Давид Ферер Ерн (; роден на 2 април 1982 во Хавеја, Аликанте) — шпански професионален тенисер кој живее во Валенсија, Шпанија, и кое е на 5-то место на АТП листата, како втор најдобро рангиран шпански тенисер зад 4-от Рафаел Надал. Тој почнал професионално да игра тенис во 2000 година.
Ферер е познат како специјалист на тврдите подлоги, и стигнал до полуфиналето на Отвореното првенство на САД 2007, Отвореното првенство на Австралија 2011 и Отвореното првенство на САД 2012. Тој исто така е успешен и на Земјините подлоги, играјќи во полуфиналето на Ролан Гарос 2012. Тој бил дел од шпанскиот Дејвис Куп тим кој победил во 2008, 2009 и 2011. Тој исто така бил финалист на Мастерс Купот во 2007. Во ноември 2012, Ферер го освоил својот прв мастерс од серијата 1000, триумфирајќи на Мастерсот во Париз.
Кариера 2002 Тој играл постојано на АТП (10–6) и на Челинџер (35–13) турнирите, освојувајќи ја својата прва АТП титула во Букурешт (победувајќи го Акасусо). Тој стигнал до своето прво АТП финале во Умаг (победувајќи ги Давид Налбандијан и Гуљелмо Кориа, губејќи во финалето од Карлос Моја). Тој освоил Челинџер титули во Неапол, Валенсија, и Сасуоло. Сите 10 АТП победи и 34 од 35-те победи на Челинџерите биле на Земјина подлога.
2003 Врв на 2003 година за Ферер била победата над Андре Агаси на Мастерсот во Рим. Тој го остварил својот прв настап на Гренд Слем турнирите, како и на шест турнири од АТП Мастерс Серијата. На Мастерсот во Рим, тој го победил бранителот на титулата, Агаси во првото коло, и загубил од Иван Љубичиќ во второто коло. Ферер стигнал до второто коло на Ролан Гарос и на Вимблдон. Тој успеал да се пласира во своето трето финале во кариерата во Сопот и загубил од Гуљелмо Кориа. Тој отстварил резултат од 13 победи и 16 порази на Земјина подлога, 6 победи и 10 порази на тврда подлога, 1–1 на трева, и ја завршил годината на 71-то место на АТП листата.
2004 Ферер стигнал до четвртфиналето во Буенос Аирес, Валенсија, и на Мастерсот во Хамбург (победувајќи го бр. 6 Давид Налбандијан, но загубил од Гуљелмо Кориа). Тој напредувал до полуфиналето во Штутгарт каде што загубил од Гастон Гаудио. Подоцна во годината, тој стигнал до четвртфиналето во Букурешт и до полуфиналето во Палермо (загубил од Томаш Бердих) и Лион (го победил Хуан Карлос Фереро, но загубил од Ксавиер Малис). Ферер ја завршил годината на 49-то место на АТП листата.
2005 Ферер стигнал до полуфиналето на Мастерсот во Мајами каде што ги победил Давид Налбандијан, Хуан Карлос Фереро, и Доминик Хрбати, но загубил од Рафаел Надал. Во неговиот роден крај, тој загубил од Хрбати. Тој ја затворил годината со четвртфинале на Мастерсот во Мадрид, каде што загубил од Роби Џинепри, и на Мастерсот во Париз, каде што загубил од Енди Родик. На турнирите од Мастерс серијата тој отстварил 20 победи и 9 порази и само еднаш бил поразен во првото коло. Во двојки, Ферер ги освоил своите први две АТП титули во Виња дел Мар и Акапулко (заедно со Вентура) и заработил вкупно 951,772 американски долари. Тој ја завршил годината на 14-то место на АТП листата.
2006 Ферер ја започнал годината со четвртфиналниот настап во Оукленд, каде што загубил од Оливие Рохус. Тој влегол за првпат во првите 10 на АТП листата, благодарение на неговиот најдобар пласман на Отвореното првенство на Австралија, каде што стигнал до четвртото коло победувајќи го Марио Анчич, но загубил од Фабрис Санторо. Во текот на годината тој бил 5 недели дел од првите 10 на АТП листата. Во март, втора година по ред тој стигнал до полуфиналето на Мастерсот во Мајами, каде што го победил 4-от Енди Родик, но загубил од Рожер Федерер. Во неговиот втор турнир на Земјина подлога во годината, на Мастерсот во Монте Карло, тој бил поразен од Федерер. Тој исто така стигнал до четвртфиналето во Хамбург, каде што загубил од шампионот Томи Робредо. Во Диселдорф, тој постигнал победи над двајца топ-10 тенисери, 4-от тенисер во светот, Иван Љубичиќ и 9-от тенисер во светот, Фернандо Гонсалес.
