Сретсело — археолошко наоѓалиште во крушевското село Лисичани. Претставува некропола од железното време и е отркриен случајно при изградбата на поединечните станбени објекти, поставувањето на водоводот и други градежни работи, кога мештаните откриле повеќе гробови градени од камени плочи. Според нивното кажување, во гробовите биле најдени керамички садови, метални предмети: игла, торквес, прстен и др. Предметите биле однесени во Белград од извесен Живко Замаковиќ, тогашен учител во селото.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Задел — средновековна црква; Крастица — средновековна населба; Лисичани; Список на археолошки наоѓалишта во Крушевско;

Наводи

Категорија:Лисичани