Метрополитенската област Франкфурт Рајна-Мајна, често едноставно нарекувана Франкфурт Рајна-Мајна, област Франкфурт Рајна-Мајна или област Рајна-Мајна (германски: Frankfurt/Rhein-Main, скратено FRM) — втората по големина метрополитенска област во Германија, со вкупно население над 5,8 милиони. Метрополитенскиот регион се наоѓа во централниот западен дел на Германија и се протега во делови на три сојузни покраини: Хесен, Рајнска област-Пфалц и Баварија, како и градовите Франкфурт на Мајна, Висбаден, Офенбах, Мајнц, Дармштат и Ашафенбург.

Полицентричниот регион е именуван по неговиот средиштен град Франкфурт на Мајна и двете реки Рајна и Мајна. Областа Франкфурт Рајна-Мајна официјално е означена како европски метролитенски регион од германското сојузно министерство за транспорт, градежништво и урбанистички работи и зафаќа површина од околу 13.000 квадратни километри.

Поделби

Рајна-Мајна е полицентричен метрополитенски регион, но економската големина и политичката тежина на градот Франкфурт го поставува во многу моноцентричен однос со нејзиниот поширок појас. Од почетокот на 1970-тите, метрополитенската област Франкфурт на Мајна германски: Ballungsraum Frankfurt/Rhein-Main) — дефинирана како област, која ги опфаќа градовите Франкфурт и Офенбах и нивните непосредни соседни окрузи. Административниот округ Дармштат на покраината Хесен може да се гледа како на следна административна поделба, којшто лежи целосно во метрополитенскиот регион и понатаму ги вклучува градовите Дармштат и Висбаден и голем број на поголеми окрузи. На следното ниво, метрополитенскиот регион исто така ги вклучува градовите и окрузите на Мајнц и Ашафенбург во двете погранични сојузни покраини Рајнска област-Пфалц и Баварија.

Метрополитенска област/Метрополитенски регион

Хиерархија на планските тела Поголеми градови Површина Население Франкфурт на Мајна 248 км² 670.095 + Офенбах на Мајна 45 км² 118.245 Франкфурт на Мајна метрополитенска област 4.305 км² 2.517.561 ↓ + Висбаден 204 км² 275.489 + Дармштат 122 км² 142.191 Административен округ Дармштат 7.445 км² 3.778.689 ↓ + Мајнц 98 км² 196.784 + Ашафенбург 63 км² 68.646 метрополитенски регион Франкфурт/Рајна-Мајна 14.800 км² 5.800.000

Поголеми урбани зони

Евростат Urban Audit го дели регионот Франкфурт/Рајна-Мајна во четири поголеми урбани зони (ПУЗ). Овие четири урбани зони се исклучуваат од бројот на окрузи во метрополитенската област.

Поголеми урбани зони Поголеми градови Површина Население поголема урбана зона Франкфурт на Мајна 4.305 км² 2.517.561 Франкфурт на Мајна 248 км² 670.095 Офенбах на Мајна 45 км² 118.245 поголема урбана зона Висбаден 1.015 км² 459.633 Висбаден 204 км² 275.489 поголема урбана зона Дармштат 781 км² 430.993 Дармштат 122 км² 142.191 поголема урбана зона Мајнц 704 км² 386.173 Мајнц 98 км² 196.784 Франкфурт/Рајна-Мајна 6.805 км² 3.794.360

