Хуан Игнасио Чела (; роден на 30 август 1979 г.) е поранешен аргентински професионален тенисер. Како и повеќето аргентински тенисери, тој најдобри резултати остварувал на Земјина подлога на која ги освоил сите шест АТП титули во кариерата. Негово највисоко место на АТП листата било 15. место кое го постигнал во август 2004 година.

На Гренд слем турнирите, Чела трипати својот настап го завршувал во четвртфиналната фаза, двапати на Отвореното првенство на Франција (2004 и 2011) и еднаш на Отвореното првенство на САД во 2011 година. Во двојки, тој бил полуфиналист на Вимблдон 2010.

Надворешни врски

Категорија:Родени во 1979 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Аргентински тенисери