Езоп (, Aisōpos) — старогрчки баснописец.

Животопис За животот на Езоп нема многу податоци. Се смета дека Езоп живеел од 620 п.н.е. до 564 п.н.е. По потекло од Мала Азија, тој бил роб на островот Сам, сопственост на филозофот Ксант, кој го ослободил. Исто така, се верувало дека по потекло е од Тракија или од Лидија (од Сард), но сепак, преовладувало мислењето дека тој е од Фригија, и тоа поради две причини: јадрото на неговите басни е фригиско, а освен тоа, неговото име потсетува на Езеп - река во Фригија.Мухарем Первић, „Езоп и Доситеј“, во: Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 6. Иако малку се знае за неговото потекло, младост и семејство, постојат повеќе податоци за неговата смрт. Се претпоставува дека не умрел од природна смрт, туку дека бил убиен, а причината за тоа биле токму неговите басни. Имено, Езоп ги проколнал жителите на Делфи затоа што не им се допаднале неговите басни, а тие пак лажно го обвиниле дека уркал златен сад од храмот на Аполон, по што го врзале и го фрлиле од една карпа. Според друга верзија, неговиот пријател, кралот Крез, го испратил Езоп во Делфи за да однесе подароци во Аполоновиот храм, како и за секој жител на Делфи. Езоп го оставил златото во храмот, но сметајќи дека жителите на Делфи се неработници, парите наменети за нив му ги вратил на кралот Крез. Навредените жители на Делфи го обвиниле за кражба на златна жртвена чаша од храмот и го фрлиле од карпа.

Творештво На Езоп му се припишува авторството на вкупно 426 басни, а прв ги објавил Деметрија Фалеранин во 4 век п.н.е. Басните се полни со алегории, хумор, а филозофијата на животот е раскажана под маската на разни животни. Езоп се смета за татко на басната, а неговиот пример го следеле бројни современи баснописци, како: Лафонтен во Франција, Лесинг во Германија, Иван Крилов во Русија, Доситеј Обрадовиќ во Србија, итн. Исто така, бројни современи писатели ја користеле постапката својствена за басната за да ги искажат одликите на човекот. Езоповскиот јазик претставува поим за говорна загатка со која се кажува едно а се мисли на нешто друго, како и поим за книжевната постапка со која тешките вистини за луѓето се соопштуваат преку привидно наивен дијалог меѓу животните, растенијата и предметите. Како и седумтемина мудреци, кои му биле современици, Езоп бил човек со големо животно искуство, голем познавач на човековата природа и набљудувач на човековите недостатоци. Покрај тоа, за да ги создаде своите басни, тој морал да биде и добар познавач на животинскиот и растителниот свет, со цел да ги пронајде најблиските сличност меѓу нив и луѓето. Тој ги кажувал басните за да ги поучи луѓето и да ги направи подобри, но неговата дарба не е само педагошка, туку и уметничка, зашто многу негови басни се книжевни медалјони полни со свежина, хумор, бистрина и правичност.Мухарем Первић, „Езоп и Доситеј“, во: Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: 1963, стр. 6-8.

Поврзано Езопови басни

Наводи

Надворешни врски

Aesop's Fables Free audio downloads Aesop's Fables Intended for children Aesop's Fables by V. S. Vernon Jones Aesop's Fables with illustrations by Harrison Weir, John Tenniel, Ernest Griset, and others AesopFables.com Large collection of fables; many are not Aesopic Aesopica.net Over 600 fables in English, with Latin and Greek texts also; searchable Carlson Fable Collection at Creighton University Includes online catalog of fable-related objects Vita Aesopi Online resources for the Life of Aesop

Aesop's Minimalist Collection BRA

Категорија:Писатели од стариот век Категорија:Старогрчки писатели Категорија:Баснописци