Горан Кузманоски (роден на во Прилеп) — македонски ракометар кој играл за Еурофарм Работник.
Кариера Кузманоски е роден во Прилеп и потекнува од спортско семејство. Неговиот татко, Петар Кузманоски – Таста, се смета за еден од најистакнатите прилепски ракометни легенди, кој подоцна бил тренер и претседател на РК Тутунски Комбинат, клуб во кој ѝ двајцата ја започнале својата ракометна кариера.Тастата живее за ракомет Зенит; 9 јули 2016 Својот прв договор со Тутунски Комбинат, Горан го потпишал на 17 години.
Кузманоски бил предводник на македонската младинска репрезентација на Европското јуниорско првенство 2002 во Полска, и еден од најзаслужните за освоеното 4. место. Тој бил втор најдобар стрелец на првенството со постигнати 55 голови.Голманот Ристовски во "ол стар" седморката, Кузмановски втор стрелец Дневник; 20 август 2002
Во сезоната 2003–04, тој потпишал со Вардар Ватростална и со клубот успеал да ја освои двојната круна во македонското првенство, а следната сезона преминал во градскиот соперник Металург. Кузманоски во скопскиот клуб играл една сезона и веќе следната сезона направил трансфер на Исланд, во клубот ИБВ.Горан Кузмановски интернационалец во Исланд Дневник; 29 јуни 2005 Тој на Исланд се задржал само една полусезона,HANDBOLTI - GORAN KUZMANOSKI YFIRGEFUR ÍBV ibvsport.is; 3 декември 2005 (на исландски) и на почетокот на 2006 година се преселил во Шпанија каде редоследно играл за клубовите Аранда и Коста Бланка.Кузманоски го менува Н. Мојсоски Вечер 21 декември 2006
Во сезоната 2007–08, Кузманоски потпишал за португалскиот клуб Мадејра, во кој останал само една сезона. Следната сезона тој се преселил во Шведска, потпишувајќи за Трелеборг. Во летото 2009 година, тој се вратил во Македонија и потпишал за Тинекс Пролет. Таа сезона тој бил најдобар стрелец во македонската супер лига.Најдобри, а се борат за опстанок Дневник;14 мај 2010
Титули Вардар Ватростална Супер лига на Македонија: 1 титула (2004) Куп на Македонија: 1 титула (2004) Одорхеи ЕХФ Челинџ куп: 1 титула (2015)
Наводи
Надворешни врски Профил на European Handball Federation
Категорија:Живи луѓе Категорија:Ракометари од Прилеп