Штука — село во Општина Босилово, во околината на градот Струмица.

Географија и местоположба

Штука се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во источниот дел на Струмичка Котлина и во источниот дел на Општина Босилово, на 15 километри од градот Струмица. Селото се наоѓа на планината Огражден.

Надморската височина во селото е 290 метри, додека селото зафаќа површина од 16,4 км2. Од нив, 251 хектари се обработливо земјиште, 1.334 хектари се шуми и 25 хектари се пасиштаПанов Митко, Енциклопедија на селата во Република Македонија, Патрија, Скопје, 1998. стр.315.

Историја Ран период thumb|десно|Црква „Св. Кирил и Методиј“ На просторот на денешна Штука имало живот уште во предримско време. Тоа го потврдува пронајдената гробна могила од хеленистичкиот период. Во наоѓалиштето Тумба, блиску до селото е откриена и населба од доцноантичко време и од средниот век, а во наоѓалиштето Црквиште се откриени тврдина од доцноантичко време и римохристијанска базилика (црква).

Зборот „Штука“ на местен дијалект значи „вдлабнатина“, „дол“ (во долина). Од самата локација на населбата во долина се претпоставува дека е изведено и името на селото Штука. Според народното предание некогаш овие простори биле исполнети со вода, имало блато. Ѓолската вода била богата со риби. Најмногу ја имало рибата штука, која селаните ја ловеле со кошеви, па дури и со рака, особено во летните месеци кога таа излегувала во плитките води. По изобилството на рибата штука, според легендата населбата што се наоѓала крај блатестото езеро ја нарекле ШтукаКОЛЕТКТИВНАТА МЕМОРИЈА ЗАЧУВАНА ВО ТИПИЧНИТЕ ОБИЧАИ И ТРАДИЦИИ НА ОПШТИНА БОСИЛОВО.

Од една повелба од 1328 година, со која се потврдува Хрељовото подарување на земји од Струмичко на Хилендарскиот манастир, се гледа дека до ова време како ситни феудалци (пронијари) во селото Штука биле „пронијарите грчки Тутко, Осан, Ласкар и Сидерофан“, кои со припаѓањето на овие села на Хилендар, биле истерани од нивМанол Пандевски - Ѓорѓи Стоев - Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969,..

Отоманско Царство

Во XIX век Штука било село со мешано население. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Штука било село со 20 семејства, сите МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 188-189.. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 105 жители ТурциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900..

Југославија

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија. По крајот на војната, муслиманското население започнало да ги напушта своите домови, додека на нивно место биле населени македонски бегалци од Егејска Македонија. По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион. По крајот на Втората светска војна, Штука била вклучено во НР Македонија, во составот на СФРЈ.

Македонија

По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Босилово.

Население

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.

Пописот од 1961 година бележи дека 40 луѓе биле родени во друга држава (Грција).

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 781 жител, сите Македонци.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 590 жители, од кои 561 Македонец и 29 лица без податоци.

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1826 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 729 гласачи.

На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 722 гласачи.

Културни и природни знаменитости Тумба, археолошко наоѓалиште од доцноантичко и средновековно време. Црквиште, археолошко наоѓалиште од доцноантичко и старохристијанско време. Црква „Св. Кирил и Методиј“ КУД Кавалџии Карневал Штука

Личности Димитар Станишев (1924 - 2000), член на Политбирото на ЦК на Бугарската комунистичка партиja.

Наводи

Надворешни врски Општина Босилово

Категорија:Села во Општина Босилово Категорија:Струмички села Категорија:Села во Македонија