Милан Делчев ( во — во , Кукушко) — македонски револуционер учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација .Дино Кьосев, „Гоце Делчев, Писма и други материали“Енциклопедия България, том 2, Издателство на БАН, София, 1981.
Животопис мини|Споменикот „Паднати за слободата на Македонија“ во Ќустендил со името на Делчев (20-и во втората колона). Милан Делчев е роден 1883 година во Кукуш, тогаш во Отоманското Царство. Се родил како трет син на Никола Делчев и Султан Делчев, а негови браќа се Гоце, Димитар и Христо Делчев.
Милан Делчев на 18 години станал четник при војводата Крсто Асенов во 1901 година. На 20 јуни 1903 година,Ванчо Ѓорѓиев „Слобода или Смрт: македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година“, Скопје, Институт за историја - Филозофски факултет, 2003. за време на Илинденското востание, аскерот ја опколил четата, по што комитите се поделиле во групи по дваца-тројца. Милан останал само со еден другар. Неколку дена се криеле во селото, а потоа едно утро, тргнале накај шумичката над селото. Наишле на голема турска војска, бидејќи не можеле да се вратат назад, ја прифатиле борбата. Милан херојски загинал во нерамноправната битка. Три дена никој не знаел за безживотното тело на Милан. Четвртиот ден решително селаните, ризикувајќи ги своите животи, формирајќи процесија го погребале. Самата шума ја нарекле Милан-Делчева шума. Никола и Султана Делчеви за само две години загубиле три сина: Гоце, Милан и Мицо.
Поврзано
Никола Делчев Султана Делчева Гоце Делчев Димитар Делчев Христо Делчев Руша Чопова Лика Чопова
Наводи
Книжевност
Јован Павловски - Огнено семејство - Спомени на Лика Чопова, Скопје, 1978. Д-р Симо Младеновски - Револуционерката Руша Делчева (1868-1945), Скопје, 1983.
Категорија:Делчеви