Свети Никола (позната и како Св. Никола Талалеј (летен)Трифуноски Јован. „Сеоска насеља Скопске котлине - развитак села, порекло становништво и привредне одлике“. Петти дел. Скопје, 1964 г. стр.109 или Св.ТалеаПанов Митко. „Енциклопедија на селата во Република Македонија“. Патрија, Скопје, 1998. стр.213) — македонски православен храм кој се наоѓа во Ново Село, недалеку од Зелениково во околината на градот Скопје. Храмот се наоѓа веднаш јужно од селото на неколку стотини метри оддалеченост. Изградбата датира од крајот на XVIII и почетокот на XIX век за што сведочат натписи и повеќе стари надгробни плочи во кругот на црквата. Црквата е возобновувана во два наврати. Првиот пат таа била обновена во 1896 годинаПанов Митко. „Енциклопедија на селата во Република Македонија“. Патрија, Скопје, 1998. стр.213 Поврзано и: Трифуноски Јован. „Сеоска насеља Скопске котлине - развитак села, порекло становништво и привредне одлике“. Петти дел. Скопје, 1964 г. стр.109. Вторпат црквата била обновена во поново време односно во периодот од 2003-2005 година. Покрај патрониот празник на црквата (9 мај)селото го слави и празникот „Свети Константин и Елена“.

Галерија

Наводи

Ново Село Категорија:Ново Село (Зелениковско) Категорија:Дела на Дебарската школа