Бориево — село во Општина Босилово, во областа Струмичко Поле, во околината на градот Струмица.
Селото е скоро целосно споено со соседното Моноспитово.
Потекло и значење на селото
мини|300п|лево|Сретселото
Името на селото првпат е запишано како Боруево во пишани документи во век (1343 г.) и низ годините се сретнува под слични варијанти (Бориево, Боруево, Борјово). Името доаѓа од личното име Боруј или Бориј образувано со суфиксот -ово.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во средишниот дел на рамништето на Струмичкото Поле, со најквалитетен бонитет на земјиштето. Селото е сместено во јужниот дел на подрачјето на Општина Босилово. Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 207 метри. Од градот Струмица, селото е оддалечено 15 километри.
До селото може да се стигне преку локални асфалтирани патишта од државниот пат А4 со исклучување кај селото Турново или од регионалниот пат 1404 преку селото Моноспитово.
Топонимија Во рамките на селскиот атар се наоѓаат следниве топоними: До Село, Крушите, Кукавица, Лаштово, Село, Трнки, Турија, Бабиште, Бориште, Маалата, Мамла, Мерата, Могила, Фаши.
Историја
мини|300п|десно|Поглед на селската црква
Бориево е стара селска населба која потекнува од средниот век. На почетокот селото било мало, подигнато на брегот на Моноспитовското Блато, во месноста „Жабарник“. Старите жители на ова село на тој простор се занимавале со лов, риболов и сточарство. Поради мочурливото земјиште, земјоделството не било застапено. Според едно предание, претходниците на бориевчани ја напуштиле првобитната местоположба на селото, веднаш по Битката на Беласица во 1014 година, кога Самуиловата војска била победена од војската на византискиот цар Василиј II.
Причина за напуштањето на населбата во месноста „Жабарник“ била појавата на болест (веројатно маларија) од која најмногу умирале децата. Прв на ова место каде што денес е сместено Бориево се населил човек по име Борил. Подоцна околу неговата куќа се населиле и други семејства, па така се оформувала мала селска населба која во чест на првиот жител Борил, ја нарекле Борилово. Со името Борилово, селото се спомнува, сè до доаѓањето на Османлиите.КОЛЕТКТИВНАТА МЕМОРИЈА ЗАЧУВАНА ВО ТИПИЧНИТЕ ОБИЧАИ И ТРАДИЦИИ НА ОПШТИНА БОСИЛОВО
Османлиите селото започнале да го нарекуваат Бориево. Легендата вели дека во селото имало изградено кула во која ги обучувале војниците, кои секое утро ги пробудувала војничката труба – „бурија“. Така, според оваа легенда, од овој збор произлегло и името Бориево.
Во текот на Горноџумајското востание кај селото се одвила битка против Османлиите.Манол Пандевски - Ѓорѓи Стоев - Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969, стр. 225. Во битката врховистичката чета ранила еден таксилдар, а убила една жандар и падарот од селото. Во текот на престрелката загинал еден четник, а четата со себе по повлекувањето го повела машкото население. Поради пукањето во Бориево дошло до организирање на башибозлук од страна на Турците од селата Турново, Еднокуќево и Секирник. Башибозлукот набргу се нашол во Бориево, а таму дошла и една потера од 50 души од Банско. Селото било ограбено, а десетина селани биле претепани до смрт. На 18 ноември во Бориево дошла потера од 40-50 души од Ново Село под команда на Али Ефенди. Биле уапсени 16 селани и однесени во Ново Село каде што биле мачени за да предадат пушки.
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија. По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион, додека по крајот на Втората светска војна, во рамките на СФРЈ.
Стопанство
Атарот на селото не е многу голем и зафаќа простор од 4,3 километри квадратни. На него доминира обработливото земјиште на површина од 426,3 хектари, на пасиштата отпаѓаат 14,2 хектари, а на шумите само 3,2 хектари.
Во минатото во селото работела земјоделска задруга, а денес во него има продавници и угостителски објекти.
Население
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 година селото се состоело од 20 семејства и 65 жители Македонци.Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 188-189.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 275 жители Македонци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 160.
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 352 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија и 64 македонски патријаршисти. Освен тоа, во селото работело и едно егзархиско училиште.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 106-107.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.
Бориево имало позитивен популациски биланс по Втората светска војна и поради тоа преминало од средно во големо село. Во 1961 година селото броело 681 жител, а во 1994 година бројот се зголемил на 889 жители, македонско население.
Според пописот од 2002 година, селото Бориево броело 926 жители, од кои 925 Македонци и 1 останат.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 742 жители, од кои 654 Македонци, 1 останат и 87 лица без податоци.
Општествени установи
мини|300п|десно|Поглед на основното училиште во селото
ПУ „Борис Трајковски“ - подрачно основно училиште за ученици од прво до петто одделение во состав на ОУ „Борис Трајковски“ - Моноспитово Здравствена амбуланта Дом на културата Месна заедница
Самоуправа и политика
Во век, Бориево било село во Струмичката Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Босилово, која била една од ретките што останала непроменета по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Босилово.
Во периодот од 1962 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струмица. Селото припаѓало на некогашната општина Босилово во периодот од 1955 до 1962 година.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Турново, во која покрај селото Бориево, се наоѓале и селата Иловица, Радово, Секирник, Турново и Штука. Во периодот 1950-1952 постоела Општина Моноспитово во која влегувале селата Бањско, Бориево и Моноспитово.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1823 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на домот на културата.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 759 гласачи. На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 768 гласачи.
Културни и природни знаменитости
мини|300п|десно|Поглед на главната селска црква
Цркви Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ — главна селска црква.
Реки Водочница — река низ селото, притока на Струмица; и Бучо — мала река низ селото, притока на Струмица.
Редовни настани
Слави Мала Богородица — селска и црковна слава
Личности
Родени во или по потекло од Бориево Виолета Танчева-Златева (р. 1968) — македонска поетеса
Култура и спорт
Во селото постои спортско игралиште, на кое игра локалниот фудбалски клуб.
Галерија
Поврзано Општина Босилово Струмичко Поле
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Струмички села Категорија:Села во Општина Босилово