Дедо Мраз — личност во северноамериканската култура, од легендарен, митолошки и фолклорен лик, кој настанал со комбинација на холандскиот Синтерклас (Sinterklaas), англискиот Татко Божик (Father Christmas) и други традиционални божикни личности кои носат подароци. Тој носи подароци во домовите на добрите деца, за време на Бадниковата ноќ, на 24 декември. thumb|Дедо Мраз претставен од телевизискиот продуцент за деца Џонатан Мет Ликот на Дедо Мраз потекнува од холандскиот лик Синтерклас, кој е дел од хагиографските приказни, во кои се раскажува за Свети Никола, историска личност која дели подароци.
Дедо Мраз се опишува како дебел, насмеан човек, со бела брада и мустаќи, кој носи црвено палто и панталони со бели краеви, црн колан и чизми. Оваа слика за Дедо Мраз станала популарна во XIX век, во Канада и Америка, како резултат на значајното влијание на карикатуристот Томас Наст. Ликот на Дедо Мраз бил претставуван на радио, телевизија, во песните, детските книги и во филмовите. Развивањето на ликот на Дедо Мраз во Северна Америка во XIX и XX век, влијаело врз модерната перцепција во Европа за Татко Божиќ, Синтерклас и Свети Никола.
Според традицијата која датира од 1820 година, Дедо Мраз живее на Северниот Пол, со голем број на магични џуџиња и осум или девет ирваси кои летаат. Од 20 век, Дедо Мраз почнува да прави список на деца од целиот свет, кој го дели на две групи. Во едната се послушните деца, на кои им носи играчки и слатки, а во другата оние непослушните на кои им носи јаглен на Бадник. Сето ова тој го постигнува со помошта од неговите џуџиња, кои во својата работилница ги изработуваат играчките и со помош на неговите ирваси, кои ја влечат неговата санка.
Претходни личности Свети Никола Свети Никола од Мира е првобитната инспирација за христијанскиот лик на Синтерклас. Тој бил грчки, христијански бискyп од 4 век, во Мира, Ликија, провинција во византиска Анадолија, денес во Турција. Свети Никола бил познат по дарежливите подароци, кои им ги давал на сиромашните. Тој бил религиозен уште од млади години и целосно го посветил својот живот на христијанството. Во Европа, поточно во Холандија, Белгија, Австрија и Германија тој сè уште е прикажан како бискуп со бела брада, во канонска наметка. Во 1087 година, во италијанскиот град Бари, започнала експедиција која имала за цел да го пронајде гробот на светецот и да ги донесе неговите посмртни останки. Ковчегот со останките на Свети Никола бил осквернавен од страна на италијанските морнари и реликтите биле однесени во Бари, каде што се чуваат до денес. Истата година била изградена базилика, во која се чувале останките и просторот станал место за поклонение на побожните и со тоа се оправдале економските трошоци на експедицијата. Свети Никола подоцна бил прогласен за светец заштитник на различни групи на луѓе, од стрелци, морнари и деца, па сè до заемодавци. Тој исто така е светец заштитник на Амстердам и Москва.
Влијанието на германскиот паганство и фолклорот Голем број на паралели беа повлечени меѓу ликот на Дедо Мраз и врховниот бог на Германите, Один. Постојат теории кои се однесуваат на паганското потекло на разни обичаи поврзани со празникот, кои потекнуваат од простори каде што Германите биле христијанизирани и зачувале елементи од нивните традиции поминувајќи низ различни форми на модерни претстави за Дедо Мраз. Один понекогаш бил споменуван во германскиот празник Јул, како води ловечка забава низ небото. Во две книги напишани во 13 век, во Исланд, Один е претставен како јава коњ со осум нозе, кој можел да отскокнува големи растојанија. Овој коњ се споредувал со ирвасите на Дедо Мраз.
Според некои традиции, децата ги ставале своите чизми до каминот, ги полнеле со моркови, слама и шеќер, за да го нахранат летечкиот коњ на Один. Потоа, Один ќе ги наградел децата, така што на местото на изедената храна, во чизмите, ставал бонбони. Оваа традиција сè уште се практикува во Германија, Белгија и Холандија и по христијанизацијата се поврзува со Дедо Мраз. Во други држави наместо чизми, децата поставуваат чорапи до каминот.
