Црногорците (црногорски: Црногорци/Crnogorci) се најмалубројниот јужнословенски народ. Црногорците претежно живеат во Црна Гора. Вкупниот број на Црногорци е околу 350.000, а најмногу се застапени во својата татковина со 45 %, односно 278.865, а во Србија ги има околу 38.000. Црногорски заедници има во околните земји — Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, а ги има и во Македонија. Повеќето Црногорци говорат на српски јазик, но голем број зборуваат и на црногорски јазик.

Религија мини|лево|Машка црногорска носија

Повеќето Црногорци се православни христијани од кои дел се припадници на Црногорската Православна Црква, а дел се припадници на Српската православна црква. Исто така има Црногорци со исламска вероисповед, како и припадници на католичката црква. Иако Црна Гора има околу 20% муслимани, не се сите етнички Црногорци, бидејќи меѓу нив има Бошњаци, Албанци и Роми. Исто така, може да се сретнат луѓе кои се изјасниле како муслимани по националност, но сепак нивниот јазик е црногорски.

Црногорците како тема во уметноста „Црногорецот на Црногорката“ (Црногорац Црногорки) - песна на српскиот поет Ѓура Јакшиќ.Родољубиве песме. Београд: Просвета (без дата), стр. 83. „Бонапарт и Црногорците“ — песна на Пушкин од 1834 година.A. S. Puškin, Lirika. Rad, Beograd, 1979, стр. 266-267.

Наводи

Поврзано Црна Гора Јужни Словени Црногорски јазик Црногорска Православна Црква

Надворешни врски Сојуз на Црногроци во Америка (англиски) Шпиро Кулишиќ: За етногенезата на Црногорците (црногорски) Етничко потекло на Црногорците (српски)

*