Будимир Стојковски - Љубе (, ) — македонски сликар.

Животопис

Стојковски е роден 1931 година во Куманово. Со сликарство се занимава од 1949 година. Првите изложбени активности ги остварил со група кумановски активисти уште пред формирањето на ДЛУК, а подоцна, со формирањето на оваа локална асоцијација на ликовните уметници станува и нивен член. Учествувал на повеќе групни изложби („Самоуки", Ликовни ревии и др.) ликовни колонии и ликовни проекти. Во 1967 година има освоено 1 награда на Традиционална аматерска ликовна ревија - Скопје, и 3. награда на ДЛУК - Куманово. Специјална награда на „Самоуки“ - КПЗ Куманово ја има освоено две години по ред, во 1992 и 1993 година.

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски сликари Категорија:Луѓе од Куманово