Павел Недвед (; роден на година во Хеб) — чешки поранешен фудбалер, играч од средината на теренот.

Сметан за еден од најдобрите фудбалери на својата генерација, Недвед исто така е еден од најуспешните играчи од Чешка, кој бил голем протагонист во европскиот фудбал кон крајот на 1990-тите и 2000-тите години, остварувајќи голем број успеси прво со , а потоа и со . Во Јувентус тој останал до крајот на својата кариера (по крајот на сезоната 2008-2009) и денес тој е странски фудбалер со најмногу настапи за клубот (327), а како резултат на својте фантастични изведбите во црно-белиот дрес, во 2003 година тој бил награден со добивање на Златната топка доделена од францускиот магазин France Football (втор Чех што кој ја добил оваа награда по Јозеф Масопуст), а бил прогласен и за Светски играч на годината од британскиот магазин World Soccer. Тој бил познат по својата енергија и неуморното движење по теренот, па оттука произлегол и неговиот прекар "Furria Cecca" (превод на мак. Чешката фурија) кој го добил од навивачите на Јуве.

За чешката репрезентацијата, Недвед одиграл 91 натпревар и постигнал 18 голови во периодот 1994-2006, а од 2000 година бил и капитен. Тој ја претставувал Чешка на три Европски првенства: 1996 кога чесите биле вицешампиони, 2000 и 2004, а на последното бил избран во идеалниот тим на првенството. Исто така играл и на Светското првенство 2006 и Купот на конфедерации 1997.

Недвед бил четири пати прогласен за чешки фудбалер на годината, а во 2003 година ја добил наградата и за спортист на годината во својата земја. Во 2004 година, бил вклучен во ФИФА 100 списокот на 125 најдобри живи фудбалери избрани од Пеле. Од 2003 до 2005 година, тој три последователни години бил избран во Тимот на годината на УЕФА.

Животопис Павел Недвед е роден во Хеб, Чехословачка, како дете на Вацлав и Ана Недвед, а израснал во близина на Скална. Кога Павел имал 6 или 7 години, како подарок за Божиќ од својте родители добил фудбалска топка која според неговиот татко засекогаш му го променила животот: „Не се сеќавам дека некој друг подарок некогаш го направил толку среќен“, изјавил тој во едно интервју.

Недвед бил оженет со Ивана во 1992 година, со која имаат две деца кои ги носат нивните имиња: Ивана и Павел. Парот се разделил во 2019 година.

Во октомври 2010, излегла од печат неговата автобиографија „Мојот нормален живот - Кругот помеѓу револуцијата, Европа и Златната топка“.

Од 2011 година, тој бил вклучен меѓу 50-те легенди на Јувентус, кој биле почестени со своја ѕвезда на „Патеката на славните“ на Јувентус Стадион.

На 28 октомври 2015 година добил Медал за заслуги на Чешка, што е највисока чест на неговата земја.

Технички одлики Комплетен, упорен и констатнтен играч кој одлично се служи со двете нозе иако е природен левак. Неговата најчеста позиција на која играл во текот на неговата кариера била лево-офанзивен играч од средниот ред или како лево крило иако поради неговиот квалитетен центаршут со левата нога, како и можноста да навлезе од крилото кон внатрешноста и да шутира со десната нога, тој се смета за погоден да игра било каде во средниот ред, а во прилог на тоа говори и неговата способност да игра подеднакво добро и во офанзивниот и во дефанзивниот дел од играта, како и неговата разновидност, физичките карактетистики и способноста за одземање на топката од противникот, што му овозможува да тргне во напад откако ќе го освои поседот на топката. Поради ова тој некогаш бил распореден и како централен играч од средниот ред, офанзивен играч од средниот ред, плејмејкер, па дури и како втор напаѓач, каде што тој се одликувал како извонреден асистент поради неговите одлични дриблинг способности, опсег и визија. Тој бил познат и по неговите моќни удари и волеи од далечина, неговата издржливост, брзина, забрзување, техника и квалитетот за постигнување голови, што го прават мошне динамичен играч. Меѓудругото, тој исто така бил и солиден изведувач на слободни удари и пенали.

Неговата трејдмарк долга руса коса, го направила Недвед еден од најпрепознатливите играчи на теренот. Неговиот прекар "Furia Ceca" (превод на мак. "Чешката фурија") го добил од италијанските навивачи, кои ја забележале неговата вештина, доследност и ентузијазам, како и неговата издржливост, темпо, моќ и одлучност. Во бртианските медиуми пак, тој бил наречен „чешкиот топ“. Неговиот поранешен тренер од Лацио Свен-Јоран Ериксон го опишал како „атипичен играч од средниот ред, комплетен во секој поглед“. И покрај неговите квалитети, тој неретко бил критикуван, најчесто од противниците, поради тоа што сметале дека многу лесно паѓал.

Клупска кариера Почетоци Недвед ја започнал својата фудбалска кариера во родната Чешка, тогашна Чехословачка. Во 1977 година, на петгодишна возраст, тој му се приклучил на Татран Скална, кој бил првиот клуб во кариерата на Недвед. Во 1985 година, се преселил во Руда Гвежда Хеб каде играл една сезона, пред да се приклучи на младинскиот тим на Шкода П’лзењ. Во 1990 година, Недвeд и се приклучил на Дукла Прага, клуб што го водела армијата, како дел од воената служба. Својот прв натпревар за Дукла Прага го одиграл на 28 октомври 1991. Тој играл за Дукла до крајот на сезоната 1991-1992, пред да го заврши воениот рок, со што му бил ставен крај на заемот од П’лзењ.

