Слобода — споменик, дело на академскиот вајар Јордан Грабулоски, првично сместен на Вардарски Рид, источно од Гевгелија. Но, откако бил откриено археолошкото наоѓалиште, односно значајна праисториска и античка населба од XIII-I век п.н.е. на која ѝ претстоело преобразба во археолошки парк, споменикот ја изгубил својата функција. Граѓаните, претставувани од неколку здруженија на граѓани, Музеј – Гевгелија и локалната самоуправа, одлучиле споменикот да го пренесат на друга местоположба и да ја обноват традицијата поврзана со него. На 10 октомври 2005 година, споменикот бил поместен на Мрзенски Рид, во атарот на Мрзенци.

Наводи

Категорија:Споменици во Гевгелија Категорија:Дела на Јордан Грабулоски Гевгелија Категорија:Мрзенци