Дукатино — село во Општина Василево, во околината на градот Струмица.
Географија и местоположба
thumb|десно|Основно училиште „Гоце Делчев“ thumb|десно|Црква во селото thumb|десно|Плевна во селото
Дукатино се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во северозападниот дел на Струмичка Котлина, чиј атар допира со територијата на Општина Радовиш и припаѓа на Општина Василево. Од најблискиот град Радовиш е оддалечен 16 километри, додека од Струмица е оддалечен 18 километри. Покрај селото поминува патот Струмица-Радовиш.
Надморската височина во селото е 376 метри додека селото зафаќа површина од 8 км2. Од нив 240,5 хектари се обработливо земјиште, 504,2 хектари се шуми и 22,3 се пасиштаПанов Митко, Енциклопедија на селата во Република Македонија, Патрија, Скопје, 1998. стр.108.
Историја Антички период
Во околината на денешното село се наоѓаат археолошки остатоци од т.н. Градиште, Калата и Селиште и Чуј Петел. Според овие остатоци се смета дека селото постоело уште во античкиот период.
Отоманско Царство
Во текот на XIX век, селото било чисто македонско. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 230 жители МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 234..
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 320 Македонци под врховенството на Бугарската егзархијаBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 138-139..
Во селото кон крајот на 1909 година бил основан комитет на ВМОРО од страна на Христо Чернопеев и Михаил Думбалаков, на чело со војводата Стамен РадовишкиДумбалаковъ, Михаилъ. Презъ пламъцит на живота и революцията, томъ ІІ, София, 1937, стр. 70..
Југославија
По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС. По крајот на Втората светска војна, Дукатино било вклучено во НР Македонија, во составот на СФРЈ.
Македонија
По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Василево. Демографија
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.
На пописот од 2002 година, селото имало 497 жители. Следува табела на националната структура на населениетоПопис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Националност Вкупно Македонци 447 Турци 0 Роми 0 Албанци 0 Власи 0 Срби 0 Бошњаци 0 останати 3
Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Дукатино има 327 жители.
Следува табела на народносната структура на населението:
Народност Вкупно Македонци 240Албанци 0Турци 0Роми 0Власи 0Срби 0Бошњаци 0Други87 На табелата е прикажан преглед на бројот на населението низ сите пописни години: Година1900190519481953196119711981199119942002Население230320289337387426470480450450
Родови Според истражувањата од 1928 година, родови во селото.
Староседелци: Костадиновци со Поцевци и Петровци (7 к.), Стоименовци (3 к.), Доневци (3 к.), Тренчовци со Треновци и Алексовци (3 к.), Темелковци (1 к.), Главченци (4 к.), Димитријевци (4 к.), Митровци (3 к.), Тодоровци (3 к.), Стојановци (2 к.) и Ѓоргевци (2 к.) Доселеници: Трајковци (4 к.) доселени се во XIX век од селото Варварица.
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1799 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 370 гласачи.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Општина Василево Категорија:Струмички села Категорија:Села во Македонија