The Chemical Brothers (Хемиските Браќа) се британско електронско дуо составено од Thomas Owen Mostyn 'Tom' Rowlands и Edmund John 'Ed' Simons (понекогаш нарекувани како Chemical Tom и Chemical Ed). Познати по нивите живи сетови, тие се пионери на биг бет електронскиот танц, жанрот кој постигна огромна популарност во 1990-тите.
Историја
Историја на бендот(1984–1991)
Ед Симсон е роден во Херне Хил, јужниот дел на Лондон, Англија, на 9 јуни 1970 година од мајка правник и татко кој не беше многу околу Симонс додека растеше. Кога тој беше млад, неговите главни интереси беа авионите и музиката. Симонс учеше во две јавни училишта, Alleyn и колеџот Dulwich. За време на неговите училишни денови, тој разви симпатии кон „rare groove “ и „Hip hop “ музиката кои често ги среќаваше во клубот наречен The Mud Club додека имаше само 14 години. Откако го заврши школувањето, негови два главни музички интереси беа бендови од Манчестер, „New Order“ and „The Smiths“. Откако го заврши училиштето со 11 „О“ нивоа и три „А“ нивоа, продолжи да студира Историја, особено Доцна Средновековна Историја на Универзитетот во Манчестер.
Том Роландс, соученик на Симон од детството, роден на 11 јануари 1971 година во Кингстон на Темза во Лондон. Уште кога Роланд беше многу млад, неговото семејство се пресели во Хели на Темза. Подоцна тој го посетуваше Reading Blue Coat училиштето во Беркшир, за тоа време стана опседнат со Шкотска, развивајки симпатии кон гајдите,особено. Во неговите рани тинејџерски години, музичките интересите ги прошири и кон други жанрови. На почетокот, некои од неговите фаворити беа „Oh What a Lovely War“ саундтрак, 2-Tone, во почетокот Гот жанрот (Sisters of Mercy, Fields of the Nephilim) и електро звуците на артистите како Крафтверк, Њу Ордер, Кабарет Волтер и Хевен 17. Тој објасни дека првиот албум Паблик Енеми му го променил животот, и коментираше дека "Miuzi Weighs a Ton" била една од најпрекрасните траки кој тој некогаш ја има чуено. Роланд исто така почна да собира хип-хоп плочи од артисти како Ерик Б. и Шоли Д. Роланд го заврши училиштето со слични достигнувања како Симонс. Достигна девет „О“ нивоа и три „А“ нивоа. За факултетот ги следеше стапките на Симон на Универзитетот Манчестер претежно за да се вовлече себеси на музичката сцена.
Роланд, пред да се запознае со Симонс, беше член на бендот наречен Ариел. Ариел го формираа Роланд и неговите пријатели Брендан Мелцк и Мет Бери. Нивната прва песна беше "Sea of Beats". Ова всушност беше white label, пред Филип Браун да ги постави Echo Logik Records, нивната прва промоција беше Bokadilo (ELR1201), Други обајвени песни се "Mustn't Grumble" (ELR1203) и нивната многу добро позната, "Rollercoaster" (ELR1202). По една година во Echo Logik, потпишаа договор со издавачка куќа deConstruction. Тие инсистираа да најмат пејачка, па го најмија бившиот фронтмен на Xpansions Сели Ен Марш, и по неколку разочарувачки песни како "Let It Slide" (која Роланд би ја опишал како нешто многу лошо ) групата се распадна. Една од последните работи кои Ариел ги направи беше ремиксот "T Baby".
Роланд и Симон потоа почнаа да работат како ди-џеи во клубот "Naked Under Leather", во задниот дел на еден паб, во 1992 под името "The 237 Turbo Nutters" (именувани по бројот на нивната куќа на улица Дикенсон во Манчестер и реферненца за нивните Блекбурн рејвинг денови). Двајцата пуштаа хип-хоп, техно, и хаус.
„The Dust Brothers“ (1992–1994)
Роланд и Симонс се нарекуваа The Dust Brothers по американското продуцентско дуо познато по работата со Бисти бојс. По извесен период започнаа да снемуваат соодветни инструментални хип-хоп траки па затоа почнаа да прават свои. Користеа „Хитачи“ хај-фај систем, компјутер, семплер и тастатура, ја снимија "Song To The Siren", која ја семплуваше Дис Мортал Коил. "Song To The Siren" беше издадена во нивната издавачка куќа наречена Дајмонд Рекордс (според прекарот на Ед). Во Октомври 1992, издадоа 500 white label копии во различни денс продавници низ Лондон, но никој не сакаше да ги пушта, велејќи дека се пемногу спори. Му пратија копија на лондонскиот ди-џеј Ендру Ведерал, кој ги направи редовен стартер во на своите ди-џеј сетови. Ведерал исто така потпиша договор со бендот во неговата издавачка куќа Junior Boy's Own. Во Мај 1993,издравачката куќа Junior Boy's Own ја објави песната 'Song To The Siren'.