Тој стигнал до третото коло на Ролан Гарос, како и до четвртото коло на Вимблдон, каде што го поразил Гонсалес во третото коло, но подоцна загубил од Лејтон Хјуит. Во јули, тој ја освоил својата втора АТП титула во кариерата во финале против Акасусо кое траело пет часови во Штутгарт. Во август, тој стигнал до четвртфиналето во Синсинати, Охајо, каде што го победил 10-от на АТП листата, Маркос Багдатис, но потоа загубил од Гонсалес. На Отвореното првенство на САД, втора година по ред тој стигнал до третото коло каде што загубил од Михаил Јужни). Ферер ја завршил годината со четвртфиналето во Базел, каде што загубил од Федерер. Во годината, тој отсварил три победи и пет порази против топ-10 тенисерите и отстварил резултат од 18–8 на Земјина подлога и 17–13 на тврда подлога. Тој ја завршил годината на 14-то место на АТП листата и бил дел од најдобрите 15 втора година по ред.
2007 thumb|left|240п|Давид Ферер сервира за време на Мастерс Купот 2007 Ферер ја започнал годината со победата на турнирот во Оукленд, победувајќи го Томи Робредо во финалето. На Отвореното првенство на Австралија, тој отсварил победи над Кристијан Плес, Томас Јохансон, и Радек Штепанек и загубил во четвртото коло од Марди Фиш во пет сета. Еден месец подоцна, тој стигнал до четвртфиналето во Ротердам. Тој стигнувал до четвртфиналето на Индиан Велс и во Монте Карло, до четвртото коло во Мајами, до полуфиналето во Барселона, и до четвртфиналето во Хамбург.
На Ролан Гарос, тој бил запрен од Фернандо Вердаско во третото коло. На Вимблдон, тој бил елиминиран од французинот Пол-Анри Матје во второто коло.
Во јули, тој ја освоил втората титула во годината и четврта вкупно во кариерата, победувајќи го Николас Алмагро во финалето на Отвореното првенство на Шведска. Тој потоа стигнал до четвртфиналето на Мастерсот во Синсинати, победувајќи го Енди Родик во третото коло.
На Отвореното првенство на САД, тој бил петнаесетти носител и го победил 24-от носител Давид Налбандијан во третото коло, а потоа приредил изненадување победувајќи го Рафаел Надал во четвртото коло со 6–7, 6–4, 7–6, 6–2. Тој го победил 20-от носител Хуан Игнасио Чела во четвртфиналето и за првпат стигнал до едно Гренд Слем полуфинале, каде што бил поразен од третиот носител Новак Ѓоковиќ. Неговиот настап на УС Опен му го донело осмото место на АТП листата. Потоа, Ферер ја освоил својата трета титула во годината во Токио, победувајќи го Ришар Гаске во финалето. На Париз Мастерсот, тој стигнал до четвртфиналето, каде што загубил од Давид Налбандијан со 6–7, 7–6, 2–6 во сетови.
Ферер се квалификувал како шести носител за последниот турнир во годината кој го играат најдобрите осум тенисери на АТП листата, Тенискиот Мастерс Куп. Во својот прв натпревар, Ферер го изненадил третиот носител, Новак Ѓоковиќ, победувајќи го со 6–4, 6–4, а потоа го победил и вториот носител, Рафаел Надал со 4–6, 6–4, 6–3. Тој си обезбедил место во елиминационата фаза од турнирот победувајќи го Ришар Гаске со 6–1, 6–1. Потоа, во полуфиналето тој отстварил победа над петтиот носител Енди Родик со 6–1, 6–3. Во финалниот натпревар, Ферер загубил од првиот носител Рожер Федерер со 6–2, 6–3, 6–2. Тој ја завршил годината како 5-ти на АТП листата, што претставувало за него најдобар резултат во кариерата.
2008 Ферер ја започнал 2008 година со пораз во четвртфиналето од Жулијен Бенето во Оукленд, каде што Ферер бил прв носител. Тој успеал да се пласира во четвртото коло на Отвореното првенство на Австралија како петти носител со ниту еден изгубен сет во првите три кола. Тој потоа го елиминирал 22-от носител Хуан Карлос Фереро во четири сета, пред да загуби од третиот носител а подоцна и шампион Новак Ѓоковиќ 0–6, 3–6, 5–7 во четвртфиналето. На 25 февруари, Ферер станал 4-ти светски тенисер, и покрај поразот во второто коло во Ротердам.
