мини|Косплеј на Поларис (од стрипови на Марвел) на Dragon Con 2014 година Поларис (Лорна Дејн) е фиктивен лик кој се појавува во стриповите објавени од „Марвел Комикс“, конкретно таа е лик од изданијата на стриповите „Иксмен“. Поларис ја создале Арнолд Дрејк, Дон Хек, Вернер Рот и Џим Стеранко. Таа првпат се појавува во „Иксмен“ # 49 (октомври, 1968 година). Низ поголемиот дел од нејзината историја таа е суперхерој и член на групата Иксмен или на некоја нејзина сестринска група како што е Икс Фактор, но во периодот од 1987 година до 1989 година е опседната од злосторничко телепатско битие и функционира како негативец под името Малис.
Поларис е мутант кој може да го контролира магнетизмот, слично како негативецот Магнето за кој долго се сомневаше дека е нејзиниот биолошки татко. Овој факт е потврден во „Анкени Иксмен“ #431 (2003) што ја прави полусестра на Скарлетната вештерка и Квиксилвер. Поларис имаше долга и комплицирана врска со членот на Иксмен, Хавок за кој беше и верена.X-Men vol. 1 #49
Поларис ја создал писателот Арнолд дрејк и уметникот Џим Стеранко, а за првпат се појавува во „Иксмен“ # 49 (октомври 1968). Првично се појавува како член на Иксмен во „Иксмен“ том 1. # 60, во 1969 година каде останаува сè до најавата на новиот Иксмен тим во „Џајант сајз Иксмен“. Поларис неколку години се појавува како спореден карактер во тимот пред да се приклучи на новосоздадениот тим Икс Фактор во „Икс - Фактор“ # 70 (септември 1991) каде останува до „Икс - Фактор“ # 149 (септември 1998).
Историја на измислениот лик
Почетоци
Лорна Дејн се запознава со оригиналниот тим на Иксмен додека сè уште е студент. Кога негативецот Мезмеро ќе го употреби својот „психо-генератор“ за да ги повика мутаните од Северна Америка со латенти моќи Лорна ќе биде принудена да допатува во Сан Франциско кај Мезмеро. Таму Лорна го среќава членот на Иксмен, Ајсмен кој ја сопнува со парче мраз и ја убедува да дојде со него во неговиот стан. Набрзо таа дознава за постоењето на Иксмен, а тие пак дознаваат дека таа е латентен мутант. Мезмеро и неговиот андроид ќе ја заробат Лорна и ќе ја однесат во нивното седиште во пустина, а Иксмен ќе ги следат. Кога Иксмен ќе се обидат да ја спасат Лорна, Магнето се открива како водач на групата одговорна за нејзиното киднапирање - и уште поважно, тврди дека е нејзиниот татко. И покрај обидите на Иксмен да ја уверат Лорна дека Магнето е зол, таа не може да се натера себеси да се бори против татка си. Ајсмен се враќа по средбата со нејзините посвоени родители кои му кажале дека биолошките родители на Лорна одамна починале во авионска несреќа. Оваа информација предизвува Лорна да се сврти против Магнето. Се открива дека Магнето кој тврди дека е татко на Лорна е всушност андриод. Подоцна, Лорна ќе ја заробат Лантинели, но Иксмен ќе ја спасат. Поларис се придружува на Иксмен и живее во палатата на професорот Ксавиер. Лорна им помогна на Хавок и на Иксмен во одбраната против инвазијата на вонземјанинот З`Нокс. Првото „тајно име“ на Лорна е Магнетрикс, но таа брзо се одлучува дека не и се допаѓа. Сепак, Хавок ќе продолжи да ја нарекува така како начин да и додева и да и се додворува. Подоцна ја гледаме Лорна како се бори со Хавок против Хулк. Целосниот потенцијал на моќите на Лорна можеме да ги забележиме во борбата на новите и старите членови на Иксмен против мутантскиот остров Кракоа кога таа го ќе го наруши магнетното поле на земјата со што ќе го испрати Кракен во космосот. Дознаваме дека и Ајсмен има чувства кон Лорна, но таа не му ги возвраќа. Лорна се вљубува во нејзиниот соработник Хавок. Тие ги напуштаат Иксмен за да го следат заедничкиот интерес во геофизиката. Хавок и Лорна ќе се преселат на планинскиот венец Диабло во Калифорнија, а подоцна ќе и се придружат на Моира МекТагерт во нејзината лабораторија за генетско истражување на островот Муир.