Крампус претставува митско суштество, кое е препознатливо во алпските држави. Потекнува од претхристијанските домородни традиции, а подоцна е под влијание на христијанизацијата. Тој е претставен како придружник на Дедо Мраз. Некои млади луѓе, традиционално, се преправаат во Крампус, во првите две седмици од декември, а особено вечерта на 5 декември и шетаат по улиците плашејќи деца и возрасни со ’рѓосани синџири и ѕвончиња.
Холандски фолклор thumb|190px|Дедо Мраз во Холандија Според верувањата во Холандија, Белгија и Луксембург, на Дедо Мраз му помага „Црн Петар“ (на холандски Zwarte Piet). Неговиот празник се слави во многу земји, на 6 декември, со дарување на подароци. Во Холандија овој празник се слави вечерта, на 5 декември. Во периодот на реформацијата во 16 и 17 век во Европа, многу протестанти го смениле ликот кој носи подароци и го нарекле Христово Дете, а датумот на прославување бил 24 декември.
Традицијата вели дека секоја година во средината на ноември, Дедо Мраз, заедно со неговите помошници доаѓа од Шпанија со брод на пареа. Тој носи книга во која пишува кое дете било умно, а кое немирно во текот на годината и им дава подароци и чоколади само на умните деца. Се верува дека во следните три седмици, Дедо Мраз навечер јава на сиво-бел коњ, над покривите од куќите и им ги дава подароците на добрите деца преку оџакот, додека пак непослушните деца може да бидат фатени во платнени торби, од страна на неговите помошници.
За разлика од Дедо Мраз, Синтерклас е повозрасен, повеличествен и посериозен човек, со бела коса и долга, густа брада. Тој носи долга, црвена наметка над традиционалната бискупска риза, во раката држи златест крст и долг, церемониски, овчарски стап со заоблен, елегантен врв. Носи голема книга во која пишува кое дете било добро, а кое немирно во изминатата година. Во Холандија и Белгија ликот на Дедо Мраз е познат како de Kerstman, што на холандски значи Божиќниот Човек, а на француски се нарекува Père Noël и значи Татко Божиќ. Иако за децата најважниот човек во Холандија кој дели подароци во декември е Синтерклас, божиќниот период го користи една петтина од холандското население за да подари нешто. 26% од народот во Холандија дава подароци за време на божиќните празници. Во Белгија, подароци добиваат само децата. На Божиќ, подароци добиваат сите, меѓутоа најчесто без помош од Дедо Мраз.
Скандинавски фолклор
Во 1840 година, во Данска, подароците почнало да ги разнесува џуџето од нордискиот фолклор наречено Томте. Тој бил низок, брадест човек, облечен во сива облека и црвена капа. Томте претставувал нова верзија на древното народно суштество , која настанала под вилјание на традицијата за Дедо Мраз која се ширела низ Скандинавија. До крајот на 19-иот век оваа традиција се проширила и низ Норвешка и Шведска и го заменила најстариот симбол на празникот Јул, козата Јул. Иако веќе не постои традицијата за козата на празникот Јул, сепак во цела Скандинавија честа декорација за Божиќ е коза направена од слама.
Татко Божиќ
Ликот на Татко Божиќ постои од 17-иот век во Британија и на слики кои се зачувани од тој период тој е претставен како весел, добро нахранет брадест човек, кој носи долга, зелена наметка со крзнени краеви. Тој го симболизирал духот на доброто расположение за време на Божиќ. Во романот на Чарлс Дикенс, „Божиќна песна“ (A Christmas Carol), тој бил опишан како голем, добродушен човек во зелено палто, кој го носи Скруџ (лик од романот) низ раздвижените улици на Лондон во божиќното утро и го пренесува божиќниот мирис на веселиот народ.
