата во лигата двапати по ред, јасно беа видливи промените особено занејќи ја дрскоста на Реал често да менува играчи. Тие се подготвуваа да направат место за младежниот 20-годишен играч Николас Анелка од Арсенал. Управниците одлучија дека најдобрите денови на 30-годишниот Мијатовиќ поминаа и го продадоа на Фјорентина на крајот на сезоната.
Фјорентина
Во летото 1999-тата година, тој пристигна во клубот кој претходната сезона од серија А ја заврши на третото место (тоа придонесе за квалификување во Лигата на шампионите) што беше голем предизвик за титулата по подолго време, очекувањата беа од големо значење. Во исто време кога Мијатовиќ беше донесен, друг напаѓач, 20-годишниот Енрико Кјеза пристигна во клубот од ФК Парма. Нивното доаѓање беше дел од напорите на претседателот на клубот Виторио Кечи Гори да ја направи екипата покомпетентна за освојување на титулата, исто така да го направи среќен легендата на клубот Габриел Батистута, бидејќи светски познатиот напаѓач кој неодамна имаше наполнето 30 години почна да ја зема предвид опцијата за напуштање на клубот со цел да го освои Скудетото што го одбегнуваше него со години.
Во Фиренца, Мијатовиќ на почетокот играше под палка на искусниот главен тренер Џовани Трапатони, со Батистута и Киеза и доведе до борба за предните позиции. За среќа на сите тројца Џовани Трапатони таа сезона претпочиташе напаѓачка формација, дозвојувајќи му на секој напаѓач да сподели од времето на теренот. Тоа исто така значеше дека Мијатовиќ беше малку повлечен кон средината што претставуваше улога на која тој многу брзо се навикна. Вкупно, тој настапи на 16 натпревари таа сезона, постигнувајќи два погодоци, но исто така тој се бореше со повредите што придонесе тој да пропушти голем број на натпревари. Од гледна точка на екипата, сезоната беше сметана за разочарувачка бидејќи Фјорентина не беше во мешаницата за титула во лигата и покрај добрите резултати на почетокот на Лигата на шампионите, тие стигнаа до втората групна стаза.
Трапатони замина во клубот на крајот на сезоната 1999/2000 и беше заменет од Фатих Терим кој пристигна како победник на УЕФА купот со Галатасарај. Исто така среќната амајлија напаѓачот Батистута беше продаден во Рома, што даваше знаци на крај на една ера на клубот по многу години . Користејќи некои од огромните добиени средства што Рома ги плати за Батистута, Чечи Гори го купи младиот напаѓач Нуњо Гомеш од Бенфика за 17 милиони евра. Сезоната започна одлично со победи против Јувентус, и нерешено со Милан, но формата не траеше долго. Се вратија проблемите со повреди на Мијатовиќ што тоа го стави на страна. Терим си замина на средината од сезоната по несогласувањата со претседателот во врска со купувањето на играчи во иднина, при што за негова замена беше донесен Роберто Манчини. Клубот сезоната ја заврши на 9-тото место додека неверојатно го освои трофејот во Купот на Италија. Мијатовиќ настапи само 13 пати во лигата ( некои од нив како резерва), постигнувајќи само еден гол.
Летото во 2001 година, откако заврши сезоната следеше продажба на други големи имиња бидејќи Фјорентина западна во тешка финансиска криза, голманот Франческо Толдо и средишниот напаѓач Мануел Руи Коста беа продадени во Интер и Милан, со големи почести. Мијатовиќ, кој имаше 32 години остана, но беше јасно дека неговата форма и физичка способност брзо опаѓаа. Клубот имаше катастрофална сезона, отпадна од лигата и влезе во административен банкрот.
Настапи за репрезентација