Под контрола на умот
Лорна добива нов костум со Ши`ар дизајн, кога нејзиниот ум е под контрола на Ши`ар разузнавачкиот агент Даван Шакари, познат и како Ерик Црвениот. Тој е оној кој и го даде „тајното име“ Поларис кое Лорна ќе го користи до крајот. Во тоа време Шакари му служи на Д`Кен, тогашниот владател на Ши`ар галаксијата. Алекс Самерс и Лорна ќе бидат подложени на моќна форма на контрола на умот кога Шакари ќе ги киднапира. Тој ќе ги сврти против Иксмен со умисла да го убие професорот Чарлс Ксавиер. Огромна битка помеѓу нив и Иксмен избива на меѓународниот аеродром Кенеди. Сторм ја поразува Поларис, но Шакари успева да побегне со Поларис и Хавок. На крај, профеорот Ксавиер ги ослободува Поларис и Хавок од контролата на Шакари. Поларис и Хавок ќе останат неактивни членови на Иксмен, но се враќаат да му помогнат на тимот од време на време. Тие се борат со Иксмен против Протеус. Поголемиот дел од времето таа и Алекс живеат цивилен живот, ќе се преселат во Ново Мексико и ќе дипломираат. Тие се принудени да им помогнат на Иксмен во светот Мурдерворлд на Аркејд. Нивниот нов живот се прекинува со заседата на Мародерите во Масакрот на мутантите. Умот на Поларис паѓа под влијание на психичкото битие Малис. Под контролата на Малис, Поларис ги напаѓа Иксмен како водач на Мародерите. Набрзо, битието Малис дознава дека е врзано за телото на Лорна засекогаш. Таа ги предводи Мародерите за време на Инферно. Откако Мистер Синистер навидум е убиен, моќта на Малис врз Лорна ослабнува. Лорна привремено ја повраќа контролата врз своето тело и успева да им се јави на Иксмен од Австралија за да и помогнат, но тие пристигнуваат предоцна. Лорна ја носат да престојува со нејзината, наводно, полусестра и свештеничка на Сончевите луѓе од Севеџ Ленд земјата, Заладејн. Иксмен пристигнуваат токму кога Заладејн успева да побегне. Хавок успева да се инфилтрира во нејзината армија, а Иксмен се веднаш зад нив. Кога Иксмен пристигнауваат во Севеџ Ленд дознаваат дека Заладејн регрутирала цела армија на Севеџ Ленд домородци чии умови се под контрола на Ворм, еден од мутантите од Севеџ Ленд. Заладејн открива дека таа и е сестра на Лорна и употребувајќи ја машината на Хај Еволушенери ги зема магнетните моќи на Лорна за себе. Покрај моќите, процесот успева да ја оддели Малис од Лорна. Заладејн и нејзините сили се судидаат со Ка-Зар и Иксмен. Тогаш, второстепената мутација на Лорна се активира: расне во височина, станува несоборлива и се здобива со натчовечка сила. Армијата на Заладејн се ослободува од контролата на Ворм, а Лорна конечно ја добива својата слобода.
Бидејќи нема каде да оди, Лорна патува во лабораторијата за истражување на мутантите на Моира МекТагерт на островот Муир. На пат кон лабораторијата се активира второстепената мутација на Лорна и таа ненадејно расне во височина и открива дека оваа мутација има ефекти и на оние околу неа со тоа што буди негативни емоции кај луѓето како што е лутина и омраза.
Островот Муир
По прегледот, д-р МекТагерт не може да ја објасни новата мутација на Лорна, но потврдува дека единствениот начин на кој Заладејн може да и ја преземе моќта е ако и е биолошка сестра. Лорна се придружува на Муир Ајланд Иксмен основани од Моира и поранешниот член на Иксмен, Банши. Овој тим го брани островот Муир од Риверите кои го ловат Волверин. До сега, не е познато дека Поларис всушност ја добива својата енергија преку тоа што е спроводник на негативните емоционални енергии. Негативецот Шедоу Кинг ја забележува спроводната моќ на Поларис. Тој ја употебува Поларис како порта од астралното поле за да може да предизвика гнев, омраза и насилство ширум светот. Икс Фактор и ИксМен ја ослободуваат Поларис од Шедоу Кинг за време на Муир Ајленд Сага. По поразот на Шедоу Кинг, магнетните моќи на Поларис се враќаат со смртта на Заладејн и невро-подривачкото психо-сечило на членот на Иксмен Сајлок отстранувајќи ги сите второстепени мутации.