Историја Почетоци
Предмодерната претстава од црковната историја и фолклор за Свети Никола и Синтерклас се споила со британскиот карактер Татко Божиќ и така се добила личност која за Британците и Американците е позната како Дедо Мраз. Во британските колонии на Северна Америка, а подоцна и во Соединетите Држави, британските и холандските верзии на ликот кој дели подароци и понатаму се соединувале. На пример во книгата на Вашингтон Ирвинг „Историја на Њујорк“, холандскиот Синтерклас бил американизиран во Дедо Мраз, но го изгубил бискупскиот изглед и бил најпрво претставен како холандски морнар, со дебел стомак и луле, облечен во зелен зимски капут. Книгата на Ирвинг била пародија на холандската култура во Њујорк и голем дел од овој портрет претставува негов шеговит изум.
19 век Во 1821 година, во Њујорк е објавена книгата „Новогодишен подарок за малите од пет до дванаесет години“. Во неа има анонимна поема наречена „Стариот Дедо Мраз“, во која се опишува стар човек на санка со ирваси, кој носи подароци на децата. Некои модерни идеи за Дедо Мраз станаа навидиум норма, по издавањето на поемата „Посета од Дедо Мраз“, денес позната како „Ноќта пред Божиќ“. Поемата била издадена на 23 декември 1823 година, во Трој, Њујорк, најпрво анонимно, а потоа му била препишана на Клемент Кларк Мур. Многу од неговите современи особини се опишани во поемата: доаѓањето на санка, слетувањето на покривите од куќите, спуштањето низ оџакот со полна торба подароци. Свети Никола е опишан како возрасен, бумбарест, весел , мал човек со мало, заоблено стомаче, кое се тресе како желе кога тој се смее. Ирвасите исто така имале свои имиња: Dasher (Летач), Dancer (Танцувач), Prancer (Потскокнувач), Vixen (Кавгаџија), Comet (Комета), Cupid (Купидон), Dunder (Грмотевица), Blixem (Молња).
Како поминуваат годините, Дедо Мраз се развива во голема и важна личност во популарната култура. Еден од првите артисти кој ја одреди современата слика за Дедо Мраз е Томас Наст, американски карикатурист од 19 век. Во 1863 година, во американското списание Харперс викли (Harper's Weekly) се појавила слика на Дедо Мраз, нацртана од страна на Наст. Приказната дека Дедо Мраз живее на Северниот Пол, може исто така да е негова творба. Неговата божиќна слика во изданието на Харперс викли од 29 декември 1866 година, претставувала колаж од гравури, со наслов „Дедо Мраз и неговите дела“.
Во 1869 година, била објавена колоритната колекција од слики на Наст, во која се појавила поема напишана од Џорџ П. Вебстер, исто така наречена „Дедо Мраз и неговите дела“, во која напишал дека домот на Дедо Мраз е блиску до Северниот Пол, меѓу мраз и снег. До 1870 година, приказната станала добро позната. Едно дете од Колорадо до списанието за деца The Nursery, напишало: „Ако не живеевме толку далеку од Северниот Пол, ќе го замолев Дедо Мраз да ми донесе магаренце“.
Американските автори, во почетокот на 1800 година, дошле до идејата да се создаде жена за Дедо Мраз. Во 1889 година, поетесата Кетрин Ли Бејтс ја претстави Госпоѓата Мраз, или Баба Мраз, во поемата "Дедо Мраз се вози со санка".
„Дали постои Дедо Мраз?“ бил насловот на почетната страница на списанието Њујорк сан, во изданието од 21 септември, 1897 година. Ова прашање го поставило осумгодишно девојче Вирџинија, кое почнало да се сомнева во постоењето на Дедо Мраз. Следел одговор на нејзиното прашање, кој гласел: „Да Вирџинија, Дедо Мраз постои“ и сè уште претставува неизбежен дел од популарната божиќна традиција во Соединетите Држави и Канада.
20 век
Во 1902 година беше издадена книгата за деца на Л. Френк Баум, наречена „Животот и авантурите на Дедо Мраз“. Голем број од легендите за Дедо Мраз биле променливи во тоа време, така што Баум си дозволил да промени некои одлики кај својот лик од книгата. Според него, Дедо Мраз живеел во измислената долина на смеењето наречена ХоХоХо, имал 10 ирваси, кои не можеле да летаат, туку прескокнувале огромни растојанија. Целта на Дедо Мраз е да донесе чувство на радост меѓу децата и да помогне да имаат безгрижно и среќно детство, а тоа го прави со основното средство, играчките.