лево|мини|Македонската дијаспора во Австралија, протестирала против грчката политика на негирање на Македонците, со знамето од Кутлеш уште во 1988 година, неколку години пред независноста на Македонија. Фото: Darryl Gregory за „The Canberra Times“ Знамето на грчка Македонија () — знаме кое Грците во Егејска Македонија го користат како неофицијално знаме на три периферии: Западна Македонија, Централна Македонија и Источна Македонија и Тракија. Знамето е со сина позадина на која има приказ на златна Ѕвезда од Кутлеш и е слично со поранешното знаме на Македонија. Ова знаме го користат и организации на Грци од Егејска Македонија во дијаспората, како што се тие во Соединети Американски Држави и Австралија.

Не е јасно кога точно знамето почнало да се употребува, но најверојатно е во доцните 1980-ти. Знамето со 16 зрачно сонце за првпат е употребено 1986 година од Македонската дијаспора во Австралија. Во наредните години се користи од Македонците во Австралија, Канада и САД.  Во Македонија првпат јавно се вее на блокадите на грчката граница организирани од Светскиот Македонски Конгрес, пролетта 1990.  Првичниот предлог ова знаме да биде државно е даден на 1.6.1992, од назависниот пратеник Тодор Петров и претседател на Светскиот Македонски Конгрес. На првото продолжение на 41 седница оддржано на 11.8.1992 година, е избрано знамето со сонце со 16 зраци кое подоцна ќе се нарече сонцето од Кутлеш.

Откако симболот беше употребуван од макеоднската дијаспора и стана официјален државен симбол на Република Македонија, во февруари 1993 грчкиот Парламент го изгласал знамето со Ѕвездата од Кутлеш за неофицијален национален симбол.Danforth, L. M. The Macedonian Conflict: Ethnic Nationalism in a Transnational World, p. 166 Во јули 1995, Грција поднела барање за заштита на правото на сопственост на заштитниот знак Ѕвездата од Кутлеш како официјален државен симбол според Член 6 од Париската конвенција за заштита на индустриска сопственостArticle 6ter , Paris Convention for the Protection of Industrial Property. со Светската организација за интелектуална споственост."Greece petitions for int'l rights to Vergina Star", ANA, 31 July 1995. Сличноста со првото знаме на Македонија, која го искористила истиот дизајн на Ѕвездата од Кутлеш на црвена основа со пропорции 1:2, предизвикала контроверзии во Грција.

Галерија

Поврзано Знаме на Грција Славна Македонија Ѕвездата од Кутлеш Знаме на Македонија

Наводи

Надворешни врски

Грчка Македонија на Знамиња во светот.

Категорија:Национални симболи на Грција