Икс Фактор
Валари Купер ја бара Поларис да се придружи на новосоздадениот тим Икс Фактор, а Поларис прифаќа бидејќи е уморна од криење на островот Муир. Хавок и Поларис се поставени како водачи на тимот. Иако со прикчучувањето во Икс Фактор Поларис добива шанса да се смири со Хавок, нивната врска останува нерешена. Поларис се помирува со нејзиното искуство со контрола на умот благодарение на психијатарот д-р Леонард Самсон кој и помага да си ја изгради самодовербата. Таа силно верува во идеологијата на Ксавиер додека е член на Иксфактор. Поларис станува владино тајно оружје против ппотенцијален напад од Магнето откако владата го најмува Рандом за да ги тестира нејзините способности. Подоцна, Малис се враќа и ги измачува Хавок и Поларис, но од љубов еден за друг двајцата пробуваат да ја апсорбираат со што ја спречуваат да ги обземе. На крајот, Мистер Синистер ја убива Малис.
Набрзо потоа, агентите на Дарк Бист го киднапираат Хавок и фалсификуваат порака која објаснува дека на Хавок му треба да биде подалеку од Поларис. Тоа ја уништува Поларис, која се чувствува напуштено и изневерено. Атмосферата во Икс Фактор се нарушува со доаѓањето на негативците Мистик и Сајбертут кои владата ги принудува да се придружат на тимот. Ова ја тера Поларис да се сомнева за нејзиното место во тимот кога и поголемиот дел од оригиналните членови повеќе не се активни. Поларис дознава за судбината на Хавок кога тој, најверојатно под контрола на умот, ги напаѓа Икс Фактор со агентите на Дарк Бист. По поразот на Хавок, Поларис пробува да допре до него, но кога ќе помисли дека може да му верува тој ја напаѓа и тешко ја повредува. Таа завршува тешко повредена и кога Сајертут ќе го преде и нападне тимот. Откако Поларис се опоравува и дознава дека нападот на Хавок бил дел од тајна мисија, таа му простува, но го одбива на романтичен план. Таа се согласува да биде во новиот Икс Фактор тим под водство на Хавок. На првиот тимски состанок Поларис го гледа Хавок како навидум умира кога експлодира лажната временска машина на мутантот Грејстоун од иднината. Иако Хавок ја остава Поларис одговорна за тимот додека тој го нападна Грејстоун, таа не се чувствува способна да се грижи за тимот кој кусо време потоа се распадна. Закосен текст
Дванаесеттемина
Неколку недели подоцна, Најткролер ја среќава Лорна во црква каде таа му се доверува дека се чувствува како некој да ја следи и дека е сигурна дека Алекс е сè уште жив. Се дознава дека навистина ја следеле група Скрулови кои работат за Апокалипсис кои провалиле во нејзиниот стан за да најдат делови од оригиналниот костум на Хавок. Лорна набрзо дознава дека е една од Дванаесеттемина, тим на мутанти кој наводно е создаден за да помогне светот да влезе во нова златна доба за мутантите. Поларис патува во Египет со Иксмен за да се борат со Апокалипсис. За време на средбата Магнето, кој е еден од дванаесеттемина, открива дека може да ја искористи Лорна за да влијае врз магнетното поле на Земјата со неверојатна сила што би ги скрила тогашните недостатоци на неговите моќи.
Аколити
По поразот на Апокалипсис, Поларис патува со Магнето во Геноша за да го снабдува со моќ и да му помага во одржувањето на редот. Таа верува дека работи за општото добро и ужива во лекциите за нејзината моќ. Магнето го напаѓа и последниот град кој се спротивставува на неговото владееше, Корион Ков, со цел да добие пристап до технологија која целосно ќе му ја поврати моќта. Поларис се обидува да го спречи, но откако не успева ја напушта земјата со Авенџерс. Таа подоцна се враќа со Квиксилвер за да му се спротивстават на тиранството на Магнето. Квиксилвер го откриваат и го протеруваат од Геноша, но Поларис успева да остане и скришно да помага на бегалците да пребегнуваат во други земји и да ги следи активностите на Магнето. Откако Волверин му го крши ’рбетот на Магнето, Поларис успева да земе примерок од крвта на Магнето кој потврдува дека тој и е биолошкиот татко. Поларис е една од малкуте преживеани откако Сентинелите на Касандра Нова ја уништи Геноша. Поларис остана емоционално осакатена откако го сведочеше масакрот во Геноша.
Траума