Сузана Гавазова (, ) — македонска популарна турбофолк-пејачка. Има издадено повеќе од пет албуми и има снимено повеќе спотови.
Кариера Гавазова е родена на 21 декември 1979 година. Потекнува од струмичкото село Сушица. Таа почетоците ги имала со групата Пицикато и првиот професионален настап бил на најстариот фолк фестивал во земјава „Фолк Фест Валандово“, во 1998 година со песната „Ако ако, Нека нека“, со која не освојуваат награда. Соработката со истата група продолжила неколку години, каде учествувале скоро на сите фестивали во земјата со песни на најпознатите автори на фолк музиката и истовремено освојувала голем број награди. Во соработка со групата Пицикато имаат издадено два албума за издавачката куќа Сенатор – Битола. Во 2004 година на Валандовската сцена го прави својот прв соло-настап со композицијата „Немирка“ на авторот Димитров, по што следат низа настапи на сите фестивали во Македонија и пошироко, голем број награди и гостувања, како во Европските држави така и неколку гостувања во прекуокеанските земји Австралија и Америка. Како солист има издадено три албуми за издавачката куќа Мистер Компани. Првиот соло албум е насловен „Удри Дајре“, после него следува албумот „Пеј животе“, третиот со македонски староградски песни, и четвртиот албум "Бум Бум". Во 2017 година на Фолк Фест Роса излегува со песната "Опасна за око", која во 2018 снима спот за истата, во спотот главниот машки модел е: Стефан Лазаров. Во 2020 година ја промовира нејзината нова песна "Бум Бум" која за брзо време станува гомем хит. Во 2021 година следуваат нејзините нови песни "Прстен несуден", и "Аманет" која ја пее заедно со Јовица Наумчевски. Таа настапува со различни бендови со: "Балкан Бенд", "Група Академци", Ристе Гавровски и "Легато Бенд", Група Дрим Тим, Група Молика и други.
Спотови Спот Година Режисер Краток лет 2008 — Да се покаеш 2009 — Лудо лето 2010 — Докторе 2010 — Мисица 2010 — Зависна од тебе 2011 — Кај што љубовта те води 2011 — 100 пати се караме 2011 — Вечно мој 2012 Томе Табанов Опасен 2012 — Пијана и заљубена 2012 — Сузе Сузана 2013 Box production Умирам по тебе 2013 — Македонка 2013 Box production Празник е на љубовта 2015 — Нишан 2016 Горан Костадинов Само ти 2017 Николај Скерлев Опасна за око 2018 ArtStudio Камикази 2018 Дарио Јанковиќ Хало 2018 Харис Дубица Намазана 2019 NN media Sećanje na tvoj greh 2019 Николај Скерлев Џунгла 2019 Николај Скерлев Бум,бум 2020 Ин продукција Апсолутно мој 2020 Ин продукција Прстен несуден 2021 Даниел Јовески,Ин продукција Аманет 2021 Даниел Јовески,Ин продукција Далавера 2024 Ин продукција Тик Ток 2024 Стојан Стојановски Невеста 2024 Ин продукција Лудо младо 2024 Ѓорге Богдановски Света земја 2024 Ѓорге Богдановски Хабиби обичам те 2025 CukiTon Љубовта да расцути 2025 Mashup 2026 Mama queen 2026 Сафраш Мухамед
Тв верзии
Верзија Година Режисер Тактика 2019 Дарио Јанковиќ
Фолклорни спотови Спот Година Режисер Песна македонска 2006 — Ти пеј песно 2006 — Пеј животе пеј 2006 — Збогум мајко 2009 Сара продукција Могилска свадба 2009 Сара продукција Мајка на Марика думаше 2009 Сара продукција Таму долу Битола 2011 box production Свадба весела 2011 box production Не ми го лажи Ѓорги Марето 2014 box production Праша ли Тинке мајка ти 2014 box production Там дека има високи чардаци 2014 box production Вино пијам ем ракија 2014 box production Невесто 2014 box production До три ми пушки пукнале 2014 box production Убавото Стојне 2014 box production Тино Мори 2014 box production Церешна се од корен корнеше 2014 box production
Наводи
Надворешни врски Видео галерија на YouTube Дискографија на Сузана Гавазова евидентирана од ВБУ Музички Регистар
Категорија:Пејачи од Струмица Категорија:Сушица (Струмичко) Категорија:Македонски поп-фолк пејачи