Дуото го заврши Универзитетот со добри резултати, со што и двајцата добија дипломи за напредно второ ниво. Некаде во јуни 1993, `The Dust Brothers ги направија нивните први ремикси. Првиот беше "Packet Of Peace" за Лајонрок екипата на Џастин Робертсон, по кој следеа траките за Leftfield, Republica и The Sandals. При крајот на 1933-година The Dust Brothers го завршија Fourteenth Century Sky EP, објавен во јануари 1994-та. Плочата ги содржеше „хемиските звуци“ која го откри звукот на дуото, подоцна преземен од Фетбој Слим и многу други. Плочата исто така ја содржеше "One Too Many Mornings", која за првпат ја покажа лабавата и смирена страна на The Dust Brothers. И двете "One Too Many Mornings" и "Chemical Beats" подоцна ќе се најдат на нивниот деби албум. По Fourteenth Century Sky кон крајот на 1993-та следеше My Mercury Mouth EP. "Chemical Beats" беше исто така дел од саундтракот на првото издание од Wipeout серија игри, откако го употребија во Wipeout за PlayStation во 1995 година.
Во Октомври 1994-та, The Dust Brothers станаа резидент ди-џеи во малиот, но многу влијателен клуб Heavenly Sunday Social Club во Албани паб во Лондон на улицата Грејт Портланд. Тие им се допаднаа на Ноел Галагер, Паул Велер, Џејмс Дин Брадфилд и Том Бургас кои беа редовни посетители. The Dust Brothers беа ангажирани околу правење ремикси за траките на Manic Street Preachers и The Charlatans, како и на "Jailbird" од Primal Scream и "Voodoo People" од The Prodigy. Овие два ремикса доживеаа телевизиска слава со тоа што беа пуштани на емисијата "The Party Zone" на MTV Еurope во 1995-та. На почетокот на 1994-та, на The Dust Brothers им пристапи во клубот Ноел Галагер од Oasis, кои стануваа еден од најпромовираните бендови во Британија. Галагер му кажа на дуото дека има песна која ја напишал и дека сака тие да направат ремикс. Но со текот на времето, Галагер се предомисли и дуото не направи ремикс за неа. Траката се викаше "Wonderwall".
Во Март 1995, The Dust Brothers ја почнаа нивната прва интернационална тура, која ги вклучуваше Соединетите Држави – каде пуштаа песни со Orbital и Underworld, а потоа следеа група европски фестивали. Исто така во тоа време оригиналните Dust Brothers подлежеа на правни закани за нивното име, па така Роланд и Симонс мораа да се одлучат за ново име што побргу. Тогаш одлучија да се викаат "The Chemical Brothers" (Бабата на Симонс предложила да се викаат "The Grit Brothers").
Во Јуни 1995-та, го издадоа нивниот 4-ти сингл, прв со нивното ново име. "Leave Home" беше издаден од Junior Boy’s Own, како најава за нивниот деби албум. Синглот стана прв хит на листите кој се најде на место број 17.Синглот се задржа на листите се 8 недели, рекорден број на недели на исто место (Освен местото број 1)
"Exit Planet Dust (1995–1996)"
Во Јули 1995-та, The Chemical Brothers го издадоа нивниот деби албум Exit Planet Dust (инспирирани од промената на нивното име) под Freestyle Dust/Junior Boy's Own. Албумот се најде на британските топ- листи на место број 9 со вокалот Бет Ортон како гостин во песната "Alive Alone". На крајот синглот се продаде во над милион примероци ширум светот, а исто така се користеше и за саундтракот на ТВ сериите за научна фантастика Virtuality. Накратко откако синглот беше издаден, Chemical Brothers потпишаа договор со Virgin Records. За нивниот следен сингл, “ Life Is Sweet” во септември 1995-TA, тие повторно повикаа вокал како гостин, нивниот пријател Тим Бургес, пејач од The Charlatans. Синглот се искачи на место број 25 на топ- листите.