На 20 април, тој ја освоил својата прва АТП титула во годината, и шеста во кариерата, победувајќи го Николас Алмагро со 4–6, 6–2, 7–6, во финалето на турнирот Валенсија Опен. Тој спасил четири меч топки против Фернандо Вердаско во четвртфиналето, а потоа во финалето, го освоил решавачкиот трети сет и покрај тоа што губел со 5–2 заостанувајќи два брејк сета зад Алмагро.
На Мастерсот во Монте Карло, Ферер загубил во четвртфиналето од подоцна шампионот Рафаел Надал со 6–1, 7–5, и покрај тоа што имал пет сет топки во вториот сет. Следната недела, на турнирот во Барселона, Ферер стигнал до финалето, откако ги поразил Николас Лапенти, шестиот носител Томи Робредо, и четиринаесеттиот носител Станислас Вавринка. Тој повторно загубил од Надал во финалето.
Ферер стигнал до четвртфиналето на Ролан Гарос, изедначувајќи го својот најдобар пласман од 2005 година. Во првите две кола, тој ги победил Стив Дарсис со 6–3, 6–4, 6–3, и Фабрис Санторо со 6–0, 6–1, 6–0. Потоа тој забележал две победи во пет сета над Лејтон Хјуит и Радек Штепанек во третото и четвртото коло. Потоа загубил од домашниот фаворит Гаел Монфилссо 3–6, 6–3, 3–6, 1–6.
Ферер потоа ја започнал сезоната на трева со уште една титула, овојпат во Хертогенбос во Холандија. Тој ги победил Марио Анчиќ и аргентинецот Хуан Мартин дел Потро на патот кон финалето, каде што победил со 6–4, 6–2 над фанцузинот Марк Жикељ. Оваа титула за него била седма во кариерата и прва на тревна подлога. Со оваа победа, тој станал втор шпански тенисер (по Надал) со победа на турнир на трева по 36 годишна пауза.
На Вимблдон, Ферер бил петти носител. Во првото коло, тој го победил Сергеј Стаховски, кој го предал натпреварот при негатива од 2 сета и 3–1 во третиот сет. Во второто коло, ферер го поразил русинот Игор Андреев со 3–6, 6–3, 6–4, 6–2. Потоа во третото коло тој бил елиминиран од Анчиќ со 4–6, 4–6, 7–6, 6–7 во сетови.
Настапувајќи за Шпанија на Летните олимписки игри 2008, Ферер бил елиминиран од Јанко Типсаревиќ во првото коло.
На УС Опен, Ферер стигнал до третото коло како четврти носител, каде што загубил од Кеј Нишикори, кој бил рангиран на 126-то место и го приредил едно од најголемите изненадувања на турнирот. Ферер спасил пет меч топки пред да го загуби натпреварот.
Иако Ферер бил прв носител на Отвореното првенство на Кина во Пекинг, Ферер бил поразен од израелецот Дуди Села во второто коло со 3–6, 3–6.
2009 Во 2009, Ферер бил финалист во Дубаи и Барселона, загубувајќи од Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал редоследно. Поради повреда, тој го откажал учеството во Дејвис Купот и бил заменет од Хуан Карлос Фереро. Тој загубил во третото коло на Отвореното првенство на Австралија и на Ролан Гарос, како и на Вимблдон, и во второто коло на Отвореното првенство на САД.
thumb|250px|Ферер сервира на Ролан Гарос 2009.
2010 Ферер ја започнал 2010 година со поразот во второто коло на Отвореното првенство на Австралија од Маркос Багдатис, откако ги освоил првите два сета, во натпревар кој траел повеќе од четири часа. Следниот турнир на кој Ферер играл бил турнирот во Јоханесбург. Во првото коло, тој го поразил Карол Бек. Во второто коло тој бил поуспешен од Филип Прпич, а потоа во четвртфиналето го победил индискиот тенисер Сомдев Деварман. Сепак, во полуфиналето Ферер загубил од Стефан Роберт. Потоа тој се појавил на турнирот во Буенос Аирес, каде што бил прв носител. На патот до финалето тој ги победил Симон Гројл со 6–2, 7–6 во првото коло и Федерико Гил во второто коло со 6–3, 6–0. Ферер потоа во четвртфиналето го победил Игор Андреев со 7–5, 6–2, а потоа во полуфиналето бил поуспешен од Алберт Монтањес со 6–1, 6–1. Сепак, во финалето тој загубил од Хуан Карлос Фереро со 7–5, 4–6, 3–6.