Градови и окрузи

Град или округ Површина Население Франкфурт на Мајна 200px|Франкфурт 248 км² 670.095 Офенбах на Мајна 200п|Пристаништето во Офенбах 45 км² 118.245 Офенбах (округ) 200px|Аеродром Франкфурт 356 км² 337.986 Мајна-Кинцих (округ) 200px|Изгрејсонце во округот Мајна-Кинцих 1.398 км² 407.022 Ветерау 200px|Лорберг 122 км² 142.191 Горен Таунус 200px|Бад Хомбург 482 км² 226.290 Мајна-Таунус 222 км² 226.467 Дармштат 200px|Дармштат 122 км² 142.191 Дармштат-Дибург (округ) 200px|Дармштат 659 км² 289.102 Грос-Герау (округ) 200px|Риселсхајм 453,05 км² 253.502 Висбаден 200px|Визбаден 204 км² 275.489 Рајнгау-Таунус 200px|Ридесхајм на Рајна 98 км² 196.784 Вкупно Хесен 7.445 км² 3.778.689 Град или округ Површина Население Мајнц 200px|Мајнц 98 км² 196.784 Мајнц-Бинген 200px|Бинген на Рајна 606 км² 201.451 Вормс 109 км² 81.784 Алцој-Вормс (округ) 588 км² 124.758 Вкупно Рајнска област-Пфалц 1.405 км² 604.777 Ашафебург 200px|Ашафенбург 63 км² 68.646 Ашафенбург (округ) 699 км² 173.946 Милтенберг (округ) 200px|Милтенберг 716 км² 130.009 Вкупно Баварија 1.478 км2 372.601 Франкфурт/Рајна-Мајна метрополитенски регион 14.800 км² 5.800.000

thumb|220п|Франкфурт е најважниот град во областа Рајна-Мајна thumb|220п|Рајнгау thumb|220px|Стариот град на Мајнц thumb|220п|Замок Јоханисбург во Ашафенбург thumb|220п|Германска куќа на Голдсмит (German: Deutsches Goldschmiedehaus) во Ханау (старата градска куќа) thumb|220п|Рајнски Хесен

Сообраќај

Растот на оваа област главно може да се бара во поволните комуникации, кои ги промовира раната индустријализација. Меѓутоа, денес, значењето на индустриското учество во голема мера се заменува со банкарство, трговија и логистика. Франкфурт лежи во населената Сина банана, која поминува покрај долината на Рајна и градот е отскочна штица од и до одредени делови на Швајцарија и јужна Германија. Рајна-Рур е достапна за еден час патување брзата железничка линија Келн-Франкфурт и воздушната линија Франкфурт-Берлин е најпрометната во германскиот домашен воздушен сообраќај.

Меѓународниот аеродром Франкфурт е најпрометниот аеродром за патнички сообраќај во Германија и еден од трите најпрометни аеродроми во Европа. Притоа, заедно со силните железнички врски, исто така, служи како главен транспортен центар.

Образование

Метрополитенскиот регион Франкфурт/Рајна-Мајан е дом на пет универзитети и повеќе од 20 делумно постдипломски колеџи, со вкупно над 200.000 студенти. Најголемиот универзитет е Универзитетот Франкфурт, а најстариот е Универзитетот Мајнц (Универзитет Мајнц-Јоханес Гутенберг), првично основан во 1477 година. Други универзитети се:

Технолошки универзитет Дармштат, Универзитет Франкфурт на Мајна-Јохан Волфганг Гете, Франкфуртска школа за финансии&менаџмент и Европска бизнис школа меѓународен универзитет Шлос Рајхартсхаузен.

Познати високи школи и универзитети за применети науки (Fachhochschulen) се:

Универзитет за применети науки Дармштат, Универзитет за применети науки Франкфурт, Универзитет за музика и изведувачки уметности Франкфурт и Штеделшуле.

Поврзано

Рајна-Лана - округ Глобален град

Наводи

Надворешни врски

Planungsverband Ballungsraum Frankfurt/Rhein-Main Планско здружение на регионот Регион Франкфурт Рајна-Мајна - Порта кон Европа Меѓународен аеродром Франкфурт Сообраќај во Рајна-Мајна Економска поддршка Франкфурт Frankfurt/Rhein-Main 2020 - европски метрополитенски регион Еден регион - бескрајни можности

Категорија:Франкфурт на Мајна Франкфурт Категорија:Географија на Хесен Категорија:Географија на Германија