Кушкулија — село во Општина Василево, Струмичко. Денес нема жители.
Географија и местоположба Селото се наоѓа на крајниот северен дел од Струмичкото Поле и северно од Василево. Лежи помеѓу Нивичино на југоисток и Подареш на запад.
Историја Подрачјето околу Кушкулија е населено барем уште од средниот век, за што сведочи некрополата на наоѓалиштето Готен околу 5 км североисточно од селото.
Во XIX и XX век Кушкулија било чисто турско село во Радовишката Каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Кушкули имало 75 жители Турци.
Според османистот Димитар Гаџанов во 1916 г. во Кушкуља живееле 99 Турци.Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 243.
На 5 јуни 1944 г., за време на Мајската (Пролетна) офанзива во судир со бугарската војска во Кушкулија загинал македонскиот комунист и композитор Панче Пешев.
Демографија Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Турци.
Во периодот од почетокот до средината на XX век селото доживеало голем пораст. Ова траело сè до 1950-тите кога речиси целото население се иселило во Турција. Во 1961 г. во него останале само 4 лица, а во текот на следните години Кушкулија е наполно напуштена. Според пописот од 2002 година, Кушкулија немала ниеден жител.
Културни и природни знаменитости Археолошки наоѓалишта Готен — некропола од средниот век
Личности Панче Пешев (1915 – 1944) — партизан, деец на НОВМ
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Струмички села Категорија:Села во Општина Василево Категорија:Раселени села во Македонија