Во Август 1995-та, Chemical Brothers беа ди-џеи за Oasis на свирката на Sheffield. Свирката почна да оди во погрешна насока кога стана очигледно дека на Лиам Галагер како да не му се допаѓаа траките кои се вртеа.Најмногу со што можеа да го задоволат беше со Happy Mondays' "Wrote For Luck”. Галагер продолжи да ги оттргнува Chemical Brothers од диџеј-сетот и викна пријалел од The Verve да продолжи да пушта музика. Фаворизираше психоделичен материјал на незадоволство на публиката.
Во овој период, The Stone Roses ги замолија Chemical Brothers да направат ремикс за "Begging You", од нивниот албум” Second Coming”. Откако почнаа со работа на ремиксот во кој видоа потенцијал, Stone Roses се предомислија и проектот беше откажан.
Во Октомври 1995-та, дуото се врати во клубот Heavenly Sunday за втор и финален обид на диџеј датумите. Тогаш тие станаа резидент диџеи во саботите кај Turnmills Во ноември, The Chemical Brothers настапуваа во театарот Асторија во Лондон. Во тоа време најчесто ја користеа "Chemical Beats" и “The Beatles”Tomorrow Never Knows" за враќање на бис. За време на бисот, Кит Флинт од The Prodigy влета на сцена и почна да игра, со маица на која имаше слоган "Occupation: mad bastard". Потоа му се придружија и неколкумина од публиката. Ова резултираше со истегнат кабел кој беше причина за предвремено затворање на шоуто. Chemical Brothers не беа многу засегнати поради тоа, со изјавата на Роналд дека тој е Кит од Prodigy и може да прави што ќе посака ". Токму пред Божиќ, 1995-та, тие ја направија нивната најголема журка, со Prodigy на Brixton Academy.
Во Јануари 1996, Exit Planet Dust постигна “(златна продажба)”. Chemical Brothers го објавија нивниот прв нов материјал по само 6 месеци во Virgin, "Loops Of Fury" EP. Четирите траки беа лимитирани на 20,000 копии, сега достапни за дигитално симнување. Ce најдоа на британските топ листи на 13-то место. EP исто така соджеше ремикс на "Chemical Beats", од Дејв Кларк и две други нови траки "Get Up On It Like This" и "(The Best Part Of) Breaking Up".
Во Февруари 1996-та, Магазинот Селект објави список на 100 најдобри албуми од 1990-тите до сега, со што Exit Planet Dust беше на 39-то место. Во Август 1996-та, Chemical Brothers ги поддржаа Oasis во Knewbroth, каде што имаше по 125,000 луѓе на двата настапи.
За време на 1995-та на фестивалот во Glastonboury, Роланд и Симонс имаа уште еден разговор со Ноел Галагер. Тој им кажа дека многу му се допаднал Exit Planet Dust, и праша дали може да пее на нивната идна трака, слично како Тим Бургас во "Life Is Sweet". Тие не размислуваа многу околу понудата во тоа време со оглед на тоа колку Галагер ќе беше понтаму зафатен со издавање на албумот на Oasis' (What's the Story) Morning Glory?, и поради комплексноста на справување со меѓусебните издравачки компании. Сепак, дуото подоцна работеа на трака за која мислеа дека би имало корист да има вокал во неа. Му пратија снимка на Галагер од тоа што го сработиле. Тој работеше на тоа прекувремено, и им остави порака следното утрото дека е спремен да го сними материјалот. Траката ја нареокоа "Setting Sun" и беше конечно објавена во октомври 1996-та. Се најде на британските топ листите на врвот давајќи му го на дуото за првпат местото број еден. "Setting Sun" беше придружуван од многу инструментални верзии, а исто и новата трака "Buzz Tracks",која не беше ништо повеќе од диџеј алатка.Тојцата преостанати адвокати на Битлси подоцна ги им напишаа писмо на Chemical Brothers, кои тврдеа дека по грешка тврдеа ја семплувале "Tomorrow Never Knows". Вирџин рекордс најмија музикологист да докаже дека тие не ја семплувале класичната психоделична песна од 1960 година.
Во меѓувреме, во 1996-та, Live Social Volume 1 беше издаден од Хевенли Рекордс,кој стана првиот CD микс на Chemical Brothers' (исклучувајки го Xmas Dust Up, слободниот албум кој излезе во 1994-та изданието на NME). Тоа беше првиот албум на дуото во живо, а воедно и единствен (исклучувајќи го EP Live 05).
Dig Your Own Hole (1997–1998)