Спарта Прага Во летото 1992 година, Недвед направил трансфер во Спарта Прага, според кој П’лзењ би требало да добие 30% од сумата за која евентуално Спарта потоа би го продала Недвед во некој странски клуб. Во почетокот на неговата кариера во Спарта, Недвед не започнал најдобро откако бил исклучен трипати на само шест натпревари. Сепак, со текот на времето неговите настапи станувале се подобри и во првата негова сезона со 18 настапи тој му помогнал на клубот да ја освои титулата во последното издание на чехословачкото првенство, пред распадот на државата. Тој исто така, бил дел од тимот на Спарта кој ги освоил први две чешки првенства по осамостојувањето на државата во 1993-1994 и 1994-1995. Во неговата последна сезона тој постигнал 14 гола на 30 натпревари во чешкото првенство, но тоа не било доволно за Спарта да може да ја одбрани титулата освоена во претходните две сезони. Сепак, клубот успеал да го освои Купот на Чешка победувајќи ја екипата на Петра Дрновице со 4-0 во финалето, во кое Недвед постигнал два гола.

Неговиот напредок од сезона во сезона и добрите игри на Европското првенство 1996 го привлекле вниманието на многу европски клубови. И покрај вербалниот договор со холандскиот ПСВ, Недвед на крајот се преселил во италијанската Серија А, потпишувајќи договор со екипата на Лацио. Како би избегнала исплаќање од 30% од трансферот на П’лзењ, Спарта најпрво го продала Недвед во словачкиот клуб Кошице (кој го имал истиот сопственик како Спарта) за 1,5 милиони чешки круни, а Кошице потоа веднаш го продал Недвид на Лацио. Така, Спарта платила само мал дел од надоместокот за трансферот на П’лзењ. По протестот на П’лзењ, чешката фудбалски сојуз одредила Спарта да му плати на П’лзењ компензација од 35 милиони чешки круни.

Лацио Во јули 1996, Недвед се преселил во за 9 милиони италијански лири, потпишувајќи четиригодишен договор со клубот. Дебитирал во Серија А на 7 септември 1996, во поразот со 1-0 на гостувањето кај . Својот прв првенствен гол за Лацио го постигнал во победата со 2-1 на домашен терен над на 20 октомври 1996. Својата прва сезона во Италија ја завршил со 7 постигнати гола, потврдувајќи се како една од најсилните алки во тимот.

Недвeд брзо станал важен играч за Лацио, толку многу, што на почетокот на сезоната 1997-1998, тој постигнал 4 гола на неговите први три натпревари во лигата. Клубот од Рим имал низа од 24 натпревари без пораз од ноември 1997 до април 1998 година, која завршила со натпреварот во лигата против во кој Недвед добил црвен картон. Во втората сезона со Лацио го освоил својот прв италијански трофеј, Купот на Италија, победувајќи го во финалето, а исто така играле во финалето на Купот на УЕФА во кое загубиле од .

Третата сезона во Рим за Недвед била отворена со освојувањето на првиот Суперкуп на Италија во неговата кариера, играјќи 55 минути од натпреварот во кој Лацио со 2-1 го победил Јувентус; тој го постигнал првиот гол во натпреварот во 37-мата минута, за потоа по изедначувањето на Јувентус на три минути пред крајот Сержо Консеисао со гол во четвртата минута од судиското надополнување да му ја донесе титулата на Лацио. Иако во текот на оваа сезона тој се соочувал со проблеми со повреди што го отстраниле од терените долг период, во завршницата од сезоната тој уште еднаш бил одлучувачки човек за Лацио; тој го постигнал победничкиот гол за бјанкочелестите против Мајорка (2-1) во финалето на Купот на победниците на куповите, во неговото последно издание одиграно во Бирмингем на 19 мај 1999 година, носејќи му го трофејот на римскиот тим.uefadirect, Issue 100: August 2010 , Page 15 "European Cup Winners' Cup makes its debut". Неговиот гол бил последниот во историјата на ова натпреварување.

thumb|left|Недвед со во 1999 година На почетокот на сезоната 1999-2000, Недвед освојува уште еден трофеј со клубот, после победата над европскиот шампион во Суперкупот на УЕФА. Тој постигнал 5 гола во Серија А вклучувајќи и 2 фундаментални: еден против на денот на стогодишнината на клубот од главниот град на Италија, со кој тие победиле и го преземале водството на табелата, а другиот во дербито против директниот соперник за титулата во оваа сезона Јувентус, помагајќи му на својот тим да оствари победа со 2-1 и да го најави кам-бекот на лацијалите во борбата за титулата иако во тој момент заостанувале зад бјанконерите со 9 бода. Сепак, во последното коло, Лацио ја совладал Реџина со 3-0, и го искористил киксот на Јувентус кој загубил на гостувањето кај , за по дваесет и шест години пауза да се врати на престолот во Серија А освојувајќи го своето второ скудето во историјата на клубот. Во текот на истата сезона Лацио го освоил и Купот на Италија за комплетирање на двојната круна, откако во финалето во два натпревари биле подобри од Интер со вкупен резултат 2-1, а Недвед го постигнал првиот гол за Лацио во победата на домашен терен.

На почетокот на следната сезона, Недвед го освоил својот втор Суперкуп на Италија со победата над Интер со 4-3. Недвед постигнал 9 гола во Серија А во текот на сезоната 2000-2001, но клубот не успеал да ја одбрани титулата завршувајќи ја сезоната на третото место зад градскиот соперник и , иако Недвед постигнал гол и против двете екипи. Тој исто така постигнал 3 гола во Лигата на шампионите: против и во првата групна фаза и против во втората групна фаза. После пет позитивни сезони во Рим, Недвед одлучил да го напушти Лацио по завршувањето на сезоната 2000-2001..

Вкупно за Лацио одиграл 207 натпревари и постигнал 51 гол.